Црква-базилика од 5. век и гроб на анонимен маченик од 4. век се новите откритија во истражувањата кај манастирот "Свето Преображение" - Зрзе што викендот беа презентирани во јавноста.
Според археологот Бранко Ристески, кој ги води археолошките истражувања, тие ги потврдуваат фактите дека не само што под манастирот имало монашки живот од 9 век паралелно со Охридската школа, туку и дека според новите наоди христијанството на овие простори постоело уште од 4 век, со официјалното негово признавање како религија.
Откриената базилика во периодите по 5 век била надградувана - посебно од 9. до 15. век. Моштите на анонимен маченик - локален светец од 4. век лежат во гробницата во основата на црквата,.
Според археологот и раководител на веќе двегодишните истражувања Бранко Ристески, со најновите наоди се зацврстуваат досегашните навестувања дека кај манастирот Зрзе имало епископско седиште.
Извор: Вечер