Во чест на годишнината од смртта на Достоевски, мене омилениот ми писател, еден кус извадок од неговиот роман ,,Браќа Карамазови'':
,,Сфаќајќи ја слободата како множење и брзо задоволување на потребите, луѓето ја расипуваат својата природа, зашто во себе создаваат многу глупави желби, навики и секакви измислици. Живеат само за да си завидуваат едни на други, за угодување на телото и за горделивост.
Да имаш ручеци, приеми, кола, чинови и робови-слуги, тоа се смета за толку неопходна потреба што поради тоа се жртвуваат и самиот живот, честа, па дури и човекољубието, само за да се задоволи таа потреба, дури и се убиваат ако не можат да ја задоволат. Кај оние што не се богати го гледаме истото, а сиромашните незадоволувањето на потребите го задушуваат со пијанство. Но, наскоро, место со вино, ќе се опиваат со крв, кон тоа ги водат.
Јас ве прашувам: слободен ли е таков човек? Познавав еден „борец за идеја“ кој сам ми раскажа: кога во затворот го лишиле од тутунот, бил толку разочаран од тоа што за малку не отишол да ја издаде својата „идеја“ само за да му дадат тутун. А таквиот вели: „Одам да се борам за човештвото.“ Каде може да оди таквиот и за што е способен? Единствено можеби за некој избрзан чин, а нема многу да издржи.
И тогаш не е чудно тоа што место во слобода, паднавме во ропство, а место во служба на братољубието и човечкото обединување, напротив, паднавме во подвоеност и осаменост, како што ми зборуваше, кога бев млад, мојот таинствен гостин и учител.
И затоа во светот сѐ повеќе и повеќе се губи мислата за служење на човештвото, за братството и човечката заедница и навистина таа мисла веќе ја пречекуваат дури и со подбив, зашто, како ќе се откаже од своите навики, каде ќе отиде тој заробеник штом толку навикнал да ги задоволува своите безбројни потреби што ги измислил сам? Тој е осамен и зошто би го интересирала целоста? Луѓето стигнаа дотаму што натрупаа повеќе предмети, а имаат малку радост.“
Февруари 2023 лето Господово
Јаков Илкоски
Друго:
Најмудрите мисли на ДостоевскиФјодор
Достоевски: Необични факти за животот на ...
3 најдобри книги од Фјодор Достоевски
Неверојатната и трагична животна приказна на Фјодор ...