логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 sv.nektarij.eginski2.jpg

СВЕТИ НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИ

 Bogorodica.1c.jpgСВЕТА ДЕВОЈКО
Света Девојко, Владичице, нескверна Богородице
Радувај се, Невесто неневестна
Девојко Мајко, Господарке, Ти руно сеоросено
Радувај се, Невесто неневестна
Возвеличана над Небесата, од зраците поблескава
Радувај се, Невесто неневестна
Посветла од Небесата, од светлината почиста
Радувај се, Невесто неневестна
Од сите небесни воинства посвети
Радувај се, Невесто неневестна.
Марие Приснодево, на сета вселена Господарке
Смерна Девојко Пречиста, сесвета Владателке
Радувај се, Невесто неневестна
Благословена Марие, на радоста наша причино
Достојна Девојко, Царице, Пресвета Мајко
Радувај се, Невесто неневестна
Почествувана од херувимите и
 пославна од  бесплотните Серафими
Од Престолите посилна
Радувај се, Невесто неневестна
Радувај се Песно на Херувимите
Радувај се Химно на Ангелите
Радувај се Одо на Серафимите и
Радост на Архангелите
Радувај се, Невесто неневестна
Радувај се, Миру и Веселие, и Пристан на спасението
на  Словото четрогу свет , Цуту на нетлението
Радувај се, Невесто неневестна
Радувај се, Градино на изобилието, на вечноста и на животот
Радувај се, Дрво на животот
 на Бесмртноста источнику
Радувај се, Невесто неневестна
Тебе Те молам Царице, Тебе сега Те призивам
Тебе Те омилостувам, и радост, Севладичице, сакам
Радувај се, Невесто неневестна
Девојко кротка и безгрешна, Владичице Сесвета
Тебе Храму духовен, горешто Те преколнувам
Радувај се, Невесто неневестна
Прифати ме, од душманот избави ме
И на животот вечен наследник покажи ме
Радувај се, Невесто неневестна.


 Светиот Архиереј на Црквата Христова Нектариј роден е во гратчето Силиврија, Источна Тракија, 1846 год. Потекнува од благочестиво работничко семејство, во коешто е роден како петто од вкупно шест деца. При светото Крштение го добива името Анастасиј. Со особена топлина меѓу детските спомени на светителот му се врежале сеќавањата на неговата баба, којашто му била и прва настaвничка во подвигот на молитвата.

Но, нуждата многу рано го одделува од семејството и сите оние, кои му биле блиски. На тринаесетгодишна возраст го напушта својот роден град и заминува за Константинопол за да работи како чирак во цариградските дуќани, на тој начин споможувајќи ја издршката на своето семејство. Единствена одбрана на малиот Анастасиј против суровоста и безчувствителноста на големиот град му била наивната вера и молитвата. А Бог не го оставил. За да го покажеме тоа, ќе се послужиме тука со еден бележит пример од тие тешки денови на светителот: Имено, додека работел во еден дуќан целиот парталав и неугледен, стопанот му се заканувал дека ќе го отпушти од работа доколку не се спастри. Наоѓајќи се во безизлез, кутриот Анастасиј со детска простосрдечност решава да напише писмо, кое го адресира – „До нашиот Господ Иисус Христос на небесата“. Во него тој напишал:

„До мојот пресладок Исус.

Ме праша зошто непрестано плачам. Причината, мој Господи, е таа што облеката ми се распаѓа дотаму што и на чевлите ми се појавија дупки. Поради тоа ми излегуваат прстите и многу ме боли, зашто сега е зима и се смрзнувам. Синоќа му се обратив за помош на мојот газда, но тој ме истера надвор. Ми рече да побарам од родителите да ми купат нова облека. Најсладок мој Господи, до сега толку многу работев, а не можев на мајка ми да и испратам ниту еден грош. Што сега да правам и како да работам без облека? Само што ќе ја закрпам облеката, таа пак се кине. Те молам, прости ми што те вознемирувам со своите маки. Ти се клањам и верувам во Тебе.

Твојот верен слуга, Анастасиј. “

Ова писмо во сета своја наивност го дава на стопанот од еден соседен дуќан да го испрати во пошта. Меѓутоа, тој штом ја прочитал адресата на писмото, изненаден го отвора, и како добар христијанин, купува облека и чевли за малиот Анастасиј, испраќајќи му ги тајно во пакет на кого едноставно напишал: „Христос до Анастасиј“. Навистина, верата во Христа сè може да постигне и чудни се патиштата на Неговата промисла.

По некоја година Анастасиј престанува да работи по локалните дуќани и наоѓа работа како помлад предавач во училиштето, кое принадлежи кон Цaриградската црквата на „Светиот Крст“, додека паралелно учи и самиот средно училиште. На тој начин, полека започнува да ја остварува својата мечта за служба во Црквата. На дваестгодишна возраст, пак, засекогаш го напушта Константинопол и заминува на островот Хиос, кадешто почнува да работи како учител во тамошното селце Лити. На Хиос наскоро и се замонашува 1876 год. со благослов на митрополитот Георгиј, а веднаш потоа (1877 год.) бидува ракоположен и во ѓаконски чин.

Со благослов на Митрополитот испратен е и во Атина за да го доврши своето богословско образование, а после тоа 1885 г. Заминува во Египет и стапува во служба на Александријскиот Патријарх Софрониј. Во Египет Бог го удостојува Својот угодник Нектариј и со свештенички чин (1886 г.), а наскоро бидува возведен и во епископско достоинство (1889).

Епископот Пентаполски Нектариј станува познат меѓу сето православно стадо во Египет. Сите го сакаат и почитуваат поради неговата саможртвена љубовност, со која им пристапува на луѓето, особено оние бедните и унесреќените, молитвениот жар, со когошто насекаде ширел несекојдневна надеж, и неодоливата кротkост, којашто ги разоткривала бездните на христоподобното смирение. Но сето тоа воедно предизвикало и завист кај оние Црковни „службеници“, коишто одбивале да се подвизуваат во наведените благодатни добродетели на светителот. Конечно, тие сковуваат адска клевета против владиката Нектариј и издејствуваат тој да биде остстранет од Патријршијата.

Веќе на почетокот од оваа борба светителот Нектариј излезе веќе како победник со самото тоа што во гнасните клевети и лукавства против него самиот остана кроток и полн со љубов кон своите клеветници и вражественици. Впрочем, самиот свесен за тоа вели: „И искушенијата се знак на Божествената милост.“

Така, во 1890 год. се враќа во Поранешна Отоманска Покраина Грција, кадешто наместо љубов го дочекува студенило, наместо почит го пресретнува презир. Таму отпрвин живее како обичен проповедник и насекаде каде го носи службата успева да придвижи искрена љубов меѓу најобичниот беден народ. Оној, кого Црковните „високи кругови“ го отфрлија и презреа, се најде возљубен и прифатен од кротките и простите. Нив и ги обдари со неброено мноштво на своите душеспасителни совети, со множество благодатани чуда, со коишто им има помогнато на многумина. Светителот умеел да каже: „Барајте Го секојдневно Господа; но внатре, во срцето ваше, а не некаде надвор. И кога ќе го најдете, застанете со страв и трепет како Херувимите и Серафимите, зашто срцето ваше станало престол Божји. Но за да Го пронајдете Господа, смирете се себеси до прав, зашто Господ се гнаси од гордите, додека ги љуби и посетува смирените по срце.“

Во 1894 год. ја прима службата на управник на Богословијата Ризарион во Атина. Таму повторно ја стекнува довербата и љубовта на своите ученици, коишто во него наоѓаат неприкосновен духовен авторитет, нежен отец и скромен подвижник. На сите, коишто во тие години ја имаат посетено Семинаријата, им се врежала сликата за скромниот управник на училиштето, кој честопати го гледале како самиот ги врши и најтешките и најпонижувачки физички работи во школата. Паралелно со работата во Богословијата, почнувајќи од 1904 година, на блискиот остров Егина св. Нектариј организира мал женски манастир, во кого си го устројуваат животот неколку негови духовни ќерки. Забележано е дека при неговата прва посета на островот едно демоноопседнато момче го пречекало со зборовите „владиката доаѓа на островот; одете и поздравете го…; доаѓа светецот, кој ќе го спаси островот.“ На тоа, светителот остро и недвосмислено одговорил: „Духу гатачки, злобен и нечист, ти заповедам во името на Иисуса Христа Распнатиот да излезеш од ова момче!“ И истиот миг нечистиот дух исчезнал, не поднесувајќи го присуството на Духот Свети. Така, сиот народ можел да ја увиди заблудата и злото на било какво јасновидство, гатање или баење, посебно на таквите, коишто за полесна измама на простосрдечниот народ луково ја спомнуваат и ја злоупoтребуваат Црквата и православната вера, без да знаат дека Бог не прима пофалби од лукавиот.

sv.nektarij.eginski.jpg

Конечно, после повлекувањето од должноста управник на Богословијата Ризарион (1908 г.), Св. Нектариј се повлекува на Егина и целосно се посветува на духовното раководење со манастирот, кој самиот го основал. Ваков совет тој низ песна дава на секој монах:

„Возљуби ја молитвата, постот и бдението,

биди усрден во трудот и пребивај во безмолвие,

усовршувај се во смирението,

трпението, истрајноста,

расудувањето и вниманието.

Почитувај го самоодрекувањето, благородието,

доброчинството, духот на правдата, цeломудрието

и чистотата срдечна.

Биди скромен, целомудрен, послушен, милостив,

повлечен и незлобив.

Не си простувај сам на себе, не заборавај си ја работата.

Засакај го трудот, протерај го стравот, отфрли го гневот,

Стекни го спокојството на духот.

Криј се од страсните желби.

Не се грижи за ништо излишно,

зашто само за едно треба да се грижиш,

за духовното возрастување.

Подвизувај се и устреми се кон совршенството,

За да би принел плод достоен на покајанието.

Имај си го во срцето споменот на

Името на Небесниот Жених,

та не престанувај Нему да Му служиш.

Возљуби го животот во дворите Господови,

и со сето срце прослави го Создателот и Бог твој.“

 

На Егина останал до крајот на својот земски живот. Се упокои во Господа 1920 година. Само миг пред смртта, Св. Нектариј посведочил за гласот, кој во тие мигови му се обратил: „Влези, чедо, во радоста на Господарот свој, те чекаат овде со круната на славата.“ Последните, пак, зборови што светителот можел да ги изусти на овој свет биле: „Мене ли ми се обраќаш, Господи…“

Погребан е во дворот на манастирот, на кого му ги посветил последните години на својот живот. Црквата Христова го причисли во хорот на светиите 1961 година.

carjustinijan.nektarij.jpg

Неговото молитвено застапништво за родот наш Христијански оттогаш па до сега е непрекинато, бидувајќи пројавено низ низа од чуда, со коишто Бог го прославува овој свој угодник.

Многубројни се сведоштвата на оние луѓе, коишто благодарение на неговото застапување на чудесен начин се избавиле од духовани и телесни несреќи и болести. Посебно голем меѓу нив е бројот на тие луѓе, кои во благодатоносното делување на Светиот Нектариј Егински најдоа исцелување од најстрашната болест – ракот.


Фреска на св. Нектариј Егински-

-во манастирот на св. Никола, с. Љубанци, скопско

-храм на св. Петка во Скопје

Св. Нектариј Егински за причините за отцепувањето на западната Латинска Црква

 Друго:

Свети Нектариj Егински - Ликот на благородниот

Свети Нектариј Егински Чудотворец - дел од службата

Свети Нектариј ЕГИНСКИ - СВЕТА ДЕВОЈКО

Божествена Литургија во храмот на св.вмч. Димитриј, Скопје (22.11.2011)

 

 

 

 

 

Посети: {moshits}

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная