Софија Грандаковска
Од збирката Препечено сонце
ТРИ
Надевајќи се
Сè станува полесно
Во овој свет за љубов заветен
Во овој свет од нељубов разгмечен.
Верувајќи
Го раснеш човекот во себе
Пред секое зло што како најголемо добро
Сака да го види човекот обезЉубен.
Премудрост,
Да останеме во живот
Заедно ние.