Во рестораните, на филмовите и во канцелариите проверувањето на профилот на „Фејсбук“ стана вообичаена навика за повеќе од 800 милиони корисници на интернет социјалните мрежи. Сега оваа навика ќе се прошири и на други места - во автомобилите.
Производителот на автомобили „Мерцедес бенз“ социјалната мрежа „Фејсбук“ ја воведе и во автомобилите со специјална верзија на сервис, кој е вграден во новиот автомобилски систем кој ќе биде претставен на „Електричната потрошувачка“ забава во Лас Вегас оваа недела.
Пристапот на „Фејсбук“ во автомобил нема да биде целосно идентичен како кога оваа мрежа се користи преку персоналните компјутери или преку „смарт телефоните“. Верзијата ќе биде понудена во автомобилот на Мерцедес „Дајмлер АГ“, а ќе има лимитиран број на карактеристики, специјално ќе биде прилагоден на возачите и фокусиран на локациите, пријателите и работата.
Возачот ќе може да објави информација на „Фејсбук“ со брзо отчукување и вртење на копчето. Ако дестинацијата е веќе ставена во автомобилскиот навигаторски систем, возачот автоматски ќе може да објави на „Фејсбук“ каде се наоѓа на пат и колку му е потребно до дестинацијата.