Во Културно-информативниот центар на Република Македонија (КИЦРМ) во Софија синоќа беше отворена првата самостојна изложба од акварели на нашиот познат уметник Илија Кавкалески - Кавкале.
Кавкалески се претстави со 20 дела, кои предизвикаа внимание кај посетителите. За делото и уметничкиот пат на Илија Кавкалески зборуваа директорите на Македонскиот културен центар и Националната галерија на Македонија, Васко Шутаров и Маја Неделкоска-Брзанова, како и Љупчо Маленков, виш кустос.Проектот е целосно подржан од македонското Министерство за култура.
Илија Кавкалески е роден е во Прилеп во 1932 г. Завршува Училиште за применета уметност во Скопје во 1953 и дипломира на Факултетот за применета уметност во Белград во 1957 година. Во својата долга професионална кариера работи и како сликар – конзерватор на икони, а бил доцент на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во насоките по конзервација и реставрација.
Член на Друштвото за ликовни уметници на Македонија, а во 2004 г. и член на Уметничкиот совет на Друштвото на ликовните уметници. Има реализирани бројни самостојни изложби низ Македонија и Словенија и е добитник на бројни ликовни награди за своето творештво.
http://www.plusinfo.mk/vest/135168/Otvorena-izlozhba-na-Ilija-Kavkaleski-vo-Sofija
Подготви: С.С.