Професорот Никос Стергиу, декан на факултетот за биомеханика при Небраскиот универзитет во Омаха (САД), автор е на многу научно-иновативни истражувања – човек на науката а истовремено и православен верник. Тој од научна гледна точка зборува за чудата во православната вера, и за тоа каков впечаток му оставил Атон.
Никос Стергиу е убеден дека со сѐ управува Божјата промисла и нема ништо случајно во животот на човекот. Како научник тој своите зборови ги потврдува со конкретни докази – факти на многубројните чуда кои секојдневно се случуваат по целиот свет. „Одите во црква или на поклонение на Света Гора и насекаде слушате за чудеса. Тие не можат да бидат само плод на измислици и фантазии, зарем милиони луѓе во светот можат да бидат жртва на лаги, буквално да бидат дел од една меѓународно организирана структура на дезинформации? А зошто некој би го правел тоа?“, изјави научникот. Тој исто така истакна дека на атонскиот скит Света Ана секоја година благодарните родители испраќаат стотици фотографии од своите малечки, во знак на благодарност за помошта укажана во нивната борба со бесплодноста, после молитвата пред моштите и пред иконата на Мајката Божја.
Професорот изјави дека научниците се должни да го објаснат тоа што се случува во светот. Тој го смета за ненаучно игнорирањето или сметањето за случајност на оние појави кои науката не може логично да ги објасни. „Најлогичното и најразумно објаснување за таквите случаи е постоењето на Троичниот Бог. Кога вие ќе го прифатите тоа, ќе сфатите дека има многу такви поразителни појави, како на пример творењето на непрестајна умна молитва“, кажа Никос Стергиу.
Научникот во повеќе наврати ја посетувал Света Гора. Тој вели дека таму се удостоил „да стекне поразително успокојување“. Пребивал, исто така, и во манастирите основани од старецот Ефрем Филотејски во САД и лично се познавал со споменатиот старец. Најпосле тој додаде дека денес многу негови колеги-научници од САД примаат Православие.
Извор: Православие.ру
Преземено од: Бигорски манастир