логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Синаксар на Неделата на слепиот


Стихови: Давателу на Светлина, Светлина си од Светлината,// На слепиот од раѓање, Слово, очи му даваш.

             Во овој ден, во Неделата шеста по Пасха, на слепородениот, го празнуваме чудото на Господа Бог и Спасител наш Исус Христос, зашто и тоа со вода го изврши, (како и она за самарјанката и за разслабениот). Беше тоа вака: Христос разговараше со јудеите, и Себе рамен на Отецот се покажуваше: „И пред Авраам да биде, Јас сум” – вели, а тие камења фрлаат по него.

             Тој пак, кога замина оттаму, го наоѓа слепиот кој се спрепнуваше, кој беше така роден, а имаше само вдлабнатини наместо очи. Кога Спасителот го најде ваков, Него учениците го прашуваат, бидејќи слушнаа за разслабениот: „Еве, оздраве, веќе не греши”, и дека гревот на родителите е врз децата: „Учителу, кој грешел, овој ли, или неговите родители, да се роди слеп?” Според некое епикурејско мислење, душите имале предпостоење, и кога згрешиле без тело биле симнувани во телата. Сето тоа отфрлајќи го, Христос рече: „Не заради тие (нешта), туку за да се јават делата на Бога, односно Моите.” И откако тоа го рече, Христос плукна на земја, направи кал и му ги помаза очните места, и му заповеда да оди да се измие на Силоамскиот извор, за да покаже дека Тоj во почетокот зел земја и го создал човекот. И бидејќи окото е најгосподствено од сите во телото, него го создава од непостоење, покажувајќи дека и на душевната сила движење Тој и‘дава. Не го помаза со вода, туку со плунка. И да се дознае дека секое добро од плунка настана, на Силоам посака да го испрати. Да се измие му наредува, да не помисли некој дека со тамошната земја и кал некој му дал исцелување.

              Го испраќа на Силоам, за многумина да слушнат за исцелувањето, зашто многумина сретна одејќи со помазани со кал очи. Некои велат, дека и откако се измил, не ја оттргнал калта и плунката, туку таа кал навлажнета се преобразувала, односно станувала очи. Силоам пак, значи: испратен. Таа бања надвор од градот Ерусалим беше. За вереме на Језекија, за војниците што го обиколиле градот и Силоам го зазеле, запираше водата таму: кладенци ископаа внатре, за да имаат вода. И ако некој беше испратен таму со заповед од пророкот Исаија, водата повторно извираше и нацрпуваше: ако пак некој од војниците сакаше да нацрпи, запираа водните извори.

            Значи, за да покаже и Христос, дека и Самиот е од Бога, затоа слепиот таму го испраќа, и светлината веднаш последува. Некои пак, мислат дека, Силоам се нарекува испратен, заради овој слепец кого Христос го испрати. Добива очи значи, слепиот, откако се изми, од некоја неискажана сила. Тајната не ја дозна ниту тој страдалник. Соседите пак, негови, кога го видоа дека прогледал, се сомневаа. Тој пак, рече дека дотогаш бил слеп, и запрашан за причинителот на прогледувањето, на Христа укажа како на Исцелител на страдањата. Фарисеите пак, кога слушнаа за ова преславно знамение, повторно Спасителот го хулеа, дека саботата не ја запазува. Оти, во сабота, како што посака, го исцели слепиот. Расправија настана меѓу нив; едни велеа дека Исус е од Бога, заради чудата што се случуваа: други пак, дека не е од Бога, зашто саботата не ја пази. Оние што имаа добро мислење за Него, го прашуваат слепиот: „Ти што велиш за Него?” Тој за пророк Го исповеда, како најчесен од прорците.

           Тие повторно не веруваат дека на слепиот Христос исцелување му подари. Па и неговите родители ги повикуваат, на соседите не верувајќи им, зашто и тоа да го прикријат сакаат. Но, уште појавно го прават, на родителите сè раскажувајќи им, а тие пак плашејќи се дека ќе бидат исфрлени од собранието, на полнолетството на синот упатуваат. Но, и повторно на слепиот му велат: „Дај му слава на Бога, зашто од Него е исцелувањето, а не од Христа, зашто е грешен, заради нарушувањето на саботата.”

Тој пак, сакаше да покаже дека делото е од Бога: „Не знам – вели – знам само дека бев слеп, а од Него прогледав.” Пак му рекоа: „Како ти ги отвори очите?” Тој пак изморен, не одговора подробно, туку вели, ако не би бил од Бога, не би го направил ова знамение. И прв беше малтретиран од нив, зашто призна и дека е Негов ученик, и затоа што рече: никој не отврил очи на слеп роден. На слепи и други очи им отворија, но на роден слеп – никој. Тие го навредуваа и далеку од синагогата го изгонија. По сето тоа, Исус го наоѓа и му вели: „Ти веруваш ли во Синот Божји?” Тој пак, дознавајќи кој е Тој што со него зборува, и виден од него, зашто не Го познаваше порано кога беше слеп, Му се поклони, и ученик Негов стана, добротворството проповедајќи го.

Би се рекло и ова во преносна смисла: Христос како капка слезе на земјата и се воплоти од Света Дева. Исто така и Божественото Крштение ни го предаде, кое што е Силоам. Потоа христијаните од паганските народи за Христа на сè се осмелуваат, и гонети и сведочат и на крајот од Него стануваат прославени. Со неискажаната милост Твоја, Светлодавателу Христе Боже наш, помилуваj и спаси нè. Амин.

Извор: Неделя шестая по Пасце, о слепом

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2052
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2070
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 515
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

09/05/2026 - сабота

Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски; Свети Јоаникиј Девички; Свети Стефан епископ Пермски; Преподобен Филотеј Зервакос ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная