логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Hristos.prekrasno63

Преподобниот Андреј вознесен до третото небо


               Една година зафати страотно лута зима, и во Цариград цели две седмици владееше неподнослив студ. Силен ветер ги кршеше дрвјата, носеше ќерамиди од крововите, сѐ беше завеано со снег. Птиците од мразот и гладот паѓаа на земјата мртви. Сите сврталишта и засолништа исто така беа завеани со снег. Тогаш и сите просјаци се најдоа во голема неволја и мака. Треперејќи од студот, тие плачеа и умираа од глад и студ. Тогаш и блажениот Андреј многу се измачи без облека, без леб и засолниште. Кога се обидуваше да се вовлече некаде меѓу просјаците, тие со стапови како пес го бркаа од себе, викајќи: Бегај од тука, песу!
И, немајќи никаде засолниште, мислеше дека му дошол крајот, како и на многумина негови собраќа просјаци, па си рече на себе: - Благословен е Господ Бог! Ако умрам од овој студ, нека умрам од љубов кон Него. Тоа ќе ми се смета за мачеништво. Но, Бог е моќен да ми подари трпение да издржам.
        Одејќи така низ една уличка, тој здогледа едно куче како лежи во аголот, и за да се згрее малку легна покрај него. Но, кучето веднаш стана и замина. Тогаш Андреј си рече:
        -О, беднику, гледаш ли колку си грешен, така што и кучињата те презираат и бегаат од тебе? Не те примаат како на нив сличеи пес. Луѓето бегаат од тебе како од зол демон, просјаците те бркаат па што ти преостанува да правиш? Умри расипнику! Умри! За тебе нема спасение! Додека така со огромна болка си зборуваше додека лежеше и трепераше од страшниот студ и ветер, и телото веќе му беше премразнато и помодрено, тој помисли дека е на издивнување и започна да се моли, Бог со мир да ја прими неговата душа. Тогаш ненадејно во себе почувствува некоја топлина, ги отвори очите и здогледа некакво прекрасно момче, чие лице блескаше како сонце. Момчето држеше во рацете златна гранка, расцветана во најразлични цветови со неискажлива убавина. Тоа погледна во Андреј и го праша:
        -Андреј, каде си? Тој му одговори: -Во мрак и сенка смртна (Пс. 87, 7). Тогаш момчето го допре со расцветаната гранка Андреовото лице и рече: - Прими го оживувањето на своето тело. Свети Андреј го помириса тоа цвеќе. Неговиот мирис веднаш му се разлеа во срцето и целото тело за миг му се стопли и оживеа. Потоа слушна глас, кој говореше:
        -Доведетего овде да се утеши и одмори за две недели, па повторно ќе се врати, зашто сакам уште да се подвизува.
При тие зборови Андреј го обзеде длабок сладок сон и виде -неискажани откровенија Божји, за кои самиот му го раскажа на свештеникот Никифор следново:
         “Што се случи со мене, јас не знам. По Божјо благоволение поминав две седмици во слатко видение, слично на човек кој цела ноќ слатко спие, па наутро се буди. Се видов себеси во прекрасниот и чудесен рај. И додека се восхитував, јас се прашував што значи сето тоа, зашто знам дека живеам во Цариград, а како се најдов овде, не знам. И не можев да сфатам дали сум со тело или без тело, Бог знае (сп. 2Кор. 12, 2) Но, се видов себе си облечен во светла, како од молња исткаена облека. На главата имав венец, исплетен од најразлично прекрасно цвеќе. Бев опашан со царски појас. И на убавината на сето тоа многу се радував, Со умот и срцето се восхитував на неискажаната убавина на рајот Божји и уживав одејќи по него. Воздухот во рајот блескаше со некоја неискажлива светлина. Имаше таму многу бавчи, преполни со најразноврсни чудесини и благомирисни цвеќиња и прекрасни високи дрвја. Дрвјата трепереа и од себе разлеваа опојни мириси на сите страни. Некои дрвја непрестајно цветаа. Некои беа украссни со златести лисја. Некои имаа неискажливо убав род. Овие дрвја по убавина не можеа да се споредат со никакви дрвја на земјата, зашто ги засадила раката Божја а не човечката. Во бавчите имаше безброј птици со златни бели и разнобојни крилја. Тие седеа на гранките на рајските дрвја и толку убаво, преубаво пееја, така што јас од убавината на нивното пеење едноставно бев надвор од себе и сметав дека нивното пеење се слуша до крајот на небото. И кој би можел да ја опише неописливата и неизмерна убавина на сето она што се гледа таму? Тие волшебни бавчи стоеја наредени една спроти друга како построен полк спроти полк. Кога јас со восхитувачка радост одев низ нив, видов голема река како протекува среде рајот и ги натопува оние прекрасни бавчи. А од двете страни на реката се протегаше лозје со лози, кои ги красеа златни лисја и златести гроздови. Таму од сите четири страни поддувнуваа благи и миризливи ветрови, од кои се лелееја бавчите и со своите лисја создаваа прекрасен трепет.
          После тоа ме снајде некој занес и ми се стори дека стојам над небесниот свод, а пред мене оди некакво момче, обгрнато со пурпурен плашт, а лицето му блескаше како сонце, Јас си помислив дека тоа е оној што со златната гранка ми го допре лицето. Додека одев по него, видов голем и прекрасен крст, кој личеше на виножито, а околу него стоеја прекрасни огнолики пејачи, светли и блескави, кои пееја некои милозвучни песни, славејки Го некогаш Распнатиот на крст Господ.
Момчето што одеше пред мене му пријде на Крстот, го целиваше, па ми даде знак и јас да го сторам истото. Jас припаднав кај светиот Крст со страв и голема радост и сесрдно го целивав, при што се исполнив со неискажлива духовна сладост и благомирис, каква ни во рајот не почувствував. Откако поминав покрај Крстот, јас погледнав надолу и видов под себе нешто налик на морска шир. Ми изгледаше како да одам по воздух. Се исплашив и викнав кон мојот патеводител:
-Господине, се плашам да не се лизнам и да не паднам во морето. Тoj се сврте и ми рече: -Не плаши се, треба уште да се искачуваме, И ми ја пружи раката, и ние се најдовме над другиот небесен свод. Овој свод беше бел како снег. Таму видов два Крста, слични на оној долниот и крај нив исто богослужење. Ние ги целивавме и оние чесни Крстови со богочезнива љубов. Од нив излегуваше неискажлив благомирис, како благомирис Божји, помирислив и појак од оној долниот. Воздухот беше пурпурно пламен. И таму видов прекрасни луѓе. Нивното блаженство и празнична радост не можат да се искажат со човечки јазик. После тоа ние навлеговме во некаков чудесен пламен, кој не нѐ гореше, туку само нѐ осветлуваше. Мене ме спопадна страв и повторно го повикав на помош мојот патеводител. Тој се сврте, ми ја пружи раката и ми рече:
-Треба да се искачиме уште повисоко, И при овие зборови ние бевме издигнати и се најдовме над третото небо. И таму здогледавме три Крста, далеку поголеми и постравично од оние два и од оној едниот. Тие блескаа како молња. Мојот водач ме охрабри и име внесе преку огнот иние и се поклони ме на чесните Кстови. Мноштво Небесни Сили пееа и Го славеа Господа. Ние стигнавме пред некаква завеса, која блескаше како молња Пред неа и насекаде стоеја безбројни мноштва светли огнени Ангели, легиони и легиони, кои немаа број. Лицата им сјаеја посилно од сонцето. Додека го гледав тоа, јас стоев со страв и трепет. А мојот водач ми рече:
-Кога ќе се тргне завесата ќе Го видиш Господ Христос. И ти падни и поклони Му се. И со сета душа внимавај и слушај што Господ ќе ти рече.
Кога го слушнав тоа јас се радував и треперев, зашто ме об- зедоа ужас и неискажана радост. Стоев и набљудував, и чекав да се крене завесата. И ете, некаква огнена рака ја отвори завесата, и jас, како некогаш пророкот Исаија, Го видов нашнот Господ Исус Христос, како седи на престол висок и издигнат и Серафими стоеја покрај Него (сп. Ис. б.1-2) Врз Него наметка порфирна, блескава и сјајна, лицето Негово преубаво и пресветло, а очите како две благи сонца со љубов мило гледаат во мене. Богочовечката убавина Негова неискажлива, никако со поглед сета да се долови и согледа. Јас паднав ничкум пред Господа, поклонувајќи Му се. Три пати паѓав и станував, сиот возбуден, сиот радосен, сиот блажен, сиот преплашен. Од гледањето на лицето Негово мене ме обзеде таква радост, што тоа со никакаи зборови не може да се искаже. Дури и сега, при сеќавањето на тоа видение, јас сиот се исполнувам со неискажана радост. Лежејќи ничкум пред Господа, јас сиот потресен се восхитував на таквото милосрдие Негово, што ми допушти мене, нечистиот и грешен човек, да дојдам пред Него и да ја видам Божествената убавина Негова. Свесен за својата недостојност и големината на мојот Господ, јас зборував и ги повторував во себе зборовите на пророкот Исаија: "О, јас бедниот! Иако сум човек со нечисти усни, се удостоив да Го видам Господа со очите свои" (сп. Ис 6,7) Тогаш го слушнав семилостивиот Господ мој, како со Својата пречиста и преслатка уста ми изговори три медени и слатки зборови, кои ми ја засладија душата, како никој и ништо до тогаш. Малку потоа Господ ми рече други три збора, и тие со божествена радост ми го исполнија срцето. После тоа преслаткиот Господ ми рече уште три эбора, кои сиот ме исполнија со такво блаженство и во мене запалија таква љубов, што од духовната топлина и милина сиот се топев како восок и врз мене се исполнија истите зборови на пророкот Давид: "Срцето мое стана како восок и се растопи во мене" (Пс. 21, 16). Со тоа сите небесни војски од Ангели запеаја прекрасна инсискажана песна, јас, не знам како, повторно се најдов во рајот. И одејќи низ рајот, јас размислував за тоа што не ја видов Пречистата Госпоѓа Богородица. И ете, видов човек блескав како молња, облечен во светол облак, носи крст, ми приоѓа и ми говори:
- Сакаше да ја видиш Сесвстлата Госпоѓа и Царица на Небесните Сили Богородица. Не е овде, отишла во јадниот свет на земјата, да им помага на луѓето и да ги теши. Јас би ти го покажал Нејзиното сесветло, сепрекрасно и неискажано живеалиште, но немаме време. Треба да се вратиш од каде што си дошол. Така наредува Господ.
Додека тој ми го боруваше тоа, мене ми се стори како слатко да заспав. Потоа, откако се разбудив, јас се најдов на истото место каде што порано се наоѓав. Лежев во аголот. И се восхитував на тоа каде бев за време на видението и што се удостоив да видам. И срцето свое го најдов преполно со неискажана радост и Мy принесов благодарност на мојот Господ, што благоволи да ми покаже толкава благодат".
Ова видение свети Андреј го раскажа на својот пријател Ники- фор пред својата смрт и го заколна тоа никому да не му го раскаже додека не се разреши од телото. А Никифор, писателот на ова житие на светителот, по овој повод пишува:
Додека блажениот Андреј ми го раскажуваше тоа, мојата душа ја обзеде екстаза, занес, восхитување. И јас го видов следново околу нас полно кринови, трендафили и други разноврсни цвеќиња, кои толку занесно мирисаа, што ми се чинеше дека околу нас се наоѓаат свети Ангели, кои невидливо кадат за време на Божественото кажување на праведникот. И јас многу го молев блажениот да ми каже макар еден збор од оние што Господ му ги рекол, но тој никако не сакаше”.

Посета на Рајот и се до престолот на Господ Исус Христос

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная