логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

srna


„Како што срната жеднее по водни извори, така и мојата душа, Боже, жеднее за тебе”(Пс. 41 : 2-3)

Од сите видови на уметност, музиката е најдлабоко поврзана со религијата, како по својата при¬рода, така и по своето име, потекло и практична примена во богослужбите на сите религии низ историјата.

Религијата е стремеж, копнеж, носталгија на човечкото битие по Бога. Тоа е така, затоа што човекот не само што е создаден од Бога, туку е и создаден по Бога, односно со образот Божји во себе: да му биде добро и да се успокојува само кога е при Бога.

Во различни периоди религиозните луѓе речиси еднакво ја изразувале оваа јатка на религијата: „Како што срната жеднее по водни извори, така и мојата душа, Боже, жеднее за тебе”(Пс. 41 : 2-3). Многу векови подоцна, Блажен Августин ќе напише во своите „Исповеди”:„Ти го создаде срцето нaше за Самиот Себе, Боже, и затоа не може да се успокои, додека не Те најде.“ А уште подоцна Рабиндранат Тагоре ќе реди нови химни – псалми на Бога, кои ги завршува со признанието: „Како што јатото жерави (преку планини, мориња и пустини) се устремува кон својата татковина, така и човечката душа вечно Те бара Тебе, Боже!“

Човекот е раздвоено, заробено битие. Тој е со божествено потекло, со божествен образ и е предназначен за божествен живот, со тоа што бил поставен во рајските убавини, не само за да ги поседува, да им се насладува и да им биде господар, туку и сам да ги разубавува, бидејќи е последната, највисока и најубава творба на Бога, и бил способен да го обработува, односно да го облагородува рајот (Битие, 2:15). Но, поради прегрешението свое, тој – блудниот Божји син го напуштил татковиот дом, се оддалечил, ги потрошил добрата, се лишил од рајот и заскитал бездомен и гол, гладен и ранет по световните патишта, за да го заработи со крвава пот сувото парче леб, да голта горчливо-солени солзи и да ја пролева низ милениумите својата крв во меѓусоседни и братоубиствени војни.

Но, колку се поголеми неговите падови, страдања, противречности, пропасти и дисхармонии, колку е потажно и крваво неговото битие во гревот, толку повеќе тој си спомнува за татковиот дом, за божествената татковина, за убавината, хармонијата и мирот среде кои бил поставен и за кои бил предназначен. И тогаш го опфаќа тревога и мака, го опфаќа неодолив копнеж и ранетата му душа боледува за татковиот дом, сè додека не отиде и падне на колена за да исплаче:„Прими ме како еден од Твоите последни наемници, Бoже, оти не сум достоен јас, заблудениот, да се наречам повеќе Твој син, но нека бидам само при Тебе, оти жеднее душата моја за Тебе, како жеравите кон татковината се стреми битието мое кон Тебе.”

Таков е христијанскиот поглед за човечката богоустременост и жед, на која, како одговор дошла божествената милост и искупителната жртва на Единородниот Син Божји.

Некогаш Платон, сакајќи да ја објасни вечната човечка богоустременост, учеше дека човечките души биле создадени од Бога уште при создавањето на светот и биле оставени да ги согледуваат небесните убавини, небесната хармонија и совршенството. Кога потоа се раѓаат одделни луѓе, секоја од душите е испратена да се воплоти, да добие телесно земно живеалиште, и за неа тоа е како заробеништво, како затвор, клетка, затоа што ја држи далеку од небото и неговите неискажливи убавини. Но, и покрај тоа, душите не го загубиле, и никогаш не би можеле целосно да го загубат споменот за горното, за небесното духовно царство и за блаженството кое го доживеале таму. Затоа и покрај многубројните телесни грижи, измачувачки како синџири, и покрај пречките и ранливите дејствија на светот, тие се стремат да се вратат повторно таму, горе – во татковиот дом. Почесто или поретко, лесно и брзо, или потешко и бавно душите се устремуваат како птици, на кои им го отвориле кафезот – кон совршенството, кон првото начело и последната цел, кон идеалот на секоја вистина, на секое добро и убавина – кон Бога.

Според Платон и според најдлабоките филозофи по него, сите духовни стремежи на човекот, во суштина, се религиозни, затоа што се стремежи кон совршенството, односно кон Бога. Науката е стремеж кон вистината, но Бог е последната совршена вистина. Моралот е стремеж кон доброто, но Бог е последното, апсолутно добро. Уметноста е стремеж кон убавината, но Бог е последната, вечна убавина. Значи, секој стремеж кон еден или друг идеал е стремеж кон Бога. Затоа, во наше време, големиот германски филозоф Рудолф Ојкен оправдано зборува за два вида религии: карактеристична – во тесна, суштинска смисла, како една од појавите на културата; и универзална – онаа што ја вклучува целата човечка култура.

На уметноста, како служителка на убавината, Платон ѝ одредува особено важно место сре¬де општата богоустременост, затоа што, додека другите духовни појави (науката и моралот) само бавно и по долги докажувања и истражувања нè издигаат кон совршенството, уметноста ја има способноста, најдиректно и најбрзо да нè издигне кон созерцавање на убавината и хармонијата. Созерцавањето на природните и уметнички убавини ја бранува нашата душа, ја откинува привремено и ја крева до вдахновено созерцание. Тогаш како целиот материјален свет да станува туѓ, престанува да постои за неа и таа, воодушевена, опиена, испитува возвишена радост, се чувствува пренесена надвор од сите недостатоци, противречија и борби, надвор од сите ограничувања. Во тој миг душата ја испитува блажената близина на совршенството, сродноста со него и своето божествено потекло.
Но, ако сето ова важи за сите видови на уметност, особено се однесува на музиката како најдуховната и возвишена уметност која најбрзо и најлесно ја воведува душата во блажените дворци на идеалното.

Др. Димитар Пенов

Превел: Мики Делев

Извор: http://www.pravoslavie.bg/%D0%9C%D1%83%D0%B7%D0%B8%D0%BA%D0%B0/%D0%A0%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%B8%D1%8F-%D0%B8-%D0%BC%D1%83%D0%B7%D0%B8%D0%BA%D0%B0/#.VLJmMdLF_cw

Преземено од: Преспанско- пелагониска епархија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная