логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Акактист на преподобниот Алексеј, човек Божји


Кондак 1
Избран угоднику Христов, од горе наречен човеку Божји, свет Алексеју, ти принесувам е пофално пение, со љубов почитувајќи ги твоите подвизи, трпението и многустрадалноста, со кои на Бог си угодидил и си се покажал рамноангелен на земјата; оти имаш слобода кон Господа, со твоите молитиви ослободувај не’ од сите беди, за да ти повикуваме:
Радувај се, човеку Божји Алексеј, молитенику за нашите души!

Икос 1
Земен ангел и небесен човек си бил, Алексеј блажен, уште од млaди години си ја зачувал чистотата на твојата душа и тело и си го следел Христа усрдно, Него пратејќи го, сите убавини на светот си ги оставил и си достигнал духовно совршенство. Поради ова послушај ги од нас овие достојни на тебе похвали:
Радувај се, чедо на стариот Рим!
Радувај се, на бездетните родители разрешување од неплодноста!
Радувај се, богумдаруван плод на усрдни молитви!
Радувај се, од младештво на богоугодување од горе предизбран си!
Радувај се, во страв Божји добро си воспитан!
Радувај се, на Законот Господов верно си научен!
Радувај се, за небесните нешта си помислувал повеќе, отколку за земните!
Радувај се, си пројавил чудесно самоодрекување!
Радувај се, си ја сочувал чистотата девствена непорочно Христа ради!
Радувај се, вереницата, која била во цветот на убавината, си ја оставил поради Исус!
Радувај се, мудар странственику, кој ја барал горната татаковина!
Радувај се, Божји избранику, кој ги победил сите предлози на светот, плотта и ѓаволот!
Радувај се, човеку Божји Алексеј, молитвенику за нашите души!

Кондак 2
Откако си ја видел непостојаноста на убавините на овој свет, кои брзо пропаѓаат, Алексеј богомудар, си ги возљубил непропадливите вечни блага, ветени од Христос во Евангелието на својот верен слуга; заради сево ова домот на своите родители и сето богатство си ги оставил, и си избрал доброволна сиромаштија, за да Му бидеш угоден на Христа и за да можеш да непречено да му пееш Нему: Алилуја!


Икос 2
Си разбрал добро, Алексеј блажен, дека со животот во светот, во сопружество и богатство, тешко е да се најде спасението; затоа откога си пристигнал на торжеството брачно, одеднаш си се оддалечил, претпочитајќи да му благоугодуваш на Бог во девствена чистота. За сето ова ти се дивиме и ти повикуваме пофално:
Радувај се, Христов вљубенику, кој не си бил уловен од мрежата на љубовта кон овој свет!
Радувај се, следбенику Исусов, кој си го избегнал угодувањето на плотта!
Радувај се, со височната на твојот подвиг ангелите биле задивени!
Радувај се, од крепоста на твојата волја биле посрамени демоните!
Радувај се, го остави својот роден град, за да го наследиш Вишниот Град!
Радувај се, си тргнал на далечен и многустрадален пат, за да бидеш причасник на на спасителниот пат!
Радувај се, си наложил сам на себе сиромаштво!
Радувај се, со глад и жед многу си се истоштувал!
Радувај се, во деноноќни молитви си пребивал!
Радувај се, со солзи на умиление си го оросувал своето лице!
Радувај се, непоколеблив столб на трпението!
Радувај се, цврст адаманту на верата!
Радувај се, човеку Божји Алексеј, молитвенику за нашите души!

Кондак 3
Со сила Божја укрепен, си патувал на далечен пат и си дошол до градот Едеса, Алексеју достоен за похвала, во кој си пребивал како еден од сиромасите во злострадание и сиромаштво, си бил постојано во храмот Божји и си принесувал усрдни молитви со многу солзи на Христос, Царот и Бог, повикувајќи: Алилуја!


Икос 3
Небото ти било покров и земјата одар за одморање, а твоето тело било облечено со бедни алишта, изгорено од пот и смрзнато од мраз и не си му допуштал ниту најмало угодување, за да не надвладее плотта над твојот дух, горејќи од љубов кон Господа! Во таквиот подвиг единствена утеха ти бил Христос, Кој што и нам не поттикнува да ти повикуваме тебе:
Радувај се, од запад на исток си пристигнал да го бараш Сонцето на Правдата, Светлината Невечерна!
Радувај се, Него си го пронашол во длабочината на твоето богољубиво срце!
Радувај се, светилнику на Божественото сјаење, кое ги озарува краевите на земјата!
Радувај се, си го осветил градот Едеса си своите христопоследователни стапала!
Радувај се, правило на вистинската вера!
Радувај се, примеру на духовно сиромаштво!
Радувај се, во твојата душа си израснал високи добродетели!
Радувај се, си го сочувал сокровиштето на целомудрието!
Радувај се, добар чувару на Евангелието Христово!
Радуцај се, усрден исполнителу на заповедите Исусови!
Радувај се, на земјата небесно поживеа!
Радувај се, на Бога совршено Му угоди!
Радувај се, човеку Божји Алексеј, молитвенику за нашите души!

Кондак 4
Бурата на младешките страсти со воздржување си ги укротил, свет Алексеју и со засилен пост си ја исушил убавината на твоето лице; затоа во твојата душа засветлила непропадливата убавина на благодатното бесстрастие, која е благоугодна на најубавиот меѓу човечките синови Христа, Кому што во истоштетното тело сладосно си Му ја воспевал песната на похвала и благодарение: Алилуја!
Икос 4
Клирикот на црквата во Едеса откако во видение го слушна гласот на Богородица од иконата, која те нарекуваше човек Божји, достоен на Царството Небесно, чија што м олитва како мирисно кадило, се извишува пред Лицето Божјо и која наредува да те воведат внатре во црквата од пипратата, каде што си пребивал во сиромаштија, се задиви многу на таквата твоја светост, Алексеју богоблажен и откако те воведе во Господовата црква, те ублажуваше со вакви зборови:
Радувај се, живеалиште на Светиот Дух, преукрасено со чистота!
Радувај се, пријателу на Божјата благодат, кој сјае со убавината на добродетелите!
Радувај се, со зборови пофален од Мајката Божја!
Радувај се, наречен човек Божји од Царицата на небесата!
Радувај се, ново и таинствено име си добил од Владичицата на светот!
Радувај се, со смирение си го стекнал високото!
Радувај се, со сирмаштијата си го нашол непропадливото богатство!
Радувај се, почеста на вишниот повик достојно си ја примил!
Радувај се, благопријатно кадило на молитвата!
Радувај се, ревносен барателу на Горното Царство!
Радувај се, во црковната припрата молитвено си ги поминувал своите дни и ноќи!
Радувај се, внатре во храмот Божји со повелба од Богомајкта чесно си бил воведен!
Радувај се, човеку Божји Алексеј, молитвенику за нашите души!

Кондак 5
Си се уподобил на Божја ѕвезда, свет Алексеју, секогаш избегнувајќи ја човечката слава, кога од Едеса си се одалечил да заминеш во други земји, тогаш коработ на кој си пловел по Божја Промисла, те довел до твојот роден град Рим. Ти пак, познавајќи ја во оваа случка волјата Господова таму да се подвизуваш, си пристигнал во домот на твоите родители и како еден од сиромасите, си се населил покрај портите, измивајќи си го лицето со солзи и повикувајќи кон Господа: Алилуја!

Икос 5
Откако твојот богољубив татко, свет Алексеју, те видел непознат и сиромав на лик, се смилостивил на тебе и наредил да ти направат мала куќичка крај портите на неговиот дом, во кој што те хранел Христа ради, се’ уште не познавајќи го во тебе својот син; ти пак, бедно пребивајќи во татковиот дом, си ја претрпел секоја мака на туѓинец и понижување поради сиромаштвото, придвижувајќи не’ да ти воздаваме благи похвали:
Радувај се, си покажал големо мажество!
Радувај се, си преуспеал во големо трпение!
Радувај се, си пребивал како непознат во домот на твоите родители!
Радувај се, секогаш си ја созерцувал нивната тага поради лишувањето!
Радувај се, повикувањата на твојот татко си ги слушал!
Радувај се, солзите на мајката твоја си ги видел!
Радувај се, плачот на својата вереница си го препознал!
Радувај се, твоето срце било поради ова силно рането!
Радувај се, навредите и понижувањата од слугите на твоите родители незлобиво си ги примал!
Радувај се, ударите и заканите од нив молчаливо си ги поднесувал!
Радувај се, за оние кои те навредиле непрестајно Бога си го молел!
Радувај се, си бил доброволен маченик!
Радувај се, човеку Божји Алексеј, молитвенику за нашите души!

Кондак 6
Проповедник на евангелска кротост си бил, свет Алексеју, со примерот на својот многутрпелив живот на сите си им покажал, како се’ му е можно на оној човек кој се укрепува на Бог, оти со Неговата сила во своето немоќно тело си извршил големи подвизи и мноу страданија си поднел поради Христовата љубов, достојно и праведно воспевајќи на Пресветата Троица серафимска песна: Алилуја!


Икос 6
Си засветлил во древниот Рим со твоите необични подвизи, Алексеју блажен и преку нив сета Црква Христова си ја озарил благодатно: кој нема да се смили, слушајќи го твоето натприродно трпение и мноштво злопатења, кое во домот на твоите родители доброволно си го понел и како наследник на тој дом, сите навреди и рани од слугите си ги поднел радосно. Поради сево ова со усрдност ти ги принесуваме овие песни:
Радувај се, голем угоднику Христов, кој во светот премирно си поживеал!
Радувај се, рамноангелен слуго Господен, кој си го водел својот живот со многу болки!
Радувај се, бесчесноста во своја слава си ја заменил!
Радувај се, раните на своето тело трпеливо си ги носел!
Радувај се, не си ги штител твоите образи од ударите!
Радувај се, твоите плеќи за удари си ги предал!
Радувај се, плукањата христоподражателно си ги примал!
Радувај се, со молчење на навредите си одговарал!
Радувај се, во Христа единствено утеха си нашол!
Радувај се, со сеќавањето на крсните страдања Исусови своите таги си ги засладувал!
Радувај се, великодушен многустрадалнику!
Радувај се, подвижнику на добрата победа!
Радувај се, човеку Божји Алексеј, молитвенику за нашите души!


Кондак 7
Си имал само една желба, човеку Божју, а тоа е да му благоугодуваш на Бог; затоа се’ времено си сметал за пустота и иако си бил наследник на големо богатство, си го оставил, живеејќи како сиромав и странец, во домот на родителите си бил незнаен и многу понижуван, секогаш воздивнувајќи кон Господа и со солзи молејќи се, за да те прими во земјата на вечното блаженство за да Му пееш со светите: Алилуја!


Икос 7
Нов и невообичаен тек си имал на својот живот, свет Алексеју, насреде светот на гревовни страсти и секакви скверни гревовни си бил како туѓинец; затоа си го примил во својата душа совршениот дар на богопознанието и си бил одушевен храм на Трисолнечного Божество, во кој Христос со Отецот и Духот создадоа обител и нас научи не’ да ти повикуваме:
Радувај се, на ангелите сличен и на луѓето убавино!
Радувај се, ризата на душевната девственост со чистота си ја обелил!
Радувај се, си влегол во радоста на својот Господ!
Радувај се, превозвишен со својата доброволна сиромаштија!
Радувај се, со своето трпение си се споредил со многустрадалниот Јов!
Радувај се, со своето понижување си го подражавал евангелскиот Лазар!
Радувај се, со своите мноштво болести си го стекнал душевното здравје!
Радувај се, со неизбројаните страданија си го задобил Царството Христово!
Радувај се, на стариот Рим благодатно обнововуање!
Радувај се, на Црквата Христова - Божествено напојување!
Радувај се, наследнику на ветувањата Исусови!
Радувај се, тајнику на Пресветата Троица!
Радувај се, човеку Божји Алексеј, молитвенику за нашите души!


Кондак 8
Туѓинец и придојден си бил во градот на твојата татковина, светителу, секогаш барајќи го Вишниот Град, Ерусалим Небесниот; кога дошло времето на твоето заминување кај Бог, ти на хартија си ја напишал тајната на твоето житие, за да те познаат твоите родители и без попуштање си го минувал времето во подвизи на пост и молитва, подготвувајќи се кон исход со умиление и пеење кон Бог: Алилуја!


Икос 8
Сиот си бил во Бога, свет Алексеју, имајќи молитва на усните твои, си ја предал својата праведна душа во рацете Божји мирно и безметежно, како да си заспал; смртта тебе навистина била упокојување од страданијата и непрестајните подвизи и премин од полошо на подобро. За таквото блажено успение твое ние, радувајќи се, ти ги принесуваме овие прикладни глаголења:
Радувај се, светителу Божји, свето и преведно го помина земниот живот!
Радувај се, во благомиризиба на светињата почина со смртен сон!
Радувај се, во прегратките на Авраам од ангелите си бил носен!
Радувај се, со небесно пеење од светите Небожители су бил сретнат!
Радувај се, овенчан од Господа со венец на бесмртен живот!
Радувај се, во обителите рајски со слава си примен!
Радувај се, Пресветлото Лице на Владиката Христос веднаш си го созерцал!
Радувај се, ја возгласуваш постојано Трисветата песна на Пресвета Троица!
Радувај се, Создателот на горните и долните со своите молитви го смилостивуваш!
Радувај се, сиот христијански свет со своето застапување го прегрнуваш!
Радувај се, на ангелите и луѓето радост!
Радувај се, на оние што го почитуваат твојот свет спомен верен застапнику!
Радувај се, човеку Божји Алексеј, молитвенику за нашите души!

Кондак 9
Сите луѓе во Рим во трепет западнаа, откако го слушнаа гласот во соборната црква на својот град, за време на Божествената литургија од горе во олтарот глаголајќи и наредувајќи да те побараат тебе, човеку Божји за да се удостојат на твоите молитви! Истовремено, бивајќи во задивеност и ужас, молитвено повикаа тие кон Господа, да те покаже тебе, Својот избраник, повикувајќи на прекрасниот во Своите светии Владика: Алилуја!
Икос 9
Ниту еден човечки ритор не е достоен похвала да ти искаже, свет Алексеју, кој од горе си бил пофален со Гласот Божествен, со Чие што известување римјаните те пронашле, како мртов лежиш на одарот, држејќи во рацете хартија, близу до лицето, кое што сјаело со лачи налик на сончеви и прекрасна благомиризба излегувала од твоето испосничко тело. Со неговото пронаоѓање израдувани, царот, светителот и сиот народи ти возгласиле тебе:
Радувај се, светол зраку на Трисолнечната Светлина, која го оживотворува сиот свет!
Радувај се, ѕвездо – денице, која си си изгреала за да просветуваш Црквата Христова со многу чудеса!
Радувај се, на светоста и чистотата благомиризлив крину!
Радувај се, на даровите Божествени сокровиште!
Радувај се, на своите родители им се јави со ливче од хартија!
Радувај се, нивниот горчлив плач си го изменил во сладосен!
Радувај се, седината на твојот татко со своето прославување си ја прославил!
Радувај се, солзите на својата мајка си ги вознаградил со благодат!
Радувај се, твојата чесна вереница, која ја сочувала својата верност кон тебе, духовно си ја утешил!
Радувај се, сиот римски народ со твоето пронаоѓање си го возвеселил!
Радувај се, многу чудесни исцеленија истекувале од твоите свети мошти!
Радувај се, на небесата и на земајта си примил достојно чествување по смртта!
Радувај се, човеку Божји Алексеј, молитвенику за нашите души!

Кондак 10
На оние кои сакаат да се спасат твоето житие е благ пример, свет Алексеју, бидејќи сите не’ поучуваш да се одврземе од животните суети, барајќи го единственото потребно, а тоа е богоугодувањето. Помогни ни нам, човеку Божји, во ова да те подражаваме тебе, укрепи ја нашата немоќна волја, вдахнови во нас душвено мажество, украси не’ со добродетели и направи не’ наследници на Царството Небесно, заедно со тебе на земјат а на живите да му воспеваме на Создателот наш: Алилуја!
Икос 10
Си бил верен следбеник на Царот Небесен-Христос, Алексеју блажен, а сега стоиш во слава небесна пред Страшниот Негов Престол, за кого што ние земни и грешни, не можеме ниту да помислиме; но, сепак принудени со нашата усрдна љубов кон тебе, мислено те созерцуваме, како горе се молиш за нас пред лицето Божјо и со пропадливи те усни ти го испраќаме ова пеење:
Радувај се, брз помошнику на оние кои верно те почитуваат!
Радувај се, усрден застапнику на оние кои молитвено те повикуваат!
Радувај се, праведнику Господов, Чија што Правда засветли бесконечно!
Радувај се, сол на земјата, која никогаш нема да изгние!
Радувај се, со своите добри дела Бог си ги прославил и луѓето си ги задивил!
Радувај се, со своето житие ангелите си ги возвеселил и духовите на темнината си ги посрамил!
Радувај се, украс на Горниот Свет!
Радувај се, заштито на долниот свет!
Радувај се, славо и пофалбо на Рим!
Радувај се, возвисување на христијанскиот род!
Радувај се, во чудеса си засветлил!
Радувај се, во милоста си непотрошлив!
Радувај се, човеку Божји Алексеј, молитвенику за нашите души!

Кондак 11
Надгробно пеење со слава ти испеале, свет Алексеју, царот, светителот и сиот римски народ со твоите родители и твојата вереница, следејќи го твојот чесен ковчег, кој благолепно бил носен во соборната црква, а од него се точеле множество чудеса: слепи прогледувале, раслабени се укрепувале, болните здрави станувале со допирањето кон твоите свети мошти и сите кои го гледале ова возгласувале на Бог: Алилуја!


Икос 11
Светло и радосно било твоето погребение, човеку Божји, светол во лицето си лежел во гробот и сладосна благомиризба си испуштал од твоето неропадливо тело, означувајќи ја со ова бескрајната светлина на твојата душа, која стасала до благоухание Христово и преисполнета била со Божествен мир, а од нејзината полнота и во нашите души дарувај благодатно дарување, за да ти воспеваме со духовна утеха:
Радувај се, незгаслива свеќо, во молитвите кон Бог горе запалена!
Радувај се, светилко златна, која со елеј на милост ги помазуваш оние кои живеат долу!
Радувај се, алабастру драг, кој источуваш целебно миро на болните!
Радувај се, реко многуводна на чудеса!
Радувај се, на иноците наставнику на добар подвиг!
Радувај се, на оние кои живеат во светот пример за богоугодување!
Радувај се, огледало чисто на праведниот живот!
Радувај се, тивко пристаниште на оние кои по Бог ја положиле својата надеж на тебе!
Радувај се, борец крепок против невидливите непријатели!
Радувај се, на оние кои бараат спасение на душата благ помошнику!
Радувај се, од небесните височини кон земнородните милостивно се наклонуваш!
Радувај се, на оние кои те почитуваат прозбите брзо ги исполнуваш!
Радувај се, човеку Божји Алексеј, молитвенику за нашите души!


Кондак 12
Благодат и милост измоли ни од Христа, Царот и Бог наш, Алексеју достоен за похвала; оти знаеме, дека твојата молитва може многу пред Неговото Лице и Он љубовно се одзив а на твоето молење. Заради тоа усрдно кон тебе прибегнуваме и смирено те молиме: исполни не’ со твоето застапништво во тивкото пристаниште Христово и сподоби не’ да се насладуваме со нетлената радост на светиите, кои постојано воспеваат песна на славословие на Триедниот Бог: Алилуја!


Икос 12
Опевајќи ги подвизите на твоето многустрадално и прекрасно житие, човеку Божји, те фалиме, те славиме и те ублажуваме со усрдна љубов, како небесен многумоќен застапник наш; ти пак, светителу, со дадената ти од горе благодат, нас грешните и мрачните, освети не’, просвети не’ и упати не’ да ти повикуваме неосудено: Алилуја!
Радувај се, на незалезниот Исток вечен зраку!
Радувај се, си ја исполнил вселената со твоите чудеса!
Радуцај се, со твоите мошти преславно си чудотворел!
Радувај се, со образите на твоето подобие си извршил прекрасни нешта!
Радувај се, на болните бесплатен лекару!
Радувај се, на тажните благ утешителу!
Радувај се, на депресивните благодатно ободрување!
Радувај се, на изнемоштените брзо укрепување!
Радувај се, на несреќните им доаѓаш на помош!
Радувај се, на оние кои заминуваат од овој живот даруваш крепка помош!
Радувај се, подателу на духовна радост на богољубивите души!
Радувај се, молителу на блага времени и вечни за нас кај Господа!
Радувај се, човеку Божји Алексеј, молитвенику за нашите души!


Кондак 13
О, свет и богопрославен човеку Божји Алексеј! Тебе, кој за нас горе се молиш пред Престолот на Господ Саваот, ние грешните, кој долу живееме, ти го принесуваме ова мало пеење и се молиме од сета душа своја и сета своја мисла: со своите молитви измоли ни од Христа Бога простување на согрешенијата и по крајот на нашиот живот да бидеме примени во блажените обители на Небесното Царство, со тебе во веки да пееме Нему: Алилуја!


[Овој кондак се кажува три пати]
[Понатаму се повторуваат икос 1 и кондак 1]

Икос 1
Земен ангел и небесен човек си бил, Алексеј блажен, уште од млaди години си ја зачувал чистотата на твојата душа и тело и си го следел Христа усрдно, Него пратејќи го, сите убавини на светот си ги оставил и си достигнал духовно совршенство. Поради ова послушај ги од нас овие достојни на тебе похвали:
Радувај се, чедо на стариот Рим!
Радувај се, на бездетните родители разрешување на од неплодноста!
Радувај се, богумдаруван плод на усрдни молитви!
Радувај се, од младештво на богоугодување од горе предизбран си!
Радувај се, во страв Божји добро си воспитан!
Радувај се, на Законот Господов верно научен!
Радувај се, за небесните нешта си помислувал повеќе, отколку за земните!
Радувај се, си пројавил чудесно самоодрекување!
Радувај се, си ја сочувал чистоата девствена непорочно Христа ради!
Радувај се, вереницата, која била во цветот на убавината, си ја оставил поради Исус!
Радувај се, мудар странственику, кој ја бара горната татаковина!
Радувај се, Божји избранику, кој ги победил сите предлози на светот, плотта и ѓаволот!
Радувај се, човеку Божји Алексеј, молитенику за нашите души!

Кондак 1
Избран угоднику Христов, од горе наречен човеку Божји, свет Алексеју, ти принесувам е пофално пение, со љубов почитувајќи ги твоите подвизи, трпението и многустрадалноста, со кои на Бог си угодидил и си се покажал рамноанегелен на земјата; оти имаш слобода кон Господа, со твоите молитиви ослободувај не’ од сите беди, за да ти повикуваме:
Радувај се, човеку Божји Алексеј, молитенику за нашите души!

Молитва
    O, велик Христов угоднику, свет човеку Божји Алексеј, ти кој со душата на Небесата пред Престолот Господов стоиш и со даруваната ти благодат од горе вршиш различни чуда! Погледај милостиво на луѓето кои стојат пред твојата света икона и со умиление се молат и бараат од тебе помош и застапништво. Простри ги молитвено кон Господ Бог твоите чесни раце и измоли ни од Него простување на прегрешенијата наши волни и неволни, на страдалците од разни болести - исцеление, на нападнатите - застапување, на тажните - утеха, на оние во беди - скоро избавување, на сите, кои те почитуваат, мирен и христијански крај на животот и добар одговор на страшниот Суд Христов. Еј, угоднику Божји, не ја посрамувај нашата надеж, која што на тебе по Бог и Богородица ја полагаме но, биди ни помошник и покровител за спасение, така што откако ќе добиеме благодат и милост од Господа, да го прославиме човекољубието на Отецот и Синот и Светиот Дух, во Троица славениот и поклонуваниот Бог и твоето свето застапништго, сега и секогаш и во сите векови. Амин!

 

За Преминпортал,

преведено од руски јазик-Маја Белева

 

 Друго:

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3211
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7696
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная