Прва заповед
Верувајќи тихувај
во совршенството на
Отецот,
Пеејќи непрестајно
во надежта, воспевајќи го
Синот,
и Љубејќи Го со сето
срце, душа, разум и сила
Духот,
да те придружува секогаш
со златни струни.
Втора заповед
Ширум срцето отвори го,
сиот свет да го
собере.
Викни си сиромаси
и направи гозба;
наречи ги ѕидари,
палата да ти изградат
горе, на Небесата,
та и нив, па и тебе,
да ве благослови
Севишниот.
Љубовта
Љубовта значи жртва.
Да љубиш - значи да се жртвуваш,
Да љубиш - значи да се распнуваш,
Да љубиш - значи да умираш,
и да живееш,
А да живееш - значи да љубиш,
Да љубиш посилно од колку
што можеш или смееш,
посилно од себе,
и да се предадеш целосно
на единствената Љубов,
воскресната – Која никогаш
не престанува.
автор: Антонио Лазески , ученик во Македонска Православна Богословија
Други текстови:
Само посета, или нешто повеќе ?!
Патека ( на денот на св.Варвара и св. Јован Дамаскин)
Христијанската етика и пороците во современиот живот
Copyright@2007
{moshits}