Вчера, во соборниот храм на Св. Климент Охридски во Скопје, се одржа свечен концерт во организација на женскиот камерен хор "Злата Мегленска". Настанот, се одржува традиционално, втора година. На свечениот концерт, свој настап имаа и хорот "Вардар" под диригенство на Илија Атанасов, детскиот хор "Изворче" при хорското студио "Рустико" и под диригенствио на Запро Запров. Гостин на вечерта беше оперскиот пејач Борис Трајанов. Со хорот "Злата Мегленска" диригираше Левка Димовска-Полизова. Инаку, целиот настан беше под патронството на Македонската Православна Црква и во соработка со Домот на културата "Кочо Рацин", а со поддршка на Град Скопје и Министерството за култура.