Премин Портал

Кожувчанка


Дирјан - наша избраничка за „Балканика“

Доделувањето на 11. книжевна награда ќе се одржи наесен во Скопје, а за организацијата ќе се погрижи издавачката куќа „Магор“


Со приказна за патување на натпревар за најдобар балкански автор

Прозно-поетските текстови „Приватни светови“ од Лилјана Дирјан ќе ја претстават македонската литература на следното издание на наградата „Балканика“, што наесен ќе се одржи во Скопје. Дирјан стана првата жена-писател што ќе не' претставува на 11. престижна манифестација. Книгата е во издание на Друштвото на независните писатели, чиј член е Дирјан. Комисијата во состав Ферид Мухиќ, претседател, Лорета Георгиевска-Јаковлева и Александар Прокопиев, членови, ги оценија деветте прозни дела што конкурираа. Освен делото на Дирјан, во потесна конкуренција беа „Нишан“ од Блаже Миневски,“Невестата на змејот“ од Влада Урошевиќ, „Помеѓу“ од Ирена Јорданова и „Чкртки“ од Румена Бужаровска, која влезе во последниот круг заедно со книгата на Дирјан. Георгиевска-Јаковлева рече дека иако годинава немало многу кандидати за награда, било многу тешко да се избере нашиот претставник.Во образложението за книгата „Приватни светови“ стои дека „делото се впушта во смела рехабилитација на малите ‘приватни светови’ кои се сочинети од лични доживувања, семејни случки, рефлексии за уметноста и творештвото. Авторката го поставува патувањето како егзистенцијална нужност, како спиритус мовенс, како победа на зачмаеноста. Патувањето може да биде надворешно (читање на пределот) или интерсубјективно меѓу двајца, од едниот кон вечно недостижниот друг. Патувањето во книгата на Дирјан е симбол на проточноста на самото постоење и прогон на сопствениот комфор“.Книга е составена од лирски записи во проза, афористички и скитнички одломки кои сведочат за скитањето на една немирна душа во пејзажите на човековата судбина, минималистички форми и 16 песни.

- Прозните и поетските записи на Дирјан се реторика на емоции без отстапка, жестоко писмо на ултимативни и болни исповеди, реставрирање на личното преку пронајдените собеседници од различни сфери на уметноста, комисијата заклучи дека тоа е книга на изградена авторка која фасцинира.За збирката-раскази „Чкртки“ на Бужаровска, во образложението се вели дека претставува вистинско изненадување во македонската проза. Станува збор за млада авторка и дебитантска книга која воодушевува со стилската изедначеност, кохерентност и сугестивното, психолошко профилирање на ликовите. Од навидум обични, дури и банални секојдневни ситуации, Бужаровска навлегува во суптилните, интимни односи во релациите родител-дете, маж-жена, влечејќи ја генезата на тие односи од првичното, исксуствено воспитување и поставување на вредностите во најраното детство - вели жирито.Прокопиев истакна дека се' поголем подем бележи литературата создадена од женски автори.

- Бројот на книгите не кажува дека годинава сме немале квалитет. Жирито се изненади што кај одредени автори откри нови особини во нивното творештво. Имавме три писателки, извонредни авторки, кои ветуваат дека ќе се развиваат во големи имиња. Нема потреба да ја употребуваме синтагмата „женско писмо“ - рече Прокопиев.

Писателката Елизабета Шелева, член на меѓународното жири на „Балканика“, нагласи дека добро е што се' повеќе имаме дела што го ставаат акцентот на денешнината, а не на историски тематики.

Организаторот на „Балканика“, Горјан Лазаревски од издавачката куќа „Магор“ најави дека се' уште не е прецизиран датумот кога ќе се одржи манифестацијата.

- Деновиве разговараме со основачот на „Балканика“, Никола Стојанов од Бугарија за деталите. Најверојатно ќе се одржи кон крајот на септември или почетокот на октомври, или средината на ноември. Чекавме од Министерството за култура писмена потврда дека ќе ја поддржат финансиски манифестацијата и затоа не прецизиравме договори предвреме - рече Лазаревски.„Приватни светови“ на англиски јазик ќе ја преведе Марија Џонс. Од соседните земји досега се избрани кандидатите на Грција - „Левата рака на Афродита“ од Такис Теодоропулос, „Англеос новос“ од Бешим Чеху ќе ја претставува, Албанија, а Алек Попов - Бугарија. Угледната награда лани ја доби Тасим Јуџел од Турција, а врачувањето беше во Софија. Наш кандидат беше Александар Прокопиев со својот прв роман „Ѕиркачот“. Единствен македонски добитник на „Балканика“ е Венко Андоновски, кој ја доби наградата во 2002 година за романот „Папокот на светот“. Фондацијата „Балканика“ е основана во 1996 година, а нејзини членки се издавачи од Бугарија, Албанија, Грција, Романија, Турција, Србија и од Македонија.

 (С.П.)
 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 10, 2026
TVITer297Dostoevski

По патеката на една мисла: „Истражувања“

Дали со сигурност може да се каже кој е авторот на овој текст:
Август 04, 2026
TVITer127

Потпретседателот Милошоски по повод 2 АВГУСТ — ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Ова е место каде што пред 123 години една мала чета јунаци застанаа пред неспоредливо посилен непријател — и не отстапија! Питу Гули и неговите соборци

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Мај 08, 2026 Литература 1671
Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените…

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Ное 01, 2025 Ставови 2090
SimeonStefkovski.LJubanci
Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост,…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 3680
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 3916
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Беседи

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

И секогаш да бидеме во редовен контакт со нашиот духовен отец и да го прашуваме за она што не ни е јасно од прочитаното, слушнатото или помисленото.

 Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Што и да се случи, сѐ што е само човечко има и свој крај, а единствен вистински Господар на лозјето е секогаш Бог. Бог нема да го остави тоа да...

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

 Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро. Со други зборови, иако Моравската мисија била прекината,

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

« »

Најново од Култура

По патеката на една мисла: „Истражувања“

TVITer297Dostoevski
Дали со сигурност може да се каже кој е авторот на овој текст:

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Покров на Пресвета Богородица 14 октомври/1 октомври   2026

Тропар на Покров на Пресвета Богородица 14 октомври/1 октомври 2026

Денес, ние благоверните светло празнуваме,осенети со Твоето Богомајко Пришествие, и гледајќи кон Твојот Пречист образ,

Тропар на Упокоение на светиот Јован Богослов 9 октомври/26 септември 2026

Тропар на Упокоение на светиот Јован Богослов 9 октомври/26 септември 2026

Апостоле, од Христа Бога возљубен,побрзај да ги избавиш луѓето од беспомошноста,примајќи ги оние кои кон тебе припаѓаат,

Тропар на воздвижение на Чесниот Крст 27 септември/14 септември   2026

Тропар на воздвижение на Чесниот Крст 27 септември/14 септември 2026

На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная