Кај светите отци пропишано е строго правило: не верувај во чуда, во било каква свелина, и во било што друго. Не е грев ако не се поверува дури и во вистинско јавување, но многу е тешко ако се поверува во лажно, зашто тогаш ѓаволот влегува во игра и влече сè повисоко и повисоко кон врвот и оттаму фрла. Помолете се околу вас да на нема никави чуда. Вам не ви се потребни. Таму каде што нема вера – таму се потребни чуда. Молете му се на Бога да ги отфрли од вас сите сеќавања на нив. Сè надворешно во духовниот живот е неважно. Во срцето е сиот подвиг.
Од писмата на свети Теофан Затворник
Што се тоа чуда? Светлоста наша, мирот наш, среќата наша, преподобноста наша, подвигот наш, молитвата наша, ослушкувањето на Бога кое го имаме кога го љубиме, смирението наше, љубовта наша, кротоста наша, тихувањето наше – тихување во смисол на состојба во која можеш да го слушаш и послушуваш Бога – сите тие дарови на Светиот Дух и воошто сè што прави Бог сè чуда, карактеристики на Неговото присуство. Старец Емилијан
Извор: http://agapi.mk/za-cudata/