Кристоф Багерт (1978) е фотограф и новинар којшто живее во Швајцарија. Студирал фотографија на Fachhochschule во Дортмунд и во International Center of Photography во Њујорк. Во рамки на своите фотографски проекти, остварил бројни патувања во земји како Јапонија, Чад, Либан, Нигерија и Палестина. Во Пакистан работел на приказната за студената зима по земјотресот во 2005 година. Во 2007 година објавил две монографии. Travel Notes содржи фотографии од патување со автомобил долго 36000 километри од Аргентина до Њујорк во 2002 година. IRAQ: The Space Between ги соджри фотографиите направени во Ирак во 2005 и 2006 година како фотограф на NY Times. Неговите фотографии се објавени во многу изданија на Stern, Time, Newsweek и GEO. Во монографија се објавени и фотографиите направени во текот на патување со Land Rover низ 36 Африкански земји во 2007 и 2008 година. Неодамна изјави дека е истоштен од сите дотогашни патувања и дека му треба пауза „за повторно да стане човек“. Овие фоторгафии се од неговите серии во Авганистан, Африка, Иран и Пакистан.
Повеќе http://www.time.mk/read/NONE/37b0a6aaee/index.html