Екипата денеска ја истрча трката од 5 километри на Скопскиот маратон (Фото: СДК.МК)
Екипа на децата со посебни потреби и нивните родители и пријатели денеска ја истрча трката од 5 километри на Скопскиот маратон. Тие беа срдечно поздравени од останатите тркачи и навивачи.
Неколку здруженија на родители на деца со посебни потреби минатата недела собраа над 30.000 потписи со иницијативата за измена на повеќе закони и го чекаат Собранието да проработи за да ја предадат иницијативата и пратениците да ја стават на дневен ред.
Повеќе здруженија на лица со посебни потреби и здруженија на пациенти, лани во декември побараа од политичките партии да се направат измени во повеќе закони, со кои ќе се олесни животот на лицата со посебни потреби и полесно ќе можат да ги остварат загарантираните права.
На 20 април месец, родителите на деца со посебни потреби поставија камп со шатори спроти Собранието, каде три дена кампуваа со надеж дека политичарите ќе ги видат и чујат нивните проблеми.
Маратонот се одржува по 13. пат, овојпат со рекордни над 8.500 учесници од 52 земји. Покрај маратонската трка на 42 километри, се трча полумаратон и трка на 5 километри.
Извор: