Околу 800 страници од најстарата Библијата ставени се на интернет. Пронајдената копија, засега е најстарата откриена Библија.
Библијата може да се вид на www.codexsinaiticus.org, каде се поместени и фотографии од ракописот на Синајскиот кодекс стар 1600 години. Кодексот ги опфаќа Стариот и Новиот завет, како и некои апокрифилни беседи.
Делови од пронајдената Библија од четвртиот век се пишувани на старо грчки јазик. Оригиналната верзија е од 1.460 страници, во формат 40 на 30 сантиметри.
Синајскиот кодекс 1500 години бил чуван во манастир на Синајска Гора, Света Катерина. Тој бил откриен во 1844 година, но монасите само делови им давале на научниците од Египет, од Русија, од Германија и од Велика Британија.
Копијата опстанала поради идеалните услови за конзервација во манастирот. (МИА)