Подвигоположникот и Спасител наш, Господ Исус Христос, пред стапувањето на подвигот за избавувањето на човечкиот род, Се укрепил со долготраен пост. Сите подвижници, исто така, пред да почнат да Му служат на Господа, се наоружале со пост. Поинаку не стапувале на крсниот пат, туку со подвигот на постот. Успехот цо подвижништвото тие го мереле со успехот во постот.
Постот не се состои во тоа да се јаде еднаш, туку во тоа да не се јаде многу. Неразумен е оној испосник, кој чека до определеното време, а тогаш на трпезата се предава на ненаситно јадење и со телото и со умот. Кога се работи за расудување за храната, треба да се внимава на тоа да не се прави разлика меѓу вкусните и невкусните јадења. Тоа дело, инаку својствено за животните, не е пофално за разумниот човек. Ние од пријатната храна се одрекуваме за да ги смириме немирните делови од телото и за да дадеме слбода на дејственоста на духот.
Вистинскиот пост не се состои единствено во истоштување на телото, туку во тоа, оној леб што сакаме да го изедеме, да им се даде на гладните.
Кон строг пост светите луѓе не пристапувале одеднаш. Тие постепен, малку по малкуи, се навикнувале на скормна храна. Навикнувајќи го својот ученик Доситеј на пост, преподобниот Доротеј од неговата маса постепено одделувал мало парче леб, така што неговата секојдневна храна од четири фунти (1 фунта е приближно 410 гр.) на осум лоти (1 лот има приближно 13 гр.) леб. Покрај сето тоа, светите испосници, на чудење на другите не знаеле за слабост, туку секогаш биле бодри, силни и подготвени за дело. Болестите меѓу нив биле ретки и животот им траел необично долго.
Духовниот живот доаѓа до совршенство и се појавува во чудесни појави, по мерка во која телото на испосникот станува тенко и лесно. Тогаш духот ја врши својата дејност како во болно тело. Надворешните сетила како да се затвораат, а умот, одделувајќи се од земјата, се вознесува на небо и целосно се потпува во согледување на духовниот свет. Сепак, не може секој да го прими строгото правило на воздржување во се’, или да се лиши од се’ што може да служи како олеснување во немоќите. „Кој може да прими, нека прими.“ (Мат. 19,12)
Храната треба секојдневно да се употребува онолку колку што е неопходно за телото, крепејќи се, да биде пријател и помошник на душата во извршувањето на доблестите. Во спротивно, може да се случи да ослабе и душата, доколку телото се истошти.
Во петок и во среда, и особено во деновите на четирите поста, храната по примерот на светите отци, употребувај ја само еднаш дневно, па ангелот Господов ќе се прилепи покрај тебе.
Друго:
Мошти на свети Серафим Саровски во Бигорскиот манастир (28.07.2008)