Сончеви пеги, да сончеви пеги, досега немаше, дури пред некој ден спокојот на сонцето повторно е прошаран со сончеви пеги. Недостатокот од истите пак предизвикува дефинитивно поладна-постудена клима а еве со враќањеето на истите сигурно започнуваат барем нормално топли денови. Помодревме, знам дека е убаво кога немаш каде и кога си врзан да останеш во градов времето да е вакво, идеално за оној кој мора секојдневно да е изложен на временските прилики, дефинитивно ваквото време му оди под рака, милина одбегнувајќи го скопскиот врел асфалт.
Периодов со времето е нестабилен, дождлив, студен, иако згора на згодното скопско време бомбардирани сме од некаква рововска битка меѓу власта и опозицијата за која искрено ич уво не ми чуе, впрочем што им е друго работа? Мотика во раце во живот не фатиле, не се трудбеници кои во потта ја создаваат и својата и нашата иднина. Политичарот е паразит на општеството без кој не се може, тоа се ешерихија коли, бактерии кои ги имаш, само да не аздистаат оти после ќе мора антибиотик. Ма секогаш има лек од нив ама и ние, сеирџии до бесконечност им даваме премногу сила иако не заслужуваат. А знаете зошто? Затоа што се неоригинални, некреативни, без интересни потези, без желба да се направи нешто заради кое формално се правдаат дека постојат. Се некаква ретро, грда, неестетска и недокажана политика на куп луѓе кои од една се борат за власт и други кои се борат да останат на неа.
Деновиве градов под благото затоплување ги доживува своите најубави најестетки мигови - жените. Прекрасни, убави, дотерани, еротизирани, самосвесни се вистински подвижни украси на овој град. Да сум министер за култура би субвенционирал кај секоја убаво дотерана жена затоа што се вистински подвижен украс, покрај музичари и пантомимичари, жонглери и забавувачи, јас би платил стотици убави жени постојано да дефилираат низ градот чисто да бидат естетика на градот. Ма се кркотите и викате ај јанко, не јади бурек...ма во некоја друга прилика и би биле во право, но ние сме на прагот на страшна модна епидемија. Грип, свински, говедски, рибљи, е смешка спрема болката која ја предизвикува трендот на дел од нашите жени, кои по обичај, биле до Зара во Солун и без мозок ја копираат модата која како колера се шири кај јужниот сосед - шалвари! Ма можам да ги разберам дел оние Гркинки за кои оваа мода може само да им биде од корист заради нивните дебели, со спуштени задници конфигурација каде лепо може да се скријат и никнатите влакна од пред два дена како и можноста да се облечат пазарски гаќи уз врат. Ги гледам нашиве и не ми се верува, не можам да им ја прокљувам декадентноста и потребата да изгледаат грдо, невкусно. Едвај зимово ги преживеав оние широки блузи, широки во вратот што наликуваа на сукана пита како да ставиле околу врат, личеа на лошо германско порно со тие ужасни блузи. И таман помислив дека најголемата мака ова лето ќе ми бидат пластичните сандали, апостолки и папучи и како со нив прават будали од себе и жените и мажите, ете ти изнанадување - шалвара. Ако е идејата да бидете акрепи и одбивни, океј, ја почитувам еманципацијата на вашиот моден избор, но ако мислите дека да наликуваш на грчка шмизла е следње на мода, ох како лепо сте се заебале.
Оравче од рака со маша не би ви земал колку сте грди во шалвари.
Извор: Вечер