ПО ДВАЕСЕТТИ ПАТ
Галичка книжевна колонија
Во организација на Здружението за литература, култура и уметност Галикул", во тек е традиционалната дваесетта Галичка книжевна колонија". Оваа книжевна манифестација која има и меѓународен карактер, има за цел да овозможи неколкудневно творечко остварување на богати програмски активности, пријателствување и инспиративен престој на истакнати македонски и странски писатели во незаборавниот амбиент на Галичник и Мијачијата. Манифестацијата започна вчера со традиционалната посета на родната куќа-музеј на големиот македонски деец и преродбеник Ѓорѓија Пулевски, како и со потсет и чествувања по повод 75-годишнината од објавувањето на значајната стихозбирка Бели мугри" од Кочо Рацин, 80-годишнината од раѓањето на писателот Петре М. Андреевски. Во црквата Света Петка" се случи и литературна вечер Галичко вдахновение" со сите учесници на колонијата. Денес ќе се одржи симпозиум на тема: Од што се прави поезијата", како и три промоции во издание на Галикул" од Скопје. Вечерта на програмата е и литературна средба Од вознесение до тиховение".
Извор: Вечер