Присутните ги поздрави заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ кој воедно и ја отвори оваа саемска манифестација, која од 24 до 29 април се одржува во Скопје.
Заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ во своето обраќање подвлече дека Саемот на книгата е водечки настан за поклониците на убавиот збор и вистински празник за сите вљубеници во печатеното издание.
„Оваа саемска манифестација е од големо значење за македонската читателска публика која ќе има одлична можност во наредните денови да ужива во најголемата концентрација и презентација на најновите дела од домашната, но и од светската книжевна продукција. Воедно Саемот на книгата е и одлична можност за остварување поголема соработка помеѓу издавачките куќи“, истакна заменик-министерот Недељковиќ.