логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Спирално патување

Викторија Васева Димеска: Интервју со Владо Мартек

В.В.Д.: Во последно време се враќате на проектите во духот на концептуализмот. Дали постконцептуализмот, поставангардата на Групата на шестмина автори (Grupa šestorice autora, на која ѝ припаѓавте) како субверзија, исчекор, прекин и пречекорување во однос на доминантните, владејачки хиерархии на моќта во уметноста, беа и останаа окосницата на вашиот став, како „...модели на фрагментарни можни светови на уметноста и идеологијата...“ ?

В.М:Враќањето добро го открива „спиралното патување“ на уметникот. Кругот не се затвора, туку се надминува со нови дела. Бидејќи концептуализмот e од почетокот моето творечко милје, неговиот разработен дух постои во интензитетот на голем број дела во, додуша, наполно различни медиуми. Да се биде различен, тоа е моeтo омиленo, гесло, крилатица, всушност окосница на духот, така што опозицијата во однос на моќта на меинстримот често е и знак на препознатливост на мојата поетика. А уметникот да има став, да се однесува самосвесно, тоа ми е некако блиско, како препознавање на љубовта на прв поглед.

В.В.Д.: Како уметник тешко може да бидете дефинирани со „статусот на делото“, туку можеби поскоро со збирот на трагите на делото.
Како вие би го одредиле вашиот уметнички идентитет?

В.М:Едноставно кажано, ја сум номад. Се селам од медиум во медиум, не сакајќи да се закачам за некое особено позитивно знаење, туку за да произведам дело од хаосот на знаење и незнаење, претчувство, и небрeженост. „Да ми значи и да не ми значи“(Т.С. Елиот). Мојот матичен медиум е поезијата, и тој ми го „овозможи“ егзодусот, па седењето на две столици, па аутсајдерството (кое јас, додуша, сакам да си го негувам).

В.В.Д.: Во една пригода изјавивте: „...уметноста е ментална појава, така што естетиката, медиумите, професијата и слично, се споредни и нуспроизводни нешта.“
Имам впечаток дека медиумите ги одредувате според тематската асоцијација, интуитивно, како рима...?

В.М: Уште величествениот Марсел Дишан ја определи уметноста како првенствено ментална појава. Често нагласувам, затоа што тоа произлегува од моето најдлабоко филозофско убедување, дека естетиката како материјална имплицитност, исто како и медиумите, професијата (métier) итн., се нуспроизводи; бидејќи фокусот е врз спознајното, врз духовното и врз сето она што тоа вклучува. Добро забележавте дека и се препуштам на интуицијата (на внатрешната форма на духот). Тука би додал дека не ѝ придавам  многу  важност на инспирацијата, како стихиски подарок, туку како Валери, Маларме, ѝ давам предност на  работата. Уште големиот Бодлер го има зацртано модернизмот со тоа истакнување на работата наспроти не-сериозноста на инспирацијата (мала дигресија, поимот ’предпоет’ потекнува од таа суштина на модернизмот: работа, потоа концепт...)

В.В.Д.: Може да се каже дека сите ваши дела се поезија, текстови-пишување, во различни медиуми, или поетика на медиумите, „текстуализам во полна смисла на зборот“.

В.М: Точно, сѐ е почеток, сѐ е поезија, а ритамот на моите најразлични дела (графики, скулптури, цртежи, слики) е ритам на пишување. Текстуализам во вистинска смисла. Но, напоменувам, тоа е остварено по кружната спирала на развитокот. Го проширив пишувањето, поезијата, на линија, цртеж, нешто надвор од системот на знаци на јазикот (алфабет) за да го добијам просторот на слободата, чувајќи го, секако, коренот на својата вокација, сакал/не сакал, така бидува тоа, дури и во рамките на концептуалниот пристап. Значи, текстуализмот кој е дополнителен, фрла светлина врз тоталната проникнатост на опусот со концептуалистички манири.


В.В.Д.:  Што ве предизвика да почувствувате потреба за „излегување од книгата“, односно, што е тоа повеќе од книгата, или што е тоа ’повеќе’ надвор од книгата што може да го задоволи вашиот дух, вашата насушна потреба да укажувате, агитирате, акционизирате... секогаш оставајќи простор за преиспитување... а можеби и за „разубавен свет“?
Дали тоа беше потреба да се излезе од текстот во простор, за да се засили пораката, да се дојде до „расфрлените траги“ ?

В.М:  Барање смисла во комуникацијата, т.е. од увереност во битноста на комуникацијата, особено во уметноста (тоа, секако е поврзано со мојата наклонетост кон проповедање што ја имам од раѓањето, ха, ха, ха). Книгата е, во нашето визуелно време, премногу затворена форма, која бара дополнување, акционизам од секаков вид. Јас нешто малку одбрав, веќе според тоа како сум кондициониран „од порано“. Значи, од искуството од 35-годишна работа во библиотека, знам дека книгите, особено книгите поезија, чмаат на полиците, без живот, без смисла, освен да ја хранат суетата на авторот. Од таа перспектива, сите излегувања се нешто повеќе. Се создава мрежа на присутност и големи можности авторите да бидат нурнати во животот на начин што е повеќе од калкулации поврзани со егото, кариерата...Се разбира, автоиронијата, автосарказмот, односно дистанцата, е лековита и исклучително важна. Така, уметникот и тука го изостава фанатизмот, кој е секогаш лош (оптимизмот раѓа тирани). Значи, преиспитување, но умножено како лавовски дел од поетиката на ваквиот арт. Тогаш тоа се „расфрлени траги“ како навистина се вистински траги!! Такво намерно засилување на пораката, ете, проникнато и со автоирониското вклучување, се протега од почетокот на мартек-артот, 1972/3/4. година.


В.В.Д.: Се чини дека уште многу рано во вашето уметничко дејствување, од примарно значење е ритуалниот контакт со публиката, не поради ритуалот како фетиш, туку контактен ритуал како став.
Тесен ви е просторот на поезијата која е збор во стих, која не е агресивна до степен директно да интригира, иритира, не е појавна и популарна, не е забележлива... големата идеја, напишана со мали букви, останува незабележлива за масата.
Дали е тоа можеби процес на надополнување на паралелни нитки на различните медиуми што настојувате да ги доведете до пресекување?


В.М: Од првите јавни настапи на изложбите – акциите со Групата на шестмина автори, на возбудлив начин ми беше исклучително важна средбата, контактот со публиката на улица. Таа карневалска рамка дозволуваше најразлични видови комуникација, така што мојата поезија, на тој начин упросторена и акционализирана, доби свој живот крунисан со инстанцата на предпоезија. Тоа значи дека се случи поместување, едновремено со техничката средба. Стана јасно каде е животот (на уметноста), колку е важно однесувањето на уметникот во идеализмот (што го поседував во голема мерка) на трансформацијата и транзитивноста на уметноста како човечка дејност. Воедно и шансите за, како што велеле уште старите Римјани: „Libertate viam facere“ (да се пробиваат патиштата на слободата).
Тоа е моето супер-его на уметноста... секако, класичното стојалиште е тесно. Во почетокот бев 100% манирист. Искривувањето во насока на публиката, во насока на улицата, во насока на антикнигата, сето тоа зборува за маниристички синдром кој, патем речено: ветува експерименталност, работа во слобода, одбегнување на автоматизмот и на вербалната условеност на која, во голема мерка, ѝ робуваме. Маниризмот како линија отсекогаш беше бунтовнички, ослободувачки нејасен, како вистината, и како насетување на духовниот опсег на вистината. Јазикот е многу ограничен, тоа ме однесе. (Делото на Х. Хофманстал: Писмо на лордот Чандос, го погодува тој проблем).
Пресекување секако постои, како што покажува опусот. Преку класичните одредувања на медиумите, фрлена е мрежата на разновидни стремежи и реализации. Меѓутоа, маниристичкото „негување на аутсајдерството“ се наметнува како клуч на овој уметнички случај.

В.В.Д.: Метафора која често ја користите текстуално, со пишуван збор, е  и метафора на предмети, случки, сцени, ситуации...и откажувања?

В.М: Метафората на откажувањето ми е особено мила, блиска. Ветува минимализам, аналитичност, јаснотија. Откажување од уметноста заради која мораш да се мачиш, например, тоа е став на зен, духовна инстанца пар екселанс. Уметноста не е приказна за заборав, или за забава. Во денешно време тоа би било вистински луксуз и во цинична смисла. Предметите, делата, сеедно дали се асамблажи, колажи, поетски објекти итн., обележени се со метафората на откажување, инаку би биле предвидливи, класични, зборлести преку секоја мера. Конечно, природата на Предпоезијата и предпоетот вклучува откажување (од централното место кое е карактеристично за класичното).

В.В.Д.: Се чини дека уште од почетокот на вашето уметничко дејствување во вас пламтела силна желба да се допре до публиката, да се пренесе ментален став како општествен и политички филтер во услови во кои „земањето молив в рака е чин на чесност.“

В.М: Од почетокот публиката ми лежи на срце. На крајот на краиштата, таа, со оглед на изложувањето на улици и плоштади, беше специфичен фактор. Подоцна, на изложбите во затворен простор, таа за мене доби ново големо значење. Страната на која ѝ зборувам, на која ѝ ја пренесувам етиката. Да се пренесува етичкиот материјал, тоа како да е мое помазание и вокација. Тука фокусот на сфаќањето се свртува од ликовното врз поетското и филозофското битие...

В.В.Д.: Мислите ли дека, на одредено ниво, постои алхемиски процес во творештвото?
Што е тоа што го прави уметникот алхемичар?

В.М: Секако, убеден сум во тоа. Кога на бела празна хартија ќе напишете стих, поговорка или нешто слично, вие сте алхемирале. ХАРТИЈАТА СТАНА НЕШТО ДРУГО: СЕ ЗДОБИВА СО ДУХОВЕН АСПЕКТ. Уметникот ЈА ПРЕОБРАЗУВА МАТЕРИЈАТА, А СО ТОА И СЕБЕСИ. ТОА Е ЗАЕМНО. ТУКА НЕ ПОСТОИ Цел, ВО КЛАСИЧНАТА СМИСЛА,НО МОЖЕ ДА СЕ ВИДИ МЕТАНОЈАТА (matanoia) И НА УМЕТНИКОТ КАКО БИТИЕ И НА ПУБЛИКАТА КАКО ПРИМАЧ. Трансформација постои. А елементот на транзитивноста видлив е во модерна, маниристички настроена уметност. Експериментите на авангардата, демонтажата на дадаизмот, сето тоа го вклучува алхемискиот поим.Особено стремежот на уметникот со своите акции, перформанси, да ја покаже свеста на сегашниот миг и транзитивен поглед во она што доаѓа, на кое вистинскиот уметник секогаш смета. А тоа тогаш ја менува, т.е. станува етичка работа итн.


В.В.Д.: Во вашето авторитативно, убедливо инсистирање на неконвенционалното, се проблематизира и самиот проблем на неконвенционалното. Во тој контекст, дали му е вашата уметност упатена на поширокиот слој публика? Од една страна, длабоките филозофски размислувања и нивната визуелизација бараат сестрано и темелно познавање на уметноста, филозофијата и разбирање на содржината, суштината на делото (духовното над материјалното). Тоа би подразбирало софистицирана, „умна“, духовна публика. Од друга страна, стереотипите, шаблоните... се одраз на конвенционална (побројна) маса, подостапни се, поразбирливи.
Тогаш, на која публика ѝ е наменето, упатено, вашето дело?

В.М: Во таков вид уметност се преиспитува и неконвенционалното, и така  „решението и визијата“ се на друго ниво.
Начелно, и тоа од почетокот, моите дела ѝ се упатени на „широката публика“. Единствено што навистина постои е она што младиот Маркс го има напишано во „Рани трудови“: „За да се ужива во уметноста треба да се биде уметнички образован.“ Внимавајте, кажано одамна, но сѐ уште важи. Луѓето мислат дека уметничкото дело може и мора да се прими на прва топка, но, особено во концептуалистичката уметност, треба да се има некое знаење, а впрочем и сензибилитет за тоа. Јас можам да бидам демократичен, но не повеќе од самата природа. Бидејќи еден дел од публиката, лавовскиот дел, ќе остане на ниво на естетско конзумирање и нема да има ништо од радикалната, експериментална уметност. Во својот живот главно ќе го вградат само она надворешното.Но затоа, да, паметната публика  е најдобра, бидејќи е кондиционирана за прием и метаноја на своето битие преку понудениот етички материјал. Тоа звучи по малку грубо. Сензибилноста е надредена, за некого одредена. Секогаш ќе постои разновидна публика, и тоа не е проблем, во стилот на она Дишановото: „Проблемот не е решлив, зато што проблемот – го нема.“ Или, како што кажа Џон Кејџ: „За грешка ниту збор не станува.“ Освен тоа, често слушав, од мојата беневолентна публика застаната пред моите дела, како велат: „Гледај, па тоа можеме и ние да го направиме.“ Токму така, им велам, ама не сте донеле таква одлука.Никогаш. Во таа желба и концентрација околу неа лежи појавната вистина на ваквиот арт. Авторитетот на оваа уметност е во вистината којашто ја надминува, но ја содржи. Духовното е навистина простор на слобода и достоинство.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1888
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2395
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная