МАНАСТИР "СВ. АРХАНГЕЛ МИХАИЛ"
Обнова на конаци во карпа
Источниот конак од манастирот "Св. Архангел Михаил" во Варош, Прилепско, кој потекнува од 12 век се обновува и покрај тешко пристапен и карпест терен.
Во моментот стручните екипи на Заводот за заштита на споменици и Музеј-Прилеп интензивно работат на втората фаза која ги опфаќа градежните работи над каменото приземје и првата бетонска плоча, како и изведбата на внатрешните преградни ѕидови и скали до втората бетонска плоча. Новиот конак се гради на површина од 292 метри квадратни и треба да биде завршен најдоцна до 2015 година.
Првите конаци во манастирскиот комплекс "Св. Архангел Михаил" се изградени во 1831-ва, а се опожарени дваесетина години подоцна.
21.09.2013 год.
Извор: Вечер