логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. Ова, велат истражувачите, потврдува дека античките Македонци биле писмени, што се коси со досегашни тврдења на светската наука.

Најпознатиот експонат во Британскиот музеј

Светски познатиот Камен од Розета, најпознатиот пишан артефакт од Египет, е најден во 1799 година во местото Розета (на египетски Ел Рашид) во Египет, при копање за изградба на фортификациски објекти од страна на француската војска во текот на египетската воена операција на Наполеон Бонапарта. Тогаш и Англичаните влегуваат во судир со француската војска и оваа краткотрајна војна завршува со потпишување примирје во Александрија во 1802 година и со пораз на француската војска. Во согласност со одредбите на ова примирје Каменот од Розета, заедно со сите други ископани артефакти, им припаднал на Англичаните, кои го пренесуваат во Англија и го сместуваат во Британскиот музеј во Лондон, каде што и денес е изложен како еден од најпознатите експонати. Во јули 2003 г. Египет бараше враќање на Каменот од Розета.   Kопии од овој познат камен има речиси во сите европски музеи.  

Изработен е од гранит со импозантни димензии: височина 1,44 метри, широчина 0,72 метри, дебелина 0,28 метри и тежина 762 килограми. Содржината на Каменот е всушност декрет на фараонот (царот) Птоломеј V Епифан Евхаристос по повод првата годишнина од неговото крунисување во 196 г.п.н.е. Напишан е од група свештеници во Египет, во чест на египетскиот фараон и наведена е листа на сите работи што тој ги направил, а биле добри за свештениците и за народот на Египет.

Во 1822 година францускиот научник Шамполион, врз основа на античкогрчкиот текст успеал да ги дешифрира хиероглифите. Со средното писмо светската наука сè уште има проблеми со читањето и разбирањето. Сега првпат е дешифриран и средниот текст, за кој Бошевски и Тентов тврдат дека е напишан на антички македонски јазик. Двајцата истражувачи тргнаа од претпоставката дека јазикот бил македонски, односно од балканскиот ареал. Основа за таков пристап е што со Египет владеела династијата Птоломеи (кои се антички Македонци, зашто основач на династијата е Птоломеј Сотер, генерал на Александар Македонски), така што античкомакедонскиот бил и државен јазик на Египет на кој се пишувале сите државни документи.

Според зборовите на академикот Бошевски, современата наука има прифатено неколку стојалишта – „античките Македонци биле неписмени, од нивниот јазик не останала запишана ниту една реченица, а камоли цел текст, и тоа доста голем, така што текстот на каменот од Розета е напишан на три писма со употреба на два јазика, по следниот редослед: хиероглифско на античко-египетски, демотско на античко-египетски и античко-грчко на античко-грчки. Нашите појдовни претпоставки беа дека е неприфатлива констатацијата дека на писмото и на јазикот на Античките Македонци не е сочувана ниту една осмислена реченица и според тоа сметавме дека текстот на каменот од Розета е напишан со употреба на три јазика, по следниот редослед: хиероглифско на античко-египетски, слогово на античко-македонски и буквено на античко-грчки".

До овие заклучоци е дојдено споредбено со основните карактеристики на пишувањето текстови во тој период. Така е заклучено дека нема интерпункциски знаци во денешна смисла, кај буквените писма постојат само големи букви и сè е напишано во една непрекината низа без употреба на празно место. Текстовите од каменот имаат свои карактеристики, кои авторите ги наведуваат: кај хиероглифскиот и „демотскиот“ текст насоката на пишување и читање е од десно на лево, додека кај античко-грчкиот текст насоката на пишување и читање е од лево на десно. Од карактеристиките на писмото на средниот текст од каменот, беа издвоени следниве: писмото е доминантно слогово со учество на мал број пиктографски знaци, слоговите се исклучиво од типот согласка-самогласка, постојат знаци за пишување на изолирани согласки и самогласки и покрај стандардното пишување на слоговите знаци еден до друг, тие се пишуваат и еден над или врз друг. Во текстот, исто така, се среќаваат имињата на два бога и тоа како во оригинал се изговарале на античко-египетски.

Во декретот се наведени местата каде да се постават камењата со текстот. Според преводот, во македонскиот текст Египќаните се запишани како Аѓупци, Македонците како Живи господари, а Грците како Данајци. Средниот текст е со вчудовидувачка сличност до идентичност со сегашните македонски говори и дијалекти, според приложените 167 зборови. Еве некои зборови: наше име, најнаше име, деца, децана, деца мои, божен, најбожен, господар, господари, же(и)во, бога, бога нашион, на нашево бога Sе (Светлина, Sевс?), на бога се деца, налеа (статуа налеана), надеж', тој, мој, мо (јас), мои, вои (вие), ј'ви (јави), б'де (да биде), најзе (нејзе), дивејеи (се диви, восхитува), ата (татко на старословенски) итн.

Писмото е слоговно од типот согласка-самогласка. Основните знаци (согласките) се наоѓаат во по 8 положби и, во зависност од позицијата, односно аголот под кој се наоѓаат, се чита слогот со изговор на самогласката, како еден вид јотација во старословенскиот јазик. Покрај согласките за првпат се предлага озвучување и на самогласките. Идентификувани и озвучени се 25 согласки и 8 самогласки, речиси половина од нив (12) согласки формираат слогови со сите 8 самогласки, додека останатите согласки со 4-5 самогласки. Исто така, идентификувани се 4 пиктографски знаци, карактеристична е употребата на лигатури со цел да се покрие зачестената употреба на предлогот „на“. Често се употребува и сврзникот „и“, а множина се прави со додавање на „и“ на крајот од зборот, како, впрочем, и денес. Со употреба на дефинираните правила за читање и озвучување идентификувани се над 160 зборови. Од сето ова произлегува дека средниот текст е дефинитивно напишан на писмото и јазикот на тогашните господари на Египет - Античките Македонци. Средниот текст, всушност, бил оригиналот од кој описно се преводите на старогрчки и на староегипетски. Македонскиот текст не се совпаѓа буквално со другите два текста.  

- Незамисливо е дека народот што речиси 300 години владеел со целиот тогашен цивилизиран свет бил неписмен на својот јазик. Со ова наше истражување докажуваме дека имало писменост и го откриваме писмото и дел од јазикот - вели проф. Тентов.

- Во нашиот труд ние практично првпат комуницираме со античките Македонци, и тоа директно, а не преку посредници како што се Египќаните или други народи. Низ овој текст може да се проследи кои биле античките Македонци и како зборувале - вели академикот Бошевски.

Проектот „Дешифрирање на средниот текст на каменот на Розета" се одвивал под покровителство на МАНУ. Материјалот од истражувањето е веќе испратен до релевантни институции, кои се занимаваат со овој историски период, а коментарите, како што велат нашите научници, допрва се очекуваат, но со оглед на досегашниот став на современата наука веројатно ќе треба да се почека подолго време.

Книгата од истражувањето на Бошевски и Тентов „Прилози“ со темата „По трагите на писмото и јазикот на античките Македонци“ е промовирана во МАНУ на 29 јуни 2006.

Мексиканскиот археолог и лингвист Роберт Салинас Прајс, познат во светската наука по теоријата дека Хомеровата Троја се наоѓа по долината на реката Неретва, е воодушевен од истражувањето на македонските научници Томе Бошевски и Аристотел Тентов. На средбата на тројцата научници во Скопје, Салинас го оцени нивниот труд како исклучително ветувачки за современата наука.

- Темата е атрактивна за целата светска научна јавност. Денешните археологија и антропологија се производ на теории стари околу еден век. Тоа што го открија археолозите Шлиман и Пари беше големо освежување за разбирањето на нашето минато и историја, а нивните теории станаа дел од школските системи и од колективното цивилизациско поимање на нас самите. Но, разговорот за нивните теми веќе е потрошен и, вртејќи се во круг, станува банален. Со години во археологијата не се појавила нова идеја, која ќе го помести денешното поимање за редоследот на културите и цивилизациите. Теоријата на македонските научници е токму таква свежа крв каква што и е потребна на науката денес - изјави Салинас за „Време“.

Според него, книгата на Бошевски и на Тентов, насловена „По трагите на писмото и јазикот на античките Македонци“, би можела да стане еднакво провокативна и популарна како книгата на Салинас „Хомеровата слепа војска“ од 80-те години на минатиот век, во која тој ја приложува тезата дека реката Неретва е античката река Скаламандер крај која се водела познатата Тројанска војна, а легендарната Троја била на Балканот, а не во Мала Азија, како што е прифатено во науката.

- Не се сомневам дека Бошевски и Тентов откриле нешто големо. Деновиве првпат се запознавам со нивната теорија, но сè уште е рано да ја сместам во некаква историска перспектива. Ќе ја продолжам соработката со нив, ќе размислам за фактите и ќе го проучам нивниот труд. Имам многу прашања за кои сум љубопитен и сакам да им ги поставам. Тие многу напреднале во развивање на тезата, особено во нејзиниот лингвистички дел, во споредувањето на трите текста од Каменот во Розета, а тоа го прави нивниот труд извонреден. Среќен сум што сретнав луѓе што, како мене, работат на теории што ја менуваат усвоената слика за светот. Решавањето на вакви големи загатки е тежок процес, некогаш толку макотрпен што на моменти се чини дека ќе го загубите разумот - вели Прајс.

Средбата на Бошевски и на Тентов со Прајс ја организира белградската издавачка куќа „Пешиќ и синови“ чиј гостин беше мексиканскиот археолог. Овој српски издавач ориентиран кон објавување дела од областа на палеолингвистиката, археологијата и нови научни теории е заинтересиран за објавување на трудот на македонските научници во Србија.

По промовирањето на својот научен труд во МАНУ, Бошевски и Тентов продолжија со продлабочување на теоријата за етногенезата на античките Македонци и нивниот јазик.

- Според нашите најнови сознанија, системот на пишување што го користеле канадските Ескими и некои северноамерикански индијански племиња, на пример, е истиот систем на пишување што го сретнавме на Каменот од Розета. За постоењето и староста на античкомакедонската писменост потврда најдовме и во ископините на в иничкото кале. На еден керамички предмет, датиран околу 7.000 години п.н.е., се наоѓа текст од кој 18 знаци кореспондираат со оние од текстот на Каменот од Розета - вели Аристотел Тентов.


 kamenot.odrozeta1.jpg

The Rosetta Stone is one of the best known textual artifacts from ancient Egypt, object of a great number of studies and much research in the scholarly world of this field. It has its name because the location where it was excavated, that is Rosetta, i.e. El-Rashid in Arabic. It was discovered by a French soldier who had been working on excavating fortifications for the needs of Napoleon's army during his campaign in Egypt in the year 1799.

After a short military clash with the English army, when Napoleon won the battle, a peace treaty was signed in Alexandria in 1802. In accordance with the regulations of this peace treaty all the goods and artifacts possessed by the French army became the property of the British. On the basis of this, the Rosetta Stone was moved to England where it still is today and is one of the best-known exhibits at the British Museum in London. The Rosetta Stone is a stone of black granite, characterized with the following attributes

               height 1.44m
               width 0.72m
               thickness 0.28m
               weight 762kg

The special decree that had
Посети:{moshits}


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1898
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2406
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

17/11/2024 - недела

Преп. Јоаникиј Велики; Св. свештеномаченик Никандар, епископ Мирски и Ермеј презвитерот;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная