логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Кога се наоѓам лице в лице со човек, когошто го гледам со очите на љубовта, не со очи на рамнодушност или омраза, туку со очи на љубов, тогаш јас му се приближувам на тој човек, помеѓу нас почнува нешто заедничко, заеднички живот. Примањето на човекот произлегува од длабочината, којашто ги надминува зборовите и чувствата. Верникот би рекол: кога јас го гледам човекот во оваа светлина, во светлоста на чистата љубов, тогаш јас во него гледам образ Божји, икона. Знаете, секој од нас претставува икона, образ Божји, но ние не умееме да го помниме ова, и не умееме соодветно да се однесуваме еден кон друг. Кога само би можеле да се сетиме дека пред нас е икона, светиња!… Тоа воопшто не значи дека таа икона во секој однос е прекрасна. Сите знаеме што се случува понекогаш со сликата на голем уметник, или со икона, или со некое друго уметничко дело, со било кој вид на убавина: секоја убавина може да биде оштетена – негрижата, условите, злобата можат да го оштетат најпрекрасниот предмет. Но кога пред нас имаме дело на голем мајстор, слика, којашто делумно била оштетена, извалкана, во неа можеме да ја видиме или расипаноста, или сочуваната убавина. Ако ја гледаме таа слика, било кое уметничко дело со очи на восхитувачка љубов, тогаш ќе го видиме она што е прекрасно, а за останатото можеме да жалиме, да плачеме. Понекогаш можеме да одлучиме сиот свој живот да го посветиме на обновување на она што е унакажано на тој лик, на таа слика, на тоа уметничко дело. Тоа е дело на љубовта: да погледнеш во човекот и истовремено да ја видиш во него неодделната убавина, и да се ужаснеш од она што го направил животот со него. Љубовта е токму последното, максимално страдање, болка за несовршеноста на човекот, и истовремено радост затоа што тој е толку надумно, неповторливо прекрасен. Па ако така го погледнеме човекот барем еднаш, можно е да го засакаме, без да го гледаме она што им паѓа во очи на другите луѓе.

Честопати се случува, некој да му рече на заљубениот: „Што си нашол во него/неа?“ И човекот ќе даде сосема бесмислен одговор: „Па зарем ти не гледаш дека таа е прекрасна, дека тој е убав?…“ И така е, тој човек е прекрасен, бидејќи вљубениот ја гледа убавината, а невљубениот, или рамнодушниот, или оној кој има омраза гледа само штета. Ете зошто не треба да се заборава тоа. Исклучително важно е да се запомни дека љубовта е до крај реална, дека таа целосно го опфаќа човекот и дека таа гледа, таа има очи, но наместо да осудува, наместо да се одрекува од човекот, таа плаче над накажаноста и подготвена е животот да го даде за сè што е заболено и осакатено да биде поправено и исцелено. Тоа се вика целомудрен однос кон човекот, тоа е вистински почеток на љубовта, првото сериозно видување.

Јас веќе зборував за љубовта како созерцателна состојба, при којашто човекот, гледајќи го другиот, гледа во него, зад неговите надворешни црти, без да го забележува звукот на неговиот глас или било што друго, некаква длабочина, којашто за него е икона, убавина. Таа убавина понекогаш е повредена од животот, минатото, околностите, но токму таа, и единствено таа е важна во тој човек; иако, се разбира, треба да се внимава и на повредата.

Но ако зборуваме за созерцание, тогаш може ли да се говори и за тоа, за да се создадат некои живи човечки поими? Да Го созерцуваш Бога, да созерцуваш икона, да ја созерцуваш убавината на природата, да се задлабочуваш во слика, длабоко да ја доживуваш музиката – сето тоа е сфатливо; но на кој начин таквото созерцание може да нè приведе кон некакви вистински, автентични човечки поими? Ми се чини, одговорот е во тоа, што созерцанието ги открива и едното и другото, во состојбата, кога тие во самата нивна длабочина можат да се слијат во едно, кога можат во пределите над сите зборови еден со друг да се сфаќаат и чувствуваат. Ние сето тоа го знаеме од опит, но сепак лесно го забораваме. Кој од нас не седел со некој драг човек – мајка, сопруга, сопруг, другар – во вечерните часови, кога е стемнето, кога сè наоколу стивнало. На почетокот разговорот тече, а потоа прекинува, настанува некаква тишина; ги заслушуваме звуците: горењето на дрвата во каминот, чукањето на часовникот, далечните надворешни звуци; потоа и тие звуци исчезнуваат, и настапува најдлабока тишина, молчењето на душата. И токму во тоа молчење на душата одеднаш чувствуваш дека си станал толку близок на твојот другар, на човекот кој седи покрај тебе. Тоа, се разбира, не е сливање во таа смисла, што еден човек се претопува во друг, туку и двајцата се соединуваат во таква длабочина на меѓусебното преживување, каде што повеќе нема потреба од зборови: тие се заедно, и ако љубовта е доволно длабока, тие станале една целина.

Ова се однесува на бракот во секоја смисла, не само на чувството, не само во општењето со мислите, туку и во телесното општење. Само треба да се запомни, треба цврсто да се знае, дека телесното единство на двајца меѓусебно вљубени – не е почеток, туку полнота и врв на нивните меѓусебни односи, дека само тогаш, кога двајца постанале соединети со срцето, умот, духот, нивното единство може да расте, да се открие во телесното соединување, коешто тогаш станува не повеќе себично владеење на едниот со другиот, не пасивно давање еден на друг, туку таинство, најреално таинство, односно такво дејство, коешто излегува право од Бога и води кон Него. Еден од древните Отци на Црквата рекол дека, светот не може да постои без таинства, односно без тоа, некои состојби, некои меѓусебни односи да бидат надземни, небесни, чудесни; и – вели понатаму – бракот како единство на двајца во разединетиот свет се појавува како такво таинство, чудо, коешто ги надминува сите природни меѓусебни односи, сите природни состојби. Исто така и телесниот брак, според учењето на еден од Отците на Црквата, претставува таинство, слично на Евхаристијата[1], на причестувањето на верните. Во која смисла? Во таа смисла што во Евхаристијата со силата Божја, преку чудото на соединувачката љубов и вера, верните верувајќи еден во друг и во Христос стануваат едно. И во бракот (се разбира, на друг степен и поинаку), благодарение на меѓусебната вера и меѓусебната љубов, двајца луѓе ја надрастуваат секоја поделеност и стануваат целосно битие, една личност во две лица. Тоа истовремено се покажува како полнота на бракот душевно-духовно-телесна и полнота на целомудрието, кога двајца луѓе, еден кон друг, се однесуваат како кон светиња и сите свои односи, вклучувајќи ги и телесните, ги претвораат во таинство, во нешто што ја надминува земјата и се вознесува во вечноста.

 

Извадок од книгата „Тајната на љубовта“,

објавена како дел од книгата

„Православниот христијански брак“,

издание на Повардарската епархија.

[1] Таинство на причестување, во кое верниците се соединуваат со Христа, причестувајќи се со Неговото тело и крв, под вид на вино и леб.

 

 

Извор:

https://crkvaveles.wordpress.com/2012/06/20/so-ochite-na-ljubovta/

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная