Македонскиот поет Игор Крајчев од Велес е прогласен за поет на неделата на престижниот британски магазин „The Poet Magazine“. Покрај биографијата на Крајчев, магазинот пренесува и пет негови поетски творби препеани на англиски јазик.
Ова признание за Игор Крајчев доаѓа токму нспроти одбележувањето на 21 Март – Светскиот ден на поезијата.
-Пресреќен сум и ова признание е мотив плус да продолжам понатаму уште поуспешно со презентирање на мојата и македонската поезија во светот, потенцира Крајчев за МИА.
Инаку. ова застапување на македонскиот поет Игор Крајчев во британскиот магазин, доаѓа само неколку дена по излегувањето од печат на неговата најнова, шеста книга ,,Лудило.Писма.Откровение” во издание на „Матица“, за која предговор напиша проф. д-р Венко Андоновски, а поговорот е на проф. д-р Кристина Николовска.
Игор Крајчев , на македонската поетска сцена е познат по неколкуте изданија на поетскиот фестивал ,,United World of Poetry”, на кој онлајн настапуваат некои од најпознатите поети од цел свет.
Крајчев најавува наскоро и промоција на својата најнова книга.
Извор: