логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 До нашата редакција деновиве пристигнаа неколку писма со барање да објасниме кое е значењето на задушницата, воопшто, како и потеклото на оваа конкретна задушница, позната како митровденска (поради фактот што се одбележува во саботата пред празникот на св. Димитриј Мироточив Солунски). Во консултација со свештенството на МПЦ-ОА и користејќи релевантна црковна литература, дојдовме до следните информации кои, веруваме, ќе ни користат на сите нас.

+ + +

Како последица на она што Црквата е, а тоа е – заедница на живи и упокоени членови, но и на верата во воскресението и праведниот Суд Божји, се јавува принесувањето на молитви за „блажен покој“ на оние кои се упокоиле во Христа. При вршењето на помени и молитви за упокоените, Црквата се раководи од апостолската заповед да се молиме едни за други и за сите луѓе. „Молете се еден за друг“ (Јк. 5, 16), и „живееме ли, умираме ли, Господови сме“ (Рим. 14, 8).

+ + +

Во Православната Црква, задушниците (како што кажува самото име, денови за-душа), ја засилуваат и обновуваат нашата свест дека ние, како живи членови, и претходно упокоените христијани сме роднини, еден неразделив жив организам, една и иста жива Црква. Нашта должност е во овие денови да се молиме, како дома или во келија, така и во Црквите и на почивалиштата (гробовите), но и да твориме милостиња за душите на упокоените, со длабоко уверување дека Бог ќе ги прими приносите направени за покој на душите на оние за коишто се принесени.

Во Црквата има два вида на задушници: засебни и општи. Засебните се одржуваат од семејствата, за своите упокоени роднини, а општите ги назначува Црквата, грижејќи се за сите свои упокоени членови. Секоја сабота, Црквата во своите молитви се обраќа кон сите светии, сеќавајќи се на сите претходно упокоени отци и мајки, браќа и сестри наши.

Покрај овие општи саботи, извесни се некои денови од црковната година кога се врши општ помен за сите упокоени. Меѓу нив спаѓа и митровденската задушница.

Митровденска задушница е обичај којшто е карактеристичен за словенофоните цркви. Имено, после победата на Татарите во 1380 година, Димитриј Донски се упатил во московската света обител на Живоначалната Троица, кон преподобниот игумен Сергиј, замолувајќи го за соврши помен за паднатите борци, за подоцна да му предложи секоја година, во саботата пред празнувањето на св. великомаченик Димитриј Солунски, да се моли за душите на овие војници.

Набрзо овој обичај бил прифатен од Црквата во Русија, со таа разлика што на овој ден се молиме не само за упокојување на душите на војниците, туку и за сите претходно упокоени. Од Русија, оваа пракса била пренесена и во другите словенофони цркви, меѓу кои е и нашата Македонска Православна Црква.

+ + +
Што е потребно за парастос?

За парастос се потребни варена пченица (коливо), свеќа и малку вино.

Варената пченица се нарекува уште и коливо. Самиот термин има грчко потекло, и доаѓа од зборот ο κολλιβος, што првично означувал мерка за тежина на злато колку пченично зрно; подоцна овој збор означувал ситни пари, односно монети од мала вредност. Од ова основно значење настанува зборот το κολλιβον, што означува вид на колач од пченица или варена пченица, која се принесува за спомен на упокоените светии (можеби звучи соблазнително, но во Црквата сите оние кои во Христа се облекле се нарекуваат светии, зашто свет е нивниот Отец, по дарот на восиновувањето Христово).

Коливото нè потсетува на воскреснието, оти – како што полјоделецот оди на нива и сее пченица, па пченичното зрно гние во земјата, за подоцна од тоа изгниено зрно да излезе нов плод, така и телата на нашите покојници се предаваат во земјата, кадешто гнијат, за потоа, за време на Второто Христово пришествие истите тие тела да воскреснат за живот вечен.

За ова сведочат и Господовите зборови: „ако зрното пченично, што паднало на земја, не умре, останува само; а ако умре – ќе донесе голем плод“ (Јн. 12, 24).

Свеќата, пак, ја символизира светлината на вечниот живот кон кого преминува душата на упокоениот. Бог е Светлина, и Тој живее во непристапна Светлина. Запалената свеќа исто така ја означува и топлината на нашата љубов, топлината на молитвите кои ги принесуваме за душата на покојните.

 Второ Христово пришествие, детаљ

 Второ Христово пришествие, детаљ

Виното е символ на Христовата победа над смртта; она што можеби историски влијаело на присуството на виното на парастосите што се извршуваат на почивалиштата е монашкиот обичај на откопување на гробовите на три години од упокојувањето на човекот. Имено, доколку при откопувањето, браќата виделе дела телото на упокоениот е распаднато, и останале само неговите коски, тие ги ваделе коските и ги измивале во вино, положувајќи ги подоцна во посебна костурница. На тој начин нив им се откривало дека покојниот живеел праведен живот.

Доколку пак, истото било пронајдено во полураспадната состојба, тоа значело дека покојниот нешто многу се огрешил, та и земјата не сакала да го прими во себе. Таквиот труп повторно бивал затрупуван во земјата, и секој од браќата монаси творел по сто земни метании дневно, за простување и отпуштање на гревовите на упокоениот брат. Исклучок од ова правило биле нетрулежните мошти на светителите, кои при откопувањето пројавувале големо благоухание и речиси неодминливо чудотвореле.

Обичаите со делење на храна на присутните на парастосот се дел од црковниот фолклор кој се накалемил на црковните преданија, но од друга страна, понекогаш застрануваат и во нивна перверзија. Важно е секој христијанин да знае дека на душите на нивните упокоени роднини не им е потребна храна; напротив, таа храна треба да биде разделена на ближните кои се живи и се наоѓаат во неповолна материјална состојба, за преку таквите добри дела, но и преку молитвите на оние на кои им помагаме, душите на упокоените да добијат мир и оддишка.

Извор: Агапи

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3121
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7592
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная