логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Во СРЕДА ОД ПРВАТА СЕДМИЦА НА ВЕЛИКИОТ ПОСТ



ПОВЕЧЕРИЕ

Почетокот е како и во минатите денови, и го пееме Големиот канон на преподобниот отец наш Андреј Критски, Ерусалимски. По секој тропар правиме три метании, и стихот Помилуј ме, Боже, помилуј ме: Глас 6. Ирмосите ги пееме по двапати:

Песна 1
Ирмос: Помошник и покровител ми стана во спасението. Он е мојот Бог и ќе Го прославам - Бог на мојот татко, и Него ќе Го возвисам, оти славно се прослави.
Од младоста, Христе, заповедите Твои ги прекршив, сиот мој живот во страсти, небрежно и во мрзливост го минав. Затоа Ти повикувам, Спасителу: Барем на крајот, спаси ме.
Исфрлен пред Твоите врати, Спасителу, барем на старост не фрлај ме во адот, но пред крајот, како Човекољубец, дај ми прошка на гревовите.
Откако во блуд го потрошив богатството мое, Спасителу, лишен од плодовите на благочестието, и гладен, викам: Оче на добрините, побрзај и помилуј ме.
Паднат сум меѓу разбојници, и сега целиот сум претепан од помислите мои и лежам во рани. Но самиот Ти, Христе Спасителу, дојди и исцели ме.
Еден свештеник ме виде и ме одмина; еден левит ја виде мојата болка и ја презре мојата голотија. Но Ти, Исусе, излекувај ги раните мои и помилуј ме.
Преподобна мајко Марие, моли Го Бога за нас.
На преподобната: Ти дај ми ја светлозарната благодат на божествената промисла, за да го избегнам мракот на страстите и од срце да ги пеам, Марие, красните дела од твоето житие.
Слава:троичен: Надсуштествена Троице, почитувана во Единица, тешкото бреме гревовно земи го од мене и, како Милосрдна, дај ми солзи на покајание.
Богородичен: Богородице, на оние што ти пеат, надеж и застапнице! Тешкото бреме гревовно земи го од мене и, како чиста Владичица, мене кој се каам, прими ме.


 

Песна 2
Ирмос: Чуј ме, небо, и ќе прозборам и Христа ќе Го воспеам, Кој во тело дојде од Дева.
Како Давид, блудно паднав и се осквернив. Но и мене, Спасителу, со солзи измиј ме.
Немам ни солзи ни покајание, ниту смирение. Но самиот Ти, Спасителу, како Бог, нив дарувај ми ги.
Ја загубив првосоздадената моја доброта и благолепие, а сега гол лежам и се срамам.
Твојата врата не затворај ми ја тогаш, Господи, Господи, но отвори ми ја мене, кој се каам пред Тебе.
Чуј ги воздишките на душата моја, и капките од моите очи прими ги, Спасителу, и спаси ме.
Човекољупче, Кој сакаш да се спасат сите, Ти повикај ме и, како добар, мене кој се каам, прими ме.
Богородичен: Пречиста Богородице Дево, единствена сепеана, моли се прилежно да се спасиме.
Ирмос: Погледнете и видете дека Јас сум Бог, Кој некогаш во пустината на моите луѓе мана им пуштив и вода од каменот им источив, со единствената десница и со силата Моја.
Слушај Го, душо моја, Господа, Кој вика: Погледнете и видете дека Јас сум Бог, и оддалечи се од поранешниот грев и плаши се од Него како од непоткуплив Бог и Судија.
Кому си се уподобила, многугрешна душо? Само на првиот (убиец) Каин и на оној Ламех! Ти, која го каменуваше своето тело со лоши дела и го уби својот ум со желби безумни.
Душо моја, ти ги надмина сите оние пред законот: на Сита не си се уподобила, ни Еноса не си го подражавала, ниту како Енох си се променила, ниту како Ноја, туку самата од праведниот живот си се лишила.
Ти самата си ги отворила окната на гневот на Твојот Бог, душо моја, и си го потопила целото тело, како земјата (од потопот), и делата и животот, и надвор од спасоносниот ковчег си останала.
На преподобната: Со сета ревност и љубов си Му пришла на Христа, откако од поранешниот пат на гревот се одврати, во пустини непроодни хранејќи се, и Неговите божествени заповеди во чистота извршувајќи ги.
Слава: троичен: Беспочетна, несоздадена Троице, неразделна Единице, мене кој се каам прими ме и кој згрешив спаси ме, Твое сум создание, не презирај ме, но од огнената осуда поштеди ме и избави ме.
Богородичен: Пречиста Владичице, Богородице, надеж на оние што ти приоѓаат и пристаниште на оние што се во бура, Твојот милостив Син и Создател умило-стиви Го и за мене, со твоите молитви.

Песна 3
Ирмос: Господи, утврди го моето расколебано срце врз каменот од Твоите заповеди, зашто си единствен свет и Господ.
Благословот Симов не си го наследила, душо бедна, ниту пространиот имот што Јафет го доби во земјата на проштавањето.
Излези од земјата Харан, остави го гревот, душо моја, и оди во земјата од која тече вечноживо нетление, што Авраам го наследи.
Си слушнала за Авраам, душо моја, кој во она време ја остави земјата на татковците и стана туѓинец; неговата добра волја подражавај ја.
Отакако патријархот Авраам ги угости ангелите кај дабот Мамвриски, на старост од Бога ветеното го наследи.
Бедна душо моја, откако ќе ја разбереш новата жртва на Исаак, тајно принесена на Господа, неговата одлука подражавај ја.
Си слушнала, душо моја, за Исмаил кој беше истеран како дете на слугинка; затоа биди будна и пази и ти да не пострадаш како него, предавајќи им се на страстите.
Преподобна мајко Марие, моли Го Бога за нас.
Обземен сум од бура и од гревовни бранови, но ти самата, мајко, сега спаси ме и кон пристаништето на божественото покајание одведи ме.
На Марија: Твојата понизна молитва, Преподобна, принеси ја сега кон милостивата Богородица, по твоите молитви, да ми ги отвори вратите божествени.
Слава: троичен: Троице проста, несоздадена, беспочетно естетство, пеана во три Ипостаси, спаси не нас, кои на Твојата моќ и се поклонуваме.
Богородичен: Безвремениот Син на Отецот, во времето без маж си Го родила, Богородице: необично чудо! Доејќи остануваш Дева.

Песна 4

Ирмос: Пророкот го слушна доаѓањето Твое, Господи, и се исплаши, дека сакаш од Дева да се родиш и на луѓето да им се покажеш, и говореше: го слушнав гласот Твој и се исплашив: слава и на силата Твоја, Господи.
Телото се оскверни, духот се извалка, сиот во рани се сторив, но како лекар, Христе, обете со покајание исцели ги: измиј ги, очисти ги, почисти од снегот, Спасителу мој, покажи ги.
Телото Твое и крв, распнуван за сите, си ги положил: телото - за да ме очистиш; крвта - за да ме измиеш; а духот си го предал, Христе, за да ме приведеш при Твојот Родител.
Спасението си го извршил среде земјата, Штедре, за да се спасиме. На крстот си се распнал доброволно, затворениот рај се отвори, горната и долната твар, сите народи Ти се поклонуваат Тебе, спасени.
Крвта од Твоите ребра да ми биде и купел и напиток, кој ја точи водата на проштавањето, та двојно да се очистам - помазувајќи се и пиејќи, зашто Твоите животочни зборови, Слове, се и помазание и напивка.
Црквата го наследи Путирот - ребрата твои живоносни, Спасителу наш, од кои ни течат две реки: проштавање и богопознание, како символ на двата завета, Стариот и Новиот.
Лишен сум од брачната одаја, лишен и од свадбата, како и од вечерата. Светилката изгасна, оти снема елеј. Додека спиев, брачната одаја се заклучи, вечерата се изеде. А јас, со врзани раце и нозе, надвор сум исфрлен.
Слава: троичен: Неразделно по суштина, неслеано по лица, Те богословам, троично Божество и единствено, како едноцарствено и сопрестолно, Ти пеам песна голема, во висините тројно славена.
Богородичен: И раѓаш и девствуваш, и во двете по природа Дева остануваш. Родениот од тебе законите на природата ги обновува, зашто раѓа утроба која не раѓала. Каде што сака Бог, се победува природниот поредок, зашто прави се што сака.

Песна 5
Ирмос: Мене, кој од ноќта поранувам, просвети ме Човекољупче, и се молам: Упати ме на заповедите Твои и научи ме, Спасителу, да ја творам волјата Твоја.
Бев со тешка нарав како лутиот фараон, Владико, сличен на Јани и Јамври, со душа и тело, и со ум потопен, но Ти помогни ми.
Со кал умот го извалкав, бедниот јас. Измиј ме, Владико, Те молам, со бањата на моите солзи, и облеката на моето тело како снег избели ја.
Ако делата свои ги испитам, Спасителу, се гледам дека со гревови секој човек сум надминал, зашто згрешив како оној што со разумот мудрува, а не од незнаење.
Поштеди го, поштеди го, Господи, Твоето создание. Згрешив, прости ми, зашто само Ти единствен си чист по природа, и никој друг, освен Тебе, не е без нечистотија.
Иако Бог, заради мене стана човек, си покажал чудеса, кога лекуваше лепрозни, и раслабениот го крена, жената крвоточива ја излекува, Спасителу, кога Ти ја допре облеката.
На преподобната: Откако ја премина реката Јордан, си нашла безболен спокој, кога ги избегна телесните наслади; од нив измиј не и нас, Преподобна, со твоите молитви.
Слава: троичен: Тебе, Троице, Те славиме, единствениот Бог: Свет, Свет, Свет си Оче, Сине и Духу: просто суштество, Единице секогаш славена.
Исега: богородичен: Од тебе - нетлена, безмажна Мајко Дево, Бог Кој ги создаде вековите, го прими нашето тело и со Себе ја соедини човечката природа.

Песна 6
Ирмос: Повикав од се срце кон Штедриот Бог, и ме слушна од најдолниот ад и го изведе од гибел животот мој.
Стани и победи ги телесните страсти, како Исус (Навин) - Амалика и Гаваонците, победувајќи ги секогаш лажните помисли.
Бог заповеда, душо, да ја поминеш минливата природа на времето и да станеш наследник на ветената земја.
Како што го спаси Петра, кој повика: Спаси ме; побрзај, Спасителу, и од ѕверот избави ме! Подај ја раката Твоја и од бездната гревовна изведи ме.
Знам дека си мирно пристаниште, Владико Христе, затоа побрзај и од непроодната длабочина на гревот и очајание избави ме.
Слава: троичен: Троица сум проста, нераздела, а по лица разделна; и Единица сум, по природа соединета, вели Отецот и Синот и Светиот Дух.
Богородичен: Утробата твоја Бога ни Го роди, според наш образ: Него, како Создател на сите, моли Го, Богородице, по твоите молитви да се оправдаме.
Кондак: Душо моја, душо моја, стани, зошто спиеш, крајот се приближува, ќе се збуниш. Затоа разбуди се, за да те поштеди Христос Бог, Кој е насекаде и се исполнува.

Песна 7
Ирмос: Згрешивме, против законите живеевме, неправедни бевме пред Тебе. Ниту запазивме, ниту извршивме како што си ни заповедал. Но не отфрлај не до крај, Боже на татковците.
Доброволно си ги намножила, душо, гревовите Манасиеви, принесувајќи ја на жртвеник одвратноста на твоите страсти и гневот врз себе умножувајќи го. Но следи го и примерот на неговото искрено покајание и стекни смирение.
Тешко мене, душо моја, нечистотијата на Ахава си ја подражавала, и си била живеалиште на телесна нечистотија, и срамен сад на страсти. Но од длабочината твоја воздивни и кажи Му ги на Бога твоите гревови.
Небото се затвори за тебе, душо, и глад за Бога те снајде, кога не ги послуша зборовите на Илија Тесвиќанец, како Ахав во она време, но следи го примерот на вдовицата од Сарепта и душата пророчка нахрани ја.
Илија двапати направи да изгорат педестмината (пратеници Охозиеви), кога ги погуби срамните пророци Језавелини, за да го изобличи Ахава. Но ти, душо, бегај од нивно подражавање, и крепи се.
Славагтроичен: Троице проста, неразделна, едносушна и естетство едно: Светлини и Светлина; и Тројца Свети, и Едно Свето - се пее Бог Троица. Но, душо, запеј и прослави Го Животот и Животите, и Бога на сите.
Богородичен: Ти пееме, те благословуваме, ти се поклонуваме, Богородице, зашто си Го родила единствениот Христос Бог, Кој е неразделен од Троица, и самата си ни ги отворила небесата, нам кои сме на земјата.

Песна 8
Ирмос: Оној што небеските војски Го слават, и од кого треперат херувимите и серафимите, се што дише и секоја твар, пејте Му, благословувајте Го и превозносете Го во сите векови.
Судијо праведен и Спасителу, помилуј ме, и избави ме од огнот и заканата, што на Судот праведно ќе ги претрпам. Прости ми пред крајот, со добродетелта и со покајанието.
Како разбојникот Ти викам: Спомни си за мене; како Петар - горко плачам; како митарот викам: Спасителу, помилуј ме; како блудницата - солзи ронам. Прими го моето редење, како некогаш на Хананејката.
Гноењето на мојата смирена душа, Спасителу, исцели го, единствен Лекару, завој, елеј и вино стави ми, дела на покајание и солзи на смирение.
Хананејката падражавајќи ја, и јас викам: Сине Давидов, помилувај ме! Се допирам до крајот од облеката, како крвоточивата; плачам како Марта и Марија над Лазара.
Слава: троичен: Беспочетен Оче, Сину собеспочетен, Утешителу Благи, Духу вистински: на Словото Божјо Родителу, на беспочетниот Отец - Слово, Духу Кој живееш и твориш - Троице - Единице, помилуј не.
Богородичен: Како од тенко црвено платно, Пречиста - умна багренице Емануилова, во твојата утроба Неговата плот беше исткаена. Затоа навистина те почитуваме како Богородица.

Песна 9
Ирмос: Од бессеменото зачнување, раѓање неискажливо; од безмажна мајка, нетлен плод; оти Божјото раѓање ја обновува природата; затоа сите народи, како Богоневесна Мајка, православно те величаме.
Болести лекувајќи, на сиромашните им благовестеше, Христос Словото. Куци лекуваше, со митари јадеше, со грешници разговараше, душата на умрената ќерка Јаирова со допир на рацете и ја врати.
Цариникот се спаси, и блудницата стана целомудрена, а фарисејот, фалејќи се, самиот се осудуваше: зашто едниот велеше: Очисти ме; другата - помилуј ме, а третиот се фалеше, викајќи: Боже, ти благодарам и други безумни зборови.
Закхеј беше цариник, па сепак се спаси, а фарисејот Симон се соблазнуваше. Блудницата прими прошка на гревовите од Оној што има власт да проштава гревови; нејзиниот пример, душо, побрзај да го подражаваш.
Примерот на блудницата не си го следела, бедна душо моја, која зеде сад со миро и со солзи ги миеше и со коса ги бришеше нозете Исусови, Кој го кинеше списокот на старите нејзини гревови.
Си слушнала, душо моја, како беа проколнати градовите на кои Христос им го проповедаше Евангелието! Од казната исплаши се, за да не бидеш како нив, кога Господ ги спореди со Содомјаните и во пеколот ги осуди.
Да не се покажеш полоша, душо моја, во очајание, кога слушаш за верата на Хананејката, чија ќерка со зборот Божји се исцели: и ти, како неа, од длабочината на срцето повикај кон Христа: Сине Давидов, спаси ме и мене.
Слава: троичен: Отецот да Го прославиме, Синот да Го превознесеме, на Божествениот Дух верно да Му се поклониме, на Троица неразделна, Единица по суштина, како на Светлина и Светлини, Живот и Животи, Кој живот твори и сите краишта ги просветлува.
Богородичен: Градот твој пази го, Богородице Пречиста, зашто со твоја помош тој верно царува, во тебе се утврдува, и со тебе секое искушение победува, и воини запленува и во послушание напредува.
Преподобен оче Андрее, моли Го Бога за нас.

 sv.andrej.kritski.jpg


На свети Андреј: Андрее чесен, и оче најблажен, пастиру Критски, не престанувај да се молиш за оние што ти пеат: да се избавиме сите од гнев и неволи, и гибел, и безмерни прегрешенија, ние кои твојот спомен верно го почитуваме.
Потоа и двата хора го пеат ирмосот: Од бессеменото зачнување, раѓање неискажливо; од безмажна мајка, нетлен плод; оти Божјото раѓање ја обновува природата; затоа сите народи, како Богоневесна Мајка, православно те величаме.

 

Извор: ПОСЕН ТРИОД

Издавач: МПЦ Црква Св. Петка-Мил Парк, Викторија- Австралија и Австралиско- новозеландска епархија и Преспанско- пелагоника епархија

Друго:

13ти март 2019 лето господово

 

Преминпортал (к.т)

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3211
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7696
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная