Скопје, 26 март 2012 (МИА) - „Кројцеровата соната“ од Лав Николаевич Толстој е најновиот наслов од едицијата „Амор Магнус“ на првата независна издавачка куќа во Македонија „Ѓурѓа“.
- Секоја страница од „Кројцеровата соната“ на Лав Н. Толстој (1827–1910) е обележана со непомирлив бунт кон востановените општествени норми, а пред се кон лажниот морал на побогатите општествени слоеви и кон бракот како наметната институција, информира „Ѓурѓа“.
Заради големиот интерес, наведуваат од издавачката куќа, цените на книгите од оваа едиција ќе бидат намалени од 50-80 отсто, односно книгите од оваа едиција наместо 499, ќе се продаваат по 200 денари примерок. мд/са/11:09