НА НОВА ГОДИНА
Некогаш, тројца пријатели - тројца млади мажи - заедно ја прославија Новата година. На масата разговараа за тоа што им се случило во изминатата година, за работите што сакале да ги постигнат во наредната година. Еден рече: „Се надевам дека ќе добијам возачка дозвола оваа година“. Другиот рече: „Сакам да поминам добро на испитите на факултет“. Третиот рече: „Оваа година навистина сакам да почнам повеќе да ги разбирам луѓето“.
На новогодишната ноќ потребно е, макар и за малку, да се потсетиме на она што сме го доживеале во изминатата година, да сфатиме во кои случаи сме постапиле правилно, а во кои не, и да направиме некои едноставни одлуки за следната година. За да сфатиме на што треба да работиме, што во нас треба да го подобриме. Ако не го направиме ова, годините ќе поминат и во одреден момент, кога ќе наполниме осумдесет или сто години, ќе погледнеме наназад и ќе видиме дека апсолутно ништо не сме постигнале во нашите животи. Зад нас ќе има едно големо ништо. И уште полошо, ќе има еден куп проблеми за кои ќе бидеме одговорни ние. Затоа, треба да почнеме да размислуваме повеќе за другите, а помалку за себе.
И ако има нешто што навистина би сакал да му посакам на секој од нас оваа година, тоа е да се направи простор за Светиот Дух. Да бидеме во мир со сите околу нас, да бидеме во мир со себе, да станеме едно со Бога. Нема ништо поголемо од ова. Дури и осумдесет или сто години да бараме нешто поголемо, нема да успееме да најдеме такво нешто.
Господ да ни помогне оваа година да направиме место за Светиот Дух во нас!
Автор: Мелојски епископ Емилијан (Кутузис)
Извор и илустрација - bogonosci.bg
Подготвил С.Стефковски
01.01.2024