логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


РАСТЕЊЕ

 

Последниве три  години, некаде од крајот  на двеилјади  и  втората, случајно или  не,  се  собравме  десетина луѓе, меѓу нив и моите најблиски пријателки, со потреба  за  редовни  средби. Како што и порано споменав, тоа  не  беше  обично дружење  со  муабети од типот рекла-кажала. Напротив, секој  со своето искуство од светот, од својот интимен живот, од тоа што го научил од светите книги, беше  поука за другите. Бевме како  мало стадо што го бара  Невидливиот Пастир.
Се отворија теми за етиката, моралот, подоцна и посуштински размислувања за животот и неговата смисла,  прашања  за  верата, за  нејзините спасоносни тајни. Се  подучувавме едни  со други за  молитвата, постот, светата причест, трпението, милосрдието, за љубовта и нејзините плодови. Потоа спонтано започнувавме со размислувања и барање лек за нашите душевни болести и човечки  страсти и така од ден  на  ден  сè  повеќе духовно растевме.
Зборувавме и за обичните, секојдневни проблеми на  секој  од нас  поединечно, помагајќи си  и обидувајќи  се  да  го  пронајдеме вистинскиот начин за нивно  решавање.
Нашите дружења протекуваа во мирна атмосфера исполнета со љубопитност и љубов.  Неретко, меѓу нас се создаваше нервоза, нетрпение по некое прашање и борба на  ставови. Понекогаш ќе испливаше на површина самољубието, ќе  се пројавеше гневот, дури  ќе се чуеја  и високи тонови.
И покрај сѐ, со секоја нова средба се чувствувавме сѐ повеќе како едно големо семејство. Ги споделувавме личните дилеми и  проблеми, најсуптилните болести на душата, болестите на  светот.
Почнавме на дело да ја разбираме Исусовата порака  „Љуби го ближниот  свој како  себе си". Искрено сфативме дека не е пресудна крвната  врска за луѓето да се  чувствуваат свои  и блиски.
Научивме да  се  молиме едни  за  други  и  за
оние  кои  не  се  со нас,  разменувавме духовна  литература, се подучувавме за исповедта и постот, стоевме на  литургија едни  до  други.  Некои размислувања во текот  на  средбите звучеа по малку наивно и простодушно. Најнапред  учевме  едни од  други,  подоцна следеа  поуките од  пишаниот збор  на  светите  отци,  а  на  крајот,   секој имаше потреба од искусен духовен  отец.  Така  со  време растеше, прогледуваше детето во нас.


Би сакала да ги  споделам со вас  содржините на дискусиите од две  наши  средби, со  намера да ве приближам до амбиентот во кој тие се одвиваа.


* * *

Темата љубов со сите нејзини манифестации беше најчесто застапена на средбите. Во почетокот, сфаќањето на љубовта изгледаше  сувопарно, исклучиво на  земен начин -  односот маж  - жена, родител - дете   и  други  релации во  потесното и поширокото семејство. Подоцна, постепено сѐ повеќе ја откривавме нејзината суштина во светлината   на  христијанската љубов  со целиот нејзин карактер и полнота. Токму љубовта беше  прва  тема за дискусија и на оваа  средба.

- Би  сакала да  ја  отворам нашата  денешна средба со прашањето за милосрдието - ни се обрати  Мила. Да  ве потсетам, тоа  беше  моја  пријателка  од времето на  падот. - Пред тоа,  - рече  таа - ќе  ви прочитам  нешто од „Светото  евангелие по Матеј": „Да не знае твојата  лева рака што прави десната"  (Мат.6,3). - Многу  јасно овие  стихови ни  објаснуваат дека  давањето е на- ша  христијанска обврска и  дека е  корисно само тогаш кога тоа го правиме дискретно, во тајност, а не со намера да бидеме видени и пофалени. Ве- рувам дека постојат и  други  мотиви што  стојат зад  чинот на  давањето. Би било интересно да отвориме дискусија на оваа  тема.
За збор  се јави Христо.  Тој беше  човек  со срце што го  љуби целиот свет.  Го запознав во времето  на  падот кога  заедно растевме во  духот  и многу  си помагавме. Затоа ми беше  близок  како брат. Но, повеќе за него  ќе ви раскажам подоцна.
- Секако дека  постои - рече тој. - Постои
давање заради етичност или добро  воспитување, давање  заради страв од Бога,  давање безусловно, од љубов, заради чиста  радост.  Јас имам  и некои суштински и други дилеми околу  прашањето за љубовта. Се подразбира дека до својот ближен треба да бидам и во добро и во зло.  Но, се поставува  прашање кога таа љубов е почиста - кога на ближниот му се наоѓаме во неволја или пак, кога сме среќни заради неговата среќа? Може и вака да се размислува: Во првиот случај, секако дека е христијански да помогнеме кога другиот е во неволја, но  сепак, дискретно тука  може  да  вмеша прсти лукавиот, не секогаш, се разбира. Понекогаш несвесно, во целата таа  наша  голема желба да помогнеме, може  да се  крие  чувство  на  љубопитност, сеирџиство или од друга страна по малку задоволство со констатација: „Добро е што мене  тоа  не ми  се случува итн." Сепак, верувам дека кога се радуваме со радоста на нашиот  ближен, тоа е манифестација на безусловна љубов, радост заради радост, моја радост, како последица на  говорот  на  срцето,  а која  што произлегува од заповедта за љубовта. Што мислите? - како да бараше потврда за своето размислување Христо.
- Точно така, неретко и мене ми се случувало да се израдувам заради радоста на некои  пријатели, но да бидам искрена, не  така  силно   како што  тоа  би го доживеала за себе си или за моето дете - констатира Елена, млада жена  кој направи подвиг   за  својата ќерка,  па  додаде: - Постојано ме следи дилемата: Што мислите за оние  добронамерници, кои прават милосрдни дела,  имаат широка душа, а сепак, не  го познаваат или  не  го прифаќаат Господ?  Што  ќе  ни  кажеш  ти  за  тоа, Марија? - запраша Елена.
- Вистина е тоа дека  некои  луѓе тоа го прават како резултат на домашното воспитување, некои едноставно затоа што  се добродушни луѓе, што  е прекрасно. Но, дури  и да  правел  човекот  целиот свој живот добри дела, одејќи по патеката поплочена со златни намери, сепак, не е доволно, зашто не му е освестено, зашто не знае до каде  треба да оди,  каде да застане. Тој нема патоводител кој се  повикува со молитва за да  го  подучува, насочува  и  измудрува. Исто  така,  тој  не  знае од кој извор  доаѓа неговиот  порив за добри  дела, не знае кому  да заблагодари и од кого повторно да побара помош за нови  дела  на  љубовта.  Ако сам го  минува   патот, и кога е со најдобра  намера, можно е да погреши, да помогне  на начин што не е  адекватен во дадениот момент  и што  може  да доведе до неповолни последици во некој  нареден период - се обидов  да објаснам.
- Те разбрав наполно, но еве  уште  едно
размислување или дилема на темата љубов - продолжи Елена.
- Неколку денови размислувам за следното. Во своите  проповеди Христос  нѐ учи да ги љубиме  непријателите свои,  да се  молиме за нив  и да ги благословуваме. Сепак, тоа размислување ми е некако неприродно, несфатливо - рече  таа.
Христо со љубов погледна во Елена и ѝ се обрати:
- Елена, кога  Исус  беше  исмејуван, плукан, камшикуван  и  како  јагне  воден  на  колење,  кога  беше    распнат  на   крстот,   зарем  не   изговори:
„Оче,  прости им, не знаат што  прават"! Тој упати  прозба до Отецот и побара прошка за оние  кои го распнаа. Каде  сме тука ние  малите суетни луѓе?
Те молам, не сфаќај го ова како  суд, но во моментов, ти  зборуваш со јазикот на разумот, гордоста, суетата, злопамтењето. Истовремено живееш во заробеност, во лутина, во немир, затоа што другите ти згрешиле. Дали  си  се  запрашала, се- когаш ли го правиш она, што посакуваш другите тебе  да  ти го  прават? Ако си искрена пред себе  си, ќе одговориш: „Не, не сум безгрешна, живеам со два аршина - еден за себе  си, еден  за другите".
- Апсолутно  е така - призна Елена. - Неретко сум била  налутена на најблиската пријателка и тоа прилично долго време, само затоа што не размислувала како мене. Но, доколку јас простам еднаш, два пати, три  пати,  нема ли  да  потпомогнам  да го охрабрам оној кој греши и понатаму да го прави  тоа?
Во оваа  тема  и јас  се  најдов  по малку затекната, бидејќи имаше по малку логика во размислувањето на Елена и во последен миг  ми  дојде спасоносниот одговор.
- Ќе се обидам малку поопширно да го изнесам своето размислување - ѝ одговорив. - Верувам дека  сите ние, па и ти, во животот досега, барем три пати си се  згрозила, си се налутила на  самата себе, заради некоја твоја постапка или неправда кон  другите. Верувам дека и твојата ќерка, со некое лошо однесување, те довела до ужас, стрес и нервоза. Дури можеби  и физички си ја казнила. Твојата  сестра, мајка  толку  те  навредиле, што  си помислила во еден миг, дека  ги мразиш. Но, дали било така подоцна, кога  поминал бесот?
- Не, како ништо  да не  било, брзо им простувам.  Сепак тоа се мојата мајка и моето дете - одговори.
- Ете, гледаш, неправдата што некогаш ти си ја нанела на другите си ја заборавила, си простила на самата себе. Грешките на своите деца  си ги
заборавила и си им простила, исто така, дури и ги љубиш  повеќе отколку пред тоа. Се подразбира,  нели? Истото важи за твојата сестра, твојата мајка, си  им  простила затоа што  се твои.  Зашто тогаш на  истиот начин  да не ги гледаме и да не им простиме и на луѓето околу нас, кои ни згрешиле  во одреден момент, како што тоа бил случај со  твојата најдобра пријателка? Зашто ним построго  да им судиме? Ако не ги разбереме Божјите закони, тогаш  јазиците ни се разулавени,  устите змии, срцата скаменети за сѐ друго,  освен  за себе  си; гриземе, мразиме, завидуваме, судиме,  мислиме високо  за  себе,  доволни сме  си  самите на  себе. А знаеме од кого  ни  се  тие  емоции, за жал!
- Еднаш,  мојот  брат   на  оваа   тема   направи ваква споредба - им се обратив на сите.
„Се  качуваме нагоре по  ридот и колку што одиме  погоре, воздухот е посвеж,  небото  е поблизу,  а  ние  се чувствуваме   лесно,   исполнети  со чист  воздух. Исто е и со простувањето. Го одбираме патот на  простувањето. На почетокот е напорно,  гордоста е ридот,  но  простуваме  еднаш  и гледај чудо,  гордоста е  помала,  искачувањето е полесно, простуваме уште еднаш и уште еднаш и така, искачувајќи се  во духот,  стигнуваме сѐ полесно  до врвот - лесни, ослободени од гордоста, исполнети со чиста  љубов."
- Интересна споредба, ќе  се  согласите - реков, а веднаш  потоа  продолжив:
- Ајде да ја прифатиме вистината од зборовите  на светиите, да се обидеме да го презираме гневот што се  вселил во човекот, но човекот да го љубиме, зашто со секое наше простување, ние си простуваме себе  си и корнеме чемер по чемер од  срцето што нѐ измачувал, нѐ разболувал. Со секое  простување, повеќе  љубов  за  мене,  сакам уште   љубов  за  мене,  потрчувам  да  го  побарам братот  и да  му простам. Ете ми „плус" љубов за мене.  Кој се  изморил од љубов или  кој е тој што не сака  уште љубов?
Елена внимателно слушаше, но сепак по малку свртена внатре кон себе си. Имав  впечаток дека ги анализираше и ги освестуваше ситуациите во кои некогаш неправедно сурово казнила некои луѓе. Таа, со чувство на вина,  ми се обрати:
- Навистина е така.  Мојата  пријателка која со сето  срце  ми се  даде  и ми  помогна безброј  пати,  ја тргнав од мојот  живот  веќе шест  месеци само затоа што  еднаш  ми  погреши. Значи,  заборавив на  сѐ  добро  што  сторила за мене,  а го запаметив тој  еден  настан што  ми ја повреди гордоста. Нема  да  чекам ниту миг,  туку уште  вечерва ќе ѝ се јавам  дома  и ќе  ја молам  за прошка. Ќе ја згазам дефинитивно сопствената суета! - одлучна беше  Елена.
Се разлеа силен аплауз од присутните по оваа  изјава на Елена.
- Навистина темата за љубовта е бескрајна, но  зошто да не се обидеме да ја објасниме и со примери од секојдневниот живот - многу логични и едноставни - рече Никола, триесетипетгодишен архитект од Скопје  и продолжи:
- Кога   одиме   на   лекар, кого ќе одбереме:
строгиот, немтурест доктор или оној со љубов во очите? Посимпатичен ли ви е првиот човек на државата, ако самобендисан како цар, суетно седнат на престолот, се однесува и говори небаре ќе  пукне  од гордост и  чувство  на  моќ  или  еден  друг, скромен, природен, искрен, обичен човек,  кој иако неслучајно поставен таму  горе,  всушност, е толку многу долу, на земја, со вас?
Еден друг пример. Попријатен ли ви е комшијата, кој ќе ви го сврти  грбот во моментот кога ќе се доближувате до лифтот, само за да не ве поздрави или оној љубезен човек, полн со топлина, кој со жив интерес, искрено ќе поразговара со вас?  Зашто, што и да сме, научници, професори, доктори, актери, политичари, ѕидари, свештеници  и  философи, „ако  љубов  немаме,  ништо не сме". Ќе ви препорачам да го прочитате „Првото послание на апостол Павле до Коринтјаните", тринаесетото поглавје „За љубовта".
Мила веќе го пронајде во „Библијата"  споменатото послание и со восхитувачки тон  прочита:
„...Да зборувам  на  сите  човечки  јазици па дури и  ангелски, штом  љубов немам, ќе бидам бакар, што  ѕвони, или   кимвал  што ѕвечи..."
Откако го ислушавме до крај поглавјето „За љубовта", се почувствувавме мали  и непотребни. Сфативме дека во него е сѐ кажано и за сите векови.  Каква е смислата, има ли некаква полза понатаму ние да размислуваме и анализираме со јазикот на човекот од светот!?


* * *

Сепак Елена  се  охрабри  и  со  насмевка  во прекрасните зелени очи, повторно побара збор.
Но,  пред  тоа  да  ви  откријам уште  нешто за Елена. Таа има  седумгодишно девојче.  Уште кога беше   на  возраст од  две  години, Елена   ја  дозна вистината што  ја вџаши и ја скамени. Нејзината ќерка имаше сериозни проблеми со слухот.  Прогнозите беа застрашувачки: „Лек нема!" Мајката се престори во мајка - тигар! Не сакаше да се помири со вистината и веднаш ја започна битката, мисијата за спас на своето единче. Го  пронајде спасоносниот лек  во моќта  на молитвата кон  Бога и кон Мајката Божја. Пет години заборави на себе си. По милоста  Негова се  искачи до врвот. Прогнозите на докторите паднаа во вода. Денес нејзината ќеркичка има безначајни проблеми со слухот. Ученичка е во прво одделение, учи балет, слуша музика и среќна е. А Елена има секогаш само еден  одговор:  „Верата ме спаси!"
Тој ден таа сакаше да ја објасни бесмислата на животот на оние кои не ја спознале димензијата на љубовта, на еден симпатичен детски  начин.
- Токму на оваа тема, ќе ви ја пренесам приказната што мојата ќеркичка ми ја раскажа пред  некој  ден и добро  ме замисли:
„Царот бил толку вљубен во себе си и толку доволен сам на себе си, што наредил да му се изгради дворец на врвот од ридот, далеку од вревата и смрдеата што ја ширеа обичните, мали  луѓе. Дворецот бил од злато и скапоцени камења, со безброј одаи и раскошни  предмети. Дворот, пак, се ширел до недоглед, со цвеќиња и фонтани и секакви убавини. Царот побарал во секоја од одаите да висат по неколку негови портрети и многу, многу огледала. Седел  така  на  престолот,  се воодушевувал на својата моќ, поголема од моќта  Господова, високо, далеку од маките и солзите на недостојниот прост  народ. По  цел  ден  шетал низ дворецот, подзастанувал, се гледал во огледалата, восхитувајќи се од сопствената  убавина. Не сакал никој да го вознемирува, да го посетува, а уште  помалку тој  сакал да  се  симне таму  долу, кај  луѓето,  зашто тој  бил  цар,  доволен сам  на себе! Го посетувале само десетина избрани луѓе, кои вешто се подготвувале да го хранат со убави ласкави зборови својот цар, зашто тој за тоа  им возвраќал со удобен  живот  горе, на  врвот од палатата. Така поминувале денови и години, а додворувачите му ја потврдувале големината, моќта и мудроста што ги поседува и убавината на  неговото лице и тело. И така денови и години додворувачите веќе се измориле, немале што ново  да зборуваат, па веќе и тие  му станале непотребни на царот. Ги избркал долу кај кутриот, неблагодарен народ. Веќе му здодеале и блескавите златни одаи и круната му стежнала на главата. Горе над палатата не гледал ништо,  освен   небото,  долу, исто  така  ништо,  само  гладен народ,  па  размис- лувал  што да  прави. Долу не би се  симнал за жива глава, а пак таму,  на небото што би барал кога  Господ  е тука,  тоа бил самиот тој. Така, единствено му останало да ужива во разновидни јадења и плодови донесени од сите  страни на светот. И јадел, јадел и само јадел, па така се дебелеел сѐ повеќе. Кога по подолго време, самобендисано се погледнал во огледалото, не го  препознал ликот  на дебелиот и остарен човек  со круна  на главата. Збеснал и ги искршил сите  огледала во палатата. Го повикал последниот слуга  кој  му останал верен,  затоа што  сите други  го  презреле и  го  напуштиле и му наредил да  го запали сето жито во амбарите и сите  плодови, сите  риби, стадата со овци и крави, фармите наоколу. Ги подигнал рацете кон сводот на палатата и згрмел: „Никој  нема да јаде што е  мое. Зашто, после   мене нема друг!"  И мамо, царот се препукнал на илјада  парчиња. А знаеш од што? Од дебелина и јад препукнал,  мамо."
Откако ќерка ми заврши со приказната, превиткувајќи  се од  кикотење,  вистина  ви  велам,  добро  ме замисли.
Содржината од претходната приказна  предизвика бура  од асоцијации на  многу  примери за луѓе  кои навистина живеат во самобендисаност и тежок   егоизам.  Направивме  многу  споредби  со денешните актуелни цареви во нашето  опкружување.

* * *

Елизабета беше уште еден редовен учесник на  нашите средби. Ја познавав одамна, далеку од времето пред падот. Имаше тежок  живот уште  од детството. Израсна без  да  ја  спознае  љубовта  од татка си и беше  во потрага по него постојано. Се омажи  несреќно. Грубо ја отфрли уште еден  маж по татко  ѝ - нејзиниот сопруг.  Таа, пак,  избега од себе  си, закопувајќи ја милата, романтична Елизабета со цел да ја заборави неправдата во животот.  Подоцна, наместо со љубов се вооружи  со револт,  агресивност, постојано беше во напад за да ги  превенира навреме нападите од околината. Луѓето   ја одбегнуваа. За разлика од нив јас ја прифатив, зашто го препознав и постојано го гледав девојчето Бети  кое скришум ѕиркаше зафрлено таму некаде во нејзиното минато.
И овој пат, во одбрамбен став, по малку афективно, Бети  едвај  дочека да праша:
- Ќе дојде ли ред и на мене нешто да прашам.
Не  ми  е  јасно  зошто  не  би  била  доволна
исповедта, кога  самиот силно  ќе се покаеш пред  себе си  и пред иконите. Зошто  би морала таму,  в црква, пред  некои свештеници, полни  со гревови повеќе   од  мене,   да  барам  прошка,  па   дури   и  да клекнам пред  нив.  Особено, пак, што знам дека јас немам никаков страшен грев.
- Да одиме по ред, ќе се обидам јас да одговорам - ѝ се  обрати Никола. - Ти во овој миг  веќе  направи голем  грев.
- Што сакаш  да  кажеш? Ај, да видам  што сум згрешила, те молам - по малку навредено го запраша Бети.
- Ти, Бети, рече вака: „Знам дека скоро и да немам грев". Знаеш ли кој единствен е чист и безгрешен? Господ Исус Христос! Сите други, во сите   векови,  сме   грешни.  Второ,   ти   изговори:
„Некои свештеници таму, полни со гревови…"
- Да, токму на нив мислев - призна Бети.
- Е, па, вака.  На  тие „некои" им е дадена мисија од  самиот Господ  Бог,  назад низ  вековите, меѓу  другото, да ни ги разрешуваат гревовите во Негово име. Според тоа, хулејќи на нив, ти хулиш  на  Бога. А знаеме од наученото што значи хулата на  Светиот Дух. Тоа е смртен грев! Те молам,  најди  време и прочитај ја „Беседата на гората" од  „Светото Евангелие според Матеј", (Мат.4,5), или  по „нашки", отвори на единаесетата страна од „Новиот Завет". Таа беседа, на некој начин,  претставува Божји аманет. Сите поети, низ сите  векови и времиња и пред тоа  и по тоа заедно, не би можеле ниту една запирка да  додадат. Простете што паднав во вознес, па направив дигресија, но  Господ нѐ учи и ова: „Не судете, за да не  бидете судени" (Мат.7,1,2), Малку понатаму: „Зошто ја гледаш раската на брата си, а  гредата во своето око не  ја чувствуваш". Значи, гледај, Бети, само во едно поставено прашање колку се огреши без да знаеш! - ѝ се обрати Никола.
Таа молчеше со двосмислен израз на лицето.
Не ѝ дозволуваше на душата да прогледа, како сѐ уште  да не беше  спремна да ѝ подаде рака на љубовта.
- Прости, Бети, ако те вознемирив, но не  беше ништо лично. Набрзо си разменија насмевки и  седнаа еден  до  друг  со  очигледна  меѓусебна
симпатија.
Глорија, по професија медицинска сестра, беше од неодамна со нас. Кога ја запознавме беше  штотуку разведена од сопругот кој  не  ѝ  го простил неверството. Нарцисоидноста и гордоста, со секоја наредна средба, ѝ  стануваа сѐ помалку видливи.
Бурно и по малку  надвор од темата, ни го изложи следниот проблем:
- Да  ви кажам  искрено нешто  што  ми тежи  и што решив  да  ви го откријам. Скоро седум  месеци не зборувам со мајка ми. Ама претера со нејзината притресеност и посесивност кон мене и ќерка ми, ме загуши луѓе, верувајте ми! Буквално имам  уплав  од неа  уште  од малечка. Слушам  само критики  и  критики! Мирна ми е главата овој период без неа,  па нека ми е сто пати  мајка.
Јулијана се  сврте кон  неа  и со прекорен тон,
детски искрено, ја запраша:
- Да те прашам нешто,  кој те создал?
- Господ  - одговори другата.
- А, по Негова  воља,  кој  те  донел  на  свет?  -
праша скоро  нервозно.
- Па,  мајка  ми,  човече, ама  муабет, за мали  деца!
- Добро,  добро,  но  прво  прочитај ја петтата
Божја заповед: „Почитувај ги твојот татко и мајка ти за да ти биде добро, и да поживееш подолго на земјата." Значи, директно  за среќата и животот  на земјата е важна  оваа заповед. А, животчето тука  ни е мило, така? Е сега, ти самата донеси си заклучок!
Се слушна џагор и смеа  во просторијата, по оваа симпатична забелешка на Јуле.
- И уште  нешто да  ти  кажам.  Знаеш  што  му рече твојата Сања на син ми? - продолжи таа.
„Мама само  си  ја гледа работата, бизнисот,
не верувам дека ме сака. Со мене ништо не разговара, а пред некој ден, толку ми ја искуба косата,  што сакав  да избегам  од  дома.  Уште, пак,  ми забранува да  дружам   со  Софија   и  Дејан,  а  ние толку  си се  сакаме. Нема време да  ме  чуе  кога  ѝ зборувам колку се тие  добри другарчиња."
- Глорија, го сфаќаш ли сега бумерангот? Сега сѐ е исто, само  улогите се заменети. Ти си осудената мајка од твојата ќерка. Имаш среќа што Сања е мала за да не разговара со тебе седум  месеци, како  што  ти тоа  ѝ го направи на  мајка  ти. Дали ти е пријатно ова сознание? Како што судиш, така  и тебе  ти се суди.
Глорија неубедливо одговори:
- Сепак, тоа не е исто,  таа  е дете,  а која,  пак,
мајка  е совршена?
- Е, тука те чекав - упадна Христо. - Еве го моментот на двоен аршин. За онa што не е добро, а јас му го правам на другиот, секогаш си наоѓам оправдување за себе си.  Ако истото  тоа  мене ми го  прават, е, тоа е веќе смртен грев, за осуда, за непростување.
Извини, Глорија, во овој случај  излегуваат на
површина две страсти - да судиме и да не  простуваме.  Некаде прочитав  дека  најполезно во духовното растење е ако  човекот го трга  погледот од гревот на  другиот, се  труди  да  ги види  своите гревови  и  ако  се  гледа себе   си,  како  помал од својот  брат.  Ако само еден  ден  проживееш вака, ќе  почувствуваш како му се приближуваш на Бога.  Зашто, покрај  тоа  што  постиме,  се причестуваме,  се  молиме,  ако  не  сме  простиле само   на еден   човек, немаме полза, туку си  навлекуваме самите на себе  тешка  пресуда, - заврши Христо.
- Добро,  слушнав, ама  баш  се  нафрливте денес сите на мене - со горчлива насмевка  искоментира Глорија.
И  јас  ја  погледнав  Глорија  со  желба   да  ја смирам.
- Не треба ништо во овие разговори да   сфаќаме лично. Тие се  поука  за сите  нас. За  нашите обични, човечки, световни проблеми и дилеми, на  ваков  начин лесно ќе дојдеме до одговорите. Така,  поподготвени  ќе   можеме  да  се  отвориме пред  нашиот духовен  отец.
- Рековте, духовен отец? Морам да  признаам  пред  сите дека  не  ми  дава срцето, непријатно ми е да седнам да се консултирам и да ме советува непознат човек - искоментира Бети.
Елена се подисправи на столицата и рече:
- Дозволете јас нешто да кажам и на оваа  тема.  Кога  сме болни  одиме  на  лекар, добиваме дијагноза, ги слушаме советите на докторот, купуваме лекови и почнуваме со лекување на  нашето тело. Кога, пак, имаме психички проблеми, се консултираме со психолог или психијатар. Значи, се грижиме за телото и психата. Но, што да се прави кога душата боледува и страда? Всушност, нејзе ѝ е потребен духовен отец да ја исцели, кој нема само диплома од светот, туку кој добил мудрост преку Светиот Дух, но со личен опит. Тој ќе нѐ ислуша, ќе нѐ подучи или по наше,  ќе  ни  го исчисти чувството на вина.
- Пред причесната ќе се исповедам групно - упорна беше Бети. - Зошто да ме поправа некој свештеник, кој себе си не се поправил.
Елена продолжи мирно:
- Почнуваме пак да судиме. Нему, на свештеникот, ќе  му  суди  само  Оној  кој  му дарил таква мисија, пастирска. Но во мигот кога се исповедаме, свештеникот, кој и да е, има благослов од „горе" да разрешува туѓи  гревови. И толку мене треба да ме интересира. Во тој миг,  стоејќи пред свештеникот,  всушност,  како да стојам пред Христос. Доколку сокривам или се  самооправдувам пред него, пред свештеникот, можам ли да се сокријам пред Спасителот, кој знае сѐ уште пред и да изговорам!? Бети ја спомна  неколку  пати групната исповед. Таа се  практикува непосредно пред чинот на Светата Причест. Тогаш  луѓето ги повторуваат  зборовите што  ги  говори свештеникот. Но, тогаш  секој  одделно  не  ги  исповедува сопствените гревови. Тоа го правиме  само во личната исповед кога сме сами со  свештеникот. Тогаш со силно покајание ги   исповедаме конкретно нашите грешки што нѐ измачувале. Само духовникот  одлучува колку  сме  подготвени и дали ќе ни дозволи причест. Само  тогаш  таа  ќе ни биде од полза.
- Ве молам,  да кажам  и јас  еден  мал  пример?
- побара Мила  нетрпеливо. - Истите дилеми ги имав  и јас  до неодамна, верувам и многумина од вас  во оваа  одаја.  Имав голем отпор  кон чинот  на личната исповед. Но,  по  по  којзнае кое  по  ред такво   размислување,  ми   блесна  сознанието,  а веднаш потоа  и прекорот што  си го упатив  на  себе си:
„Мила, тебе верата ти е слаба. Замисли си еден  ваков призор: Што ако  светне на небесата и во полн  сјај се појави  Христос!?  Дали  тогаш ќе ти биде важна гордоста, дали воопшто ќе размислуваш  треба ли да се исповедаш? Не, на крај памет нема да ти падне. Ничкум ќе се превртиш и во страв ќе  исповедаш гревови, ќе се понижиш, ќе молиш  за прошка! Зошто?  Видов и поверував."
- Одличен пример, Мила  - се надоврза Елена.
- Значи, го видов  Него  на  небото,  умрев  од страв,  па  кој ти мисли на его,  суета,  гордост, само  да се спасувам, ако  може.  Колку  ли  ни  е мала верата, та  бараме докази! Ќе ви прочитам  што  вели  за ова Старецот Клеопа:
„Божествените  отци   велат   дека   ниту   едно добро дело не  е  поскапоцено  под  сонцето  од признавањето  на своите   гревови;  и  ниту   една опасност не е поголема за душата од непризнавањето на немоќта."
- Јас пак,  размислувајќи, дојдов  до вакво  сознание - рече Христо. - Ако детето ни  побара храна, ќе го одбиеме ли?  Ако треба и понижувачка работа ќе  најдеме и ќе  му ги  задоволиме  основните  потреби. Ако треба да  му го спасиме животот,  ќе  размислуваме ли?  Не, и животот  би си  го дале  за  сопственото  дете.  Зошто?   Затоа   што  го
љубиме.  Луѓе,  ако  го  љубиме  Бога  толку  и уште посилно, што ќе не задржи да  се држиме до Божјите  заповеди? Најмалку глупавата  гордост. Тоа е, бре, особина на малите несигурни луѓе, полни со  фрустрации и  комплекси.  Гордост, каков   грд збор!  Не  постои  сила  што  ќе  ме  задржи да  постам, да се исповедам, да се причестам, да простувам илјада  пати  во денот, да делам милостиња, да се  молам   прво  за  вас,  а  после   за  мене,  нелицемерно.

 

 

(Продолжува)
* * *
Сите настани и ликови во романов  се апсолутно веродостојни.
Сменети се само  имињата  на некои  ликови

Друго:

Matka.odLit4.jpg

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2019
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2535
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная