логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Recepti.korica.jpg  

Мал Готвач

Преземи

 

без масло и со масло


Посни рецепти без масло (на вода)

ЌОФТИЊА ОД ЛЕЌА

леќа, хељда, морков во ист сооднос (на пр. по ½ шолја од сите)
средината од 2-3 парчиња стар леб
по желба праз/кромид/лук/магдонос
сол, бибер, кари, вегета

Леќата се вари околу 30 мин. (да биде цврсто зрното) и се цеди. Хељдата се мие, се вари во малку вода (колку да ја покрие), првата вода се фрла; во втората вода се додава сол; кога ќе ја впие целата вода тогаш е сварена. Морковот се бари на пареа или се вари (ако се употребува праз истата постапка како за морковот). Зеленчукот се сечка на ситно, се меша со леќата и хељдата (ако нема хељда, може ориз или просо), се додава сув леб и се зачинува по вкус. Смесата се меша убаво, се остава да отстои за да го впие вишокот течност, се обликуваат ќофтиња (или ќебапи). Се редат во тавче посипано со брашно (може палента или презла место брашно) и се печат во претходно загреана рерна до 200°С околу 40 минути до 1 час.


ПАШТЕТА ОД ОРЕВИ

4-5 компири
250 гр. мелени ореви
1-2 лажици доматно пире
1-2 лажици сенф
Сок од ½ лимон
Сол, бибер, ситно сечкан млад лук и кромид по вкус

Компирите се лупат, се варат (како за пире); кога ќе се свари водата се одделува (не се фрла, по потреба се додава во пирето). Компирот се пасира, се додаваат оревите и другите состојки. Се меша со миксер и се дотерува по вкус со зачините.


ХУМУС

200-250 гр. печена леблебија се меле во мелница за кафе. Се додава сенф, сол, сок од ½ лимон, млака вода колку да се добие густина на паштета. На крајот се додава толчено лукче по вкус.


КРЕМ-СУПА

основа за крем-супа:
4-5 компири
2 лажици таан
Сок од ½ лимон
Сол, бибер, копар/магдонос

Излупените компири се варат во толку вода колку да се покријат компирите. Кога ќе се сварат се вадат од водата и се ладат. Изладени се ставаат во блендер со 1 чаша ладна вода, таан и лимон. Се блендира и се истура во водата во која бил варен компирот. Се додава толку вода колку да се добие густина на крем-супа. Се остава да зоврие и се зачинува со сол, бибер и копар или магдонос.

Ова е основен рецепт за крем-супи на вода. Може да се употребуваат многу комбинации: компир + морков, компир + печурки, компир + грашок, компир + спанаќ, компир + праз, компир + брокула и сл.

БИСТРА СУПА ОД ЗЕЛЕНЧУК

1-2 моркови
½ кг. спанаќ
1/3 пашканат
1/3 корен од целер
1 шака овесни снегулки или пченични никулци
Сол, бибер, вегета

Морковот, пашканатот и целерот се сечкаат на коцки и се варат во малку вода. При крајот од варењето се додава вода по потреба (литар и пол до два), се остава да зоврие, се додава крупно исечен спанаќ и овесните снегулки или никулците и сето тоа се вари 5-6 минути. Вкусот се дотерува со сол, бибер, вегета.

Овој рецепт може да се користи за други комбинации: брокула, компир, карфиол, блитва и сл. Наместо овесни снегулки или никулци може да се употреби фиде без јајца, други посни тестенини или ориз.


САЛАТА ОД ЦВЕКЛО

3-4 варени или печени корени цвекло
1-2 живи моркови

Прелив:
2 лажици таан
1 лажица сенф
Млака превриена вода
Малку сок од лимон
Сол по вкус

Излупените цвекло и морков се рендаат на крупно. Состојките за преливот убаво се мешаат да се добие изедначена маса, се посолува по вкус. Може да се додаде ситно сечкано младо или старо лукче и/или кромитче. Се прелива салатата.

Овој прелив се употребува и за други салати. Во преливот може да се додаде оцет место сок од лимон. За салати со компир може наместо лимон и лажица од доматно пире.

САЛАТА ОД БОРАНИЈА

200-300 гр. варена боранија или брокула
1-2 варени моркови
Плус варен зеленчук по желба:
Грашок од конзерва или варен
Пченка од конзерва или варена
Варено папудо или сл.

Боранијата (брокула) се сечкаат на крупно, се додаваат морковите исечени на коцки или стапчиња + грашок/пченка или папудо околу 100гр. Се зачинува со горе напишаниот прелив.

САЛАТА ОД МАРУЛА СО КОМПИР

4-5 компира
1 средно голема марула

Компирите се варат во лушпа, изладени се лупат и се сечат на тенки тркалца. Марулата убаво се суши во крпа, се сече на ситно, се меша со компирот и се зачинува со преливот.

 

МАРИНИРАНА БРОКУЛА

1 кг. брокула
5 л. вода + 50 гр. сол + 3 гр. лимонтус

Состојки за маринада:
1 ½ чаша оцет, 2 ½ чаши вода, ½ лажица шеќер, 20 зрнца бибер, 1 ловоров лист и 1 лажица сол.

Брокулата се вари во водата со додатоци (малку, 6-7 мин., затоа што омекнува во маринадата), се цеди, се става во стаклен сад. Состојките за маринада се ставаат во тенџере и се оставаат да зовријат. Додека е уште жешко се прелива преку варената брокула и се остава да се лади без капак. Изладено, може да се стави во фрижидер. Се служи како гарнир со риба, ќофтиња и сл.

На таков начин може да се приготват тиквички, свежа зелка, карфиол и сл.

 

 

ДЕСЕРТИ

БЛАГИ МАКАРОНИ

250-300 гр. макарони
2-3 лажици сечкани ореви
4-5 лажици шеќер
1-2 лажици мед
3-4 лажици кокос
1/2 посно чоколадо за готвење

Макароните се варат на вообичаен начин во вода со малку сол. Веднаш по цедењето се додава мед за да не се залепат и се промешува. Потоа се додава шеќер, ореви (сечкани или мелени) и кокос. Сето тоа лесно се меша и врз тоа се става чоколадото стопено со малку вода.

ГРИЗ – ТОРТА

1,3 л. вода
15 супени лажици шеќер
6 супени лажици соино млеко во прав
250 гр. пченичен гриз
може и 50 гр. кокос, по желба
 
1 л. вода
3 пудинзи од чоколадо
100 гр. чоколадо за готвење
12 супрни лажици шеќер
6 супени лажици соини млеко во прав

1,3 л. вода треба да зоврие со 15 лажици шеќер, се додаваат 6 лажици соино млеко во прав и постепено се додава 250 гр. гриз и се меша на тивок оган околу 5 минути. Додека е уште жешко се става во тавче средна големина.
Во 800 мл. вода се става 6 лажици соино млеко во прав. Додека зоврива водата, на страна се разматуваат 3 пудинзи со 12 лажици шеќер во 200 гр. ладна вода, што потоа се додаваат во зовриената вода. Заедно се вари 2-3 минути. Додека е уште жешко се додава 100 гр. посно чоколадо за готвење. Додека е пудингот уште жежок се става врз уште топол гриз.
Може одозгора да се поспе со кокос или цимет.
Кога ќе се излади, се става во фрижидер. Потоа се сече на коцки и се сервира.

СВЕТОГОРСКИ КОЛАЧ

6 супени лажици џем
10 супени лажици шеќер
1 кесичка цимет
кора од 1 лимон и 1 портокал + сок од 1 портокал
1 супена лажица сода бикарбона + малку прашок за пециво
500 гр. брашно
¼ л. млака вода
1 рака сецкани ореви (може да се додаде суво грозје, урми)

мармалад од кајсија
150 гр. посно чоколадо за готвење

Џемот и шеќерот се матат со миксер за да се добие уедначена маса, се разредува со вода, се додава цимет, рендана кора од лимон и портокал, сок од портокал, ореви, суво грозје и полека, со мешање, се додава брашното помешано со сода бокарбона и со прашок за пециво. Смесата добро се изедначува со мешање и се става во тефлонска тава. Сместа не смее да биде премногу тврда (треба лесно, со мокра рака да се изедначи површината да биде мазна). Се става во умерено загреана рерна. Се пече околу 25-30 минути. Се проверува дали е печено со чачкалица. Откако рерната ќе се исклучи, колачот се остава внатре уште неколку минути. Уште топол, колачот се премачкува со 3 супени лажици отопен мармалад од кајсија, а врз него се става чоколадна глазура.


ТОРТА СО МЕД

100 гр. шеќер + 1 чаша вода
1 лажица сода бикарбона
2 лажици мед
250 гр. шеќер
500 гр. брашно (300 гр. брашно + 100 гр. кокос + 100 гр. гриз)

Од шеќерот и водата се вари шербет, се додава сода бикарбона, мед, шеќер и брашно. Сето ова добро се меша, се сипува во подмачкан плех или плех посипан со брашно и се пече. Изладената торта се премачкува со глазура од шеќер, карамел или какао прелив.
Пред печењето, во тестото може да се стават смокви, урми, суво грозје, суви сливи.

Бомбички со суво грозје

Потребни состојки: l250 г суви смокви l100 г суви урми l100 г суви сливи l100 г сечкани ореви l300 г шеќер l50 г вода l200 г чоколадо за готвење l2-3 лажици масло

Начин на приготвување:
 Сувото овошје се сечка и заедно со сечканите ореви се става во шербет приготвен од 300 грама шеќер и 50 грама вода. Смесата треба да се излади толку за да може да се обликуваат топчиња. 200 грама чоколадо за готвење се растопува со 2-3 лажици масло, на пареа. Со глазурата се преливаат бомбички.

ТУТИ-ФРУТИ

1 чаша интегрално (или некое друго) брашно
1 чаша пченични никулци
1 чаша овесни снегулки
1 чаша сечкани суви урми
1 чаша сечкани суви смокви
1 чаша суво грозје
1 чаша рендан морков
1 чаша кокос
1 чаша сечкани ореви
Рендано јаболко или сок од јаболко (вода од варена пченица, друг овошен сок и сл.) колку да се замеси
Малтекс (слад од јачмен) или друг слад/шеќер по вкус
Ванилин шеќер, цимет
Убаво се измесува, се обликуваат салами и се пече не на јако (до 200 °С) најмалку 40 минути во претходно загреана рерна.

Напомена: состојките се по избор, само да се води сметка замената да биде слична на заменетата состојка (на пр. ако не ставиме никулци, да се додаде снегулки или брашно и сл.). Саламите подобро ќе се испечат ако се со помал обем. Може откако ќе се изладат да се премачкаат со џем и да се стави чоколаден прелив.

 


Десерти со масло


 

ПИТА СО ЈАБОЛКИ

300 гр. брашно
200 гр. маргарин
100 гр. шеќер
Сок и кора рендана од 1 лимон
Ванилин шеќер

За фил:
Околу 1 кг. јаболка (не повеќе)
4-5 лажици шеќер
½ пакетче цимет или 1 лажичка

Се прави дупка во брашното во која се става шеќерот, сите состојки и на крајот на тенки плочки исечен маргарин (не топен). Се замесува тесто и пожелно е да отстои ½ час до 1 час во фрижидер. Се прават 2 топки од кои се прават 2 кори. Тавчето се мачка со маргарин, се става првата кора, па филот (по желба врз филот се става пченични никулци или малку гриз; јаболките пред да се стават, се цедат). Потоа се става втората кора; се набодува со вилушка на повеќе места и се пече на 200 °С околу 30-35 мин.

ЖАРБО КОЦКИ

350 гр. брашно
2 супени лажици шеќер
сок од 1,5-2 лимона + рендана кора
1 супена лажица јаболков оцет
200 гр. маргарин „Кристал“
1 мала коцка квасец
малку сол
1 прашок за пециво + 1 ванилин шеќер

За фил:
200 гр. мелени ореви
200 гр. шеќер
3-4 супени лажици загреан мармалад од кајсија
150 гр. посно чоколадо за глазура одозгора

Од горенаведените состојки се замесува еластично тесто, се завиткува во проѕирна фолија и се става во фрижидер да отстои половина час. Потоа се дели на три дела се сукаат три тенки кори, една по една. Кога ќе се расука првата кора, се става во подмачкан плех, се премачкува со 1-2 лажици загреан мармалад (целосно да биде премачкано), се посипува со половина смеса мелени ореви и шеќер. Врз тоа се става втората кора и постапката се повторува. Врз третата кора не се става ништо, туку таа се прободува на неколку места со вилушка. Се става во згреана рерна и се пече околу 30 минути на околу 200 °С. Додека е уште топло се прелива со глазура, се остава да се излади и се сече на ромбови.


ПОСНА КАРАМЕЛ ТОРТА

Посни бисквити „Златни пек“  500-600 грама
3-4 супени лажици слатко или мармалад од портокал
2-3 супени лажици мармалад од кајсија

Посно чоколадо „Краш“ 100 грама (за глазура)

Крем:
400 грама шеќер
5-6 супени лажици посно млеко во прав
1 л. вода
3 пудинга од ванила „Подравка“
200 грама маргарин „Кристал“
1 ванила шеќер
200 грама халта (блага, посна)

2-3 супени лажици нес-кафе во 1 чаша млака вода

Прво се прави кремот: на страна се подготвува 1 л. врела вода со разматено посно млеко. На тивок оган се пржи 400 грама шеќер, со мешање, додека да стане карамел. Потоа веднаш се тргнува на страна и во тоа се додава, мешајќи, подготвеното жешко млеко. При додавањето може да се направи пења, но тоа е нормално. Само за кратко тогаш треба да се прекине со мешањето, па да се продолжи. За да се стопат сите грутки од шеќерот треба млекото со карамелот да се вари на тивок оган 5-10 мин. Кога шеќерот сосема ќе се стопи, тенџерето се тргнува од огнот и во него се додаваат подготвени пудинзи (разматени само со малку вода). Потоа пак се враќа на огнот, се вари неколку минути додека не стане густо. Треба да биде толку густо за кремот да не тече. Во изладен крем се додава маргарин, претходно добро изматен со ванила шеќер. Потоа се додава претходно изматена халта (ако кремот излезе помек, не треба да се додава целата количина халта, туку само лажица-две за вкус, а останатото може да се искористи за украс).

Потоа се прави премаз: мармаладот треба малку да се подгрее на тивок оган, со мешање. Треба да се добие полутечна уедначена смеса. Потоа се меша со слаткото од портокал и заедно се пасира.

Бисквитите, пред да се наредат, се потопуваат еден по еден во нес-кафето разматено во вода. Се редат во три слоја, така што врз секој слој бисквити најпрво се става тенок слој од премазот, па врз премазот кремот. Значи, на крај доаѓа кремот со кој се премачкува тортата и странично. Врз тоа се става глазура.
Тортата треба да отстои една ноќ во фрижидер.


СВЕДОШТВО ОД МАРКОВИОТ МАНАСТИР - Гладувањето е храна за молитвата     

 

 

MONASTERY LENTEN RECIPES
With and without oil

 

Lenten recipes without oil (water based)

 

LENTIL MEATBALLS

Lentils, buckwheat, carrots (1/2 cup of all), the 2-3 pieces of bread centered, to taste leeks, onions, garlic, parsley, salt, pepper, vegeta seasoning.

The lentils are boiled for 30 minutes (it should be firm) and then strained. Wash the buckwheat, boil in a little bit of water (enough to cover), throw out the first water; the second boil should be seasoned with salt; it is done when water is completely soaked by buckwheat. The carrots may be steamed or boiled (if you’re using leeks, then it’s the same step as the carrots). The vegetables are finely diced, mixed with the buckwheat and lentils (if you do not use buckwheat then rice or millet may be substituted) add the dried bread and season to taste. Mix the contents well and let stand in order to soak in extra liquid. Form mixture into round meatballs or kebabs. Place them on baking sheet with flour (you may substitute with corn meal or bread crumbs) and bake in a pre-heated oven of 200 C for 40 minutes to an hour.


WALNUT PATAE

4-5 Potatoes
250 Grams crushed walnuts
1-2 tablespoons tomato paste
1-2 tablespoons mustard
½ lemon freshly squeezed lemon
Salt, pepper, finely diced garlic and onion to taste


Peel the potatoes and boil as if to make mashed potatoes; after boil, separate from water but do not discard water since it will be used for mashing the potatoes. Mash the potatoes and add walnuts and other ingredients. Mix with mixer and season to taste.


HUMUS

200-250 grams baked chic peas should be finely ground in coffee grinder. Add mustard, salt, juice from ½ of a lemon, warm water to bring consistency to pâté. You should finish the humus with mashed garlic to taste.

 

CREAMY SOUP

Basis for creamy soup:
4-5 potatoes
2 tablespoons tahini
Juice from ½ of a lemon
Salt, pepper, parsley

The peeled potatoes should be boiled in water just enough to cover them in the pot. When they are finished, they should be removed from water and left to cool. Place in cooled potatoes in blend with 1-cup cold water, tahini, and lemon juice. Blend and slowly add water in which potatoes were boiled only to obtain consistency of creamy soup. Then boil soup and add salt, pepper, and parsley to taste.

This is a basic recipe for creamy soup. You may use various combinations: potato + carrots, potato + mushroom, potato + peas, potato + spinach, potato + leeks, potato + broccoli etc.


VEGETABLE SOUP

1-2 Carrots
½ kilograms spinach
1/3 horseradish
1/3 celery root
?????
Salt, Pepper, Vegeta

The carrots, horseradish, and celery root are diced and boiled in a little bit of water. Near the end of you add more water (liter and a half to two liters), let it boil, add chopped spinach oat groats and boil for 5-6 minutes. Add salt, pepper, and vegeta to taste.

This recipe may substitute ingredients: Broccoli, potato, cauliflower etc. Instead oat groats, you can use egg-less noodles, or other Lenten pasta or rice.


BEET SALAD

3-4 Boiled or baked beets
1-2 fresh carrots

Dressing:
2 tablespoons tahini
1-tablespoon mustard
Warm, boiled water
A little bit of lemon juice
Salt to taste

The peeled beets and carrots should be grated in large pieces. The dressing ingredients should be mixed well to an even consistency, add salt to taste. You may add finely chopped garlic (old or new) or onions. Top the salad with the dressing.

This dressing may be used for other salads. Also, you may use vinegar instead of the lemon juice. For potato salads, you may use tomato paste.

GREEN BEAN SALAD

200-300 grams of boiled green beans or broccoli
1-2 Boiled carrots
Add boiled vegetables to your taste:
Canned peas or boiled, Canned corn or boiled.

The green beans or broccoli are chopped in large pieces, add 100 grams cubed carrots and peas or corn. Add dressing described in beet salad above.


SALAD WITH LETTUCE AND POTATO

4-5 Potatoes
1 medium lettuce 

Boil the potatoes in their skins, cool, peel, and dice in thin wheels. The lettuce should be dried well in a towel, finely diced, mixed with the potato and topped with dressing described above


MARINATED BROCCOLI

1 Kilograms of Broccoli
5 liters of water + 50 grams of salt + 3 Grams limontus

Ingredients for Marinade:
1 and ½ cuts vinegar, 2 and ½ cups water, ½ Tablespoon sugar, 20 peppercorns, 1 bay leaf, and 1 Tablespoon salt.

Boil the broccoli in water with the ingredients for 6-7 minutes, strain, and put in glass bowl. Put the marinade ingredients in pot and boil. While it’s still hot, pour over the broccoli and left to cool without cover. After it’s been cool, you can refrigerate. You can eat as side dish for fish or meatballs.

 

DESSERTS

SWEET MACARONI

250-300 Grams macaroni
2-3 tablespoons diced walnuts
4-5 tablespoons of sugar
1-2 tablespoons of honey
3-4 tablespoons of coconut
½ Lenten cooking chocolate

Boil the macaroni as you would for any other use with a little bit of salt. Right after you strain, add the honey so they won’t stick together and mix. Right after this, add the sugar, walnuts, and coconuts. These ingredients are gently mixed and in the end add the Lenten chocolate that has been melted on water.

 

CREAM OF WHEAT CAKE

1/3 liters of water
15 tablespoons of sugar
6 tablespoons soymilk powder
250 grams cream of wheat
You may add 50 grams of coconuts to taste

1-liter water
3 packets of instant chocolate pudding (Lenten)
100 grams of cooking chocolate
12 tablespoons of sugar
6 tablespoons of soymilk powder


1/3 liters of water should be boiled with 15 tablespoons of sugar, add 6 tablespoons of the soymilk powder, while slowly adding 250 grams of the cream of wheat on low heat for about 5 minutes. While it is still hot, put in medium cooking pan. In 800 milliliters water put 6 tablespoons soymilk powder. While it begins to boil, on the side mix 3 instant pudding packets with 12 tablespoons sugar in 200 grams of cold water, after which it’s added to the boiled water. Boil together for 2-3 minutes. While it’s still hot add 100 grams Lenten cooking chocolate. While hot, pour on top of the warm cream of wheat. You may add coconut or cinnamon on top. After it cools, place in refrigerator. After cold, cut in cubes and serve.


HOLY MOUNTAIN CAKE

6 tablespoons jam
10 tablespoons sugar
1 bag of cinnamon
Rind from one lemon and orange, plus the juice of the orange
1-tablespoon baking soda, plus baking powder
500 grams of flour
¼ liters warm water
1 hand of diced walnuts (you may add raisins and/or dates)

Marmalade from apricots
150 grams Lenten cooking chocolate

The jam and sugar are mixed in mixer to obtain even consistency, then broken down with some water and cinnamon. The rind from the lemon and orange, the orange juice, walnuts, raisins, are added. Also, slowly fold in flour mixed with baking powder and soda. Obtain even consistency and then pour into Teflon pan. The mix should not be too firm, and top of mix should be made even with damp hand. It should be placed in pre-heated oven to medium heat and baked for 25-30 minutes; to determine whether it is baked, insert toothpick. Turn oven off and leave cake inside for a couple of more minutes. While warm, the cake is covered with 3 tablespoons of the apricot marmalade left at room temperature, and then on top you drizzle chocolate glaze.


HONEY CAKE

100 Grams sugar, plus one cup of water
1 Tablespoon baking soda
2 Tablespoons honey
250 Grams sugar
500 Grams flour (300 Grams flour, plus 100 Grams Coconut, plus 100 Grams Cream of Wheat)

Bring cup of water to a boil and condense sugar to syrup, add baking soda, honey, sugar and flour. Mix well, and pour onto baking sheet, covered in a little bit of flour and bake. Cover the cooled cake with a syrup glaze, caramel, or cocoa dressing. Also, before you bake, you add figs, dates, prunes, or raisins to the mixture. 


TUTTY – FRUITY

1-Cup flour
1-Cup wheat groats
1-Cup Oat flakes
1-Cup diced dates
1-Cup diced dried figs
1-Cup raisins
1-Cup grated carrots
1-Cup coconut
1-Cup chopped walnuts
Grated apple or apple juice or any other juice to help mix
Molasses
Vanilla, sugar, cinnamon
Mix well and shape into long, salami-like figures. Bake on high (up to 200 C) at least 40 minutes in pre-heated oven.

Suggesting: The ingredients are open to preference, just make sure that if you substitute that other ingredients works well with substitute. The figures will bake better if they are thinner. After they cool, you may spread jam on them or pour chocolate drizzle. 

 

DESSERTS WITH OIL

APPLY PIE/PASTRY

300 Grams flour
200 Grams margarine
100 Grams sugar
Juice and rind from 1 lemon
Vanilla sugar

For the filling:
1 Kilogram of apples (no more)
4-5 tablespoons sugar
½ packets of cinnamon or 1 tablespoon

Make hole in the flour and pour in sugar, and all ingredients, in the end put the margarine in little pieces but not melted. Mix the batter, and it is suggested to let it 1 hour in the refrigerator. Make 2 balls, from which you make 2 layers. The cooking pan should be covered with margarine, and place the first layer, then pour the filling (you may put wheat groats or cream of wheat in apple filling. Also, make sure apples are strained prior to pouring). Afterwards, place the second layer; make holes with fork on top layer on many spots and bake for 30-35 minutes at 200 C.


“ZHARBO” CUBES

350 Grams flour
2 Tablespoons sugar
Juice and rind from 1 – 2 lemons
1 Tablespoon apple cider vinegar
200 Grams margarine
1 small cube of yeast
A pinch of salt
1 small bag baking powder and Vanilla sugar

For Filling:
200 Grams crush walnuts
200 Grams sugar
3-4 Tablespoons warmed marmalade from apricots
150 Grams Lenten cooking chocolate for glaze

Mixture should be made into elastic dough, wrapped in plastic wrap, and placed in refrigerator for half an hour. Afterwards, cut into three parts and kneaded into thin layers once after another. After you finish the first layer, place in pan that is covered with 1-2 Tablespoon warmed marmalade, pour with crushed walnuts and sugar. Place the second layer on top of this, and repeat. Do not put anything on top of third layers, rather put holes in a few places with a fork. Put into pre-heated oven at 200 C and bake for 30 minutes. Afterwards, while it is still hot pour glaze, let cool and serve. 


LETEN CARAMEL CAKE

Lenten biscuits 500-600 Grams
3-4 Tablespoons orange marmalade
2-3 Tablespoons apricot marmalade

Lenten chocolate - 100 Grams for glaze

CREAM:
400 Grams sugar
5-6 Tablespoons non-dairy creamer
1-Liter water
3 bags instant vanilla
200 Grams margarine
1 vanilla sugar
200 Grams halta

2-3 Tablespoons Nescafe in 1-cup warm water

First you make the cream: On the side prepare 1 Liter hot water with the non-dairy creamer. On low heat, brown 400 Grams of sugar, until it caramelizes. Right after, remove from heat and mixed, slowly the prepared hot milk. While preparing, you may get some foam, this is normal; if this happens, stop for a very short period, but then begin mixing again.  For there to be no lumps, while mixing you should have pot over low heat for 5-10 minutes. When the sugar is completely melted, remove the pot from the oven and then pour the puddings (prepared with a little water). Place back on heat and boil for a few minutes, or until it thickens. It should be thick enough so that it doesn’t pour easily. In the cooled cream, add the margarine that was whipped with sugar previously. Afterwards, add the mixed halta (if the cream is softer, then do not pour all of the halta, only a spoonful or two to taste)

Afterwards you prepare a spread: The marmalade is warmed on low heat and stirring. It should become a semi-liquid consistency. Then it is mixed with the orange marmalade. 

Before you place the biscuits, you soak each one by one in the Nescafe made in water. Place in three layers, between each layer you should put a thin layer of the spread, and then on top of the spread, you should place the cream. At the end you place the cream over the whole cake. On top of the cream you put the glaze. The cake should spend 1 night in the refrigerator.

 

Извор: „ПРЕМИН“ - (за св.Григориј Палама)

 
ФРАПЕ

Чоколадно фрапе
За 2 лица: 3 лаж. хељда, 2 лаж. ленено семе се кисне преку ноќ во вода.
Наредниот ден се става во блендер и му се додава 1 банана, ¼ авокадо, 5-6 урми и 2 лаж. какао. Убаво се блендира.


Фрапе од боровинки
За 2 лица: 2 лаж. овес, 1 лаж. просо, 1 лаж. хељда, 2 лаж. суво грозје, 2 лаж. ленено семе, 1 лажиче чија семе (по желба) се киснe преку ноќ во вода.
Наредниот ден сѐ се става во блендер и му се додава 1-2 банани, 5-6 лаж. боровинки, 5-6 урми (без семки) и 2 лаж. кокос. Може да се додаде и мед. Убаво се блендира.


Фрапе од малини
    1 чаша малини, 2 банани, 1 јаболко, 5-6 урми. Прво се блендираат само малините, потоа смесата се процедува низ цедалка за да се отстранат семките и му се додаваат другите состојки. Се блендира до изедначување. Излегува околу 3 чаши.

Зелен сок
Зелено: блитва, спанаќ, магдонос, целер, рукола, листови од цвекло, листови од здравец, маточина, свежо нане, 1 банана или круша, 1 јаболко, 1 портокал, ½ лимон, 3-5 урми или мед. Може да се додаде и 2 лаж. ленено семе. Сѐ се блендира прво со малку вода за да се добие уедначена смеса, а потоа му се додава уште вода по потреба.
Од зеленото се користи тоа што се има дома.

Жив пудинг
Се накиснува од вечер: 1 лаж. овес, 1 лаж. хељда, 1 лаж. просо (може само овес или хељда, во зависност од состојките со кои располагате), 2 лаж. ленено семе, ореви, семки од тиква или сончоглед, 2 лаж. суво грозје. Наредниот ден сѐ се става во блендер заедно со 1 јапонско јаболко, 1 банана, 3-5 урми и сок од 1 портокал со малку вода за убаво да се изблендира.
По желба може да се додаде цимет, какао, кокос, ванила итн.

Колат појадок

    Од вечер се мелат 2 лаж. пченица во машинка за кафе да станат брашно. Откако ќе се сомеле, на брашното му се додаваат 5 лаж. вода и се размешува да се добие уедначена смеса. Во друг сад се накиснува 2 лаж. суво овошје: суви урми, суво грозје, суви смокви, брусница итн. Сето тоа се остава преку ноќ да отстои.
Наредниот ден на брашното му се додава исцеденото суво овошје, 1 изрендано јаболко или круша или некој друг вид овошје: јагоди, малини, капини, праски итн., 7-8 сомелени или исецкани јатки (ореви, бадеми, лешници, индиски ореви итн.), 1 лаж. сок од лимон, мед по желба.
Сѐ се измешува и веднаш се јаде. Овој појадок ве држи сити и до 4 часа и дава многу енергија.



ПАШТЕТИ

Паштета од грашок
Потребно: 1 кг. грашок се вари или на пареа (а може и жив грашок накиснат неколку часа во вода), неколку чешниња лук, 200 гр. мелени семки од сончоглед (печени/живи/накиснати во вода), сок од 1 лимон, сол, црн бибер, ладно цедено масло.
Може да се додадат и други зачини по вкус, како: каен, нане итн.


Паштета од компир
Потребно: 4-5 компири, 250 гр. мелени ореви/семки од сончоглед, 1-2 лаж. доматно пире, сок од половина лимон, сол, бибер, ситно сецкан млад лук или кромид по желба. Може да се додаде и оригано по желба, маслиново масло, власец.
Компирите се варат (подобро е со лушпа). Кога ќе се сварат компирите, водата не се фрла, бидејќи по потреба се додава во паштетата. Компирот се лупи, се пасира и се додаваат другите состојки. Се блендира со миксер или во мултипрактик.

Паштета од модар патлиџан
Потребно: 2 тегли печен модар патлиџан, 250 гр. мелени ореви/семки од сончоглед, неколку чешниња лук, сол, бибер, масло.
Сѐ се става во мултипрактик и се блендира.


Паштета од тиква и компир
    Потребно: половина портокалова тиква, 2-3 глави компир, 1 главица кромид, 250 гр. мелени ореви/семки од сончоглед, сок од половина лимон, сол, бибер, ситно сецкан млад лук или кромид по желба, 2-3 сецкани кисели краставички, масло.
    Тиквата се вари во малку вода заедно со кромидот и компирот. Откако ќе се свари, во суперсецко/мултипрактик се блендира заедно со другите состојки. Киселите краставички се сецкаат ситно и се додаваат на крај.


Хумус
    Потребно: 200-250 гр. наут, сок од половина лимон, неколку чешниња лук, 1-2 лаж. таан, сол, црн бибер, маслиново масло.
    Наутот се накиснува од претходната вечер со 1 лаж. органска сода бикарбона. Наредниот ден се вари и во суперсецко или мултипрактик се блендира со другите состојки за да стане мазно како паштета (може да се направи и од жив наут ако претходно се киснел 24 саати).
    По желба може да се додаде каен, нане или ситно сецкан млад кромид.


Паштета од индиски ореви
    Потребно: 300 гр. индиски ореви, 1-2 лимони, ладно цедено маслиново масло, лук, 2-3 лажичиња куркума.
    Индиските ореви треба да бидат накиснати во вода 4-6 часа. Исцедени, потоа се ставаат во суперсецко заедно со другите состојки. Се блендира додека не се добие изедначена смеса. По потреба се додава вода ако смесата е многу густа.

Паштета од семки и јатки
    Од вечер се накиснуваат ореви, индиски ореви, семки од сончоглед и тиква, сушени домати. Наредниот ден убаво се процедуваат и се ставаат во суперсецко. Се додава маслиново масло и црн пипер, како и други зачини по вкус: оригано, босилок, мајчина душичка, жалфија итн.



ДЕСЕРТИ

Чоколадна торта со просо и урми
1 шолја просо се вари 2 спрема 1 (може и една шолја интегрално пченично брашно кое, исто така, се вари во вода 2,5 спрема 1 – постепено се истура во водата и се меша за да не се направат грутки), 250 гр. свежи урми, 100 гр. растопено чоколадо, какао и кокос по желба, 200 гр. мелени ореви (може и бадеми, кикирики), 1-2 лаж. мед (може да се додаде и рендана кора или сок од портокал, лимон, по вкус).
Сѐ се става во мултипрактик или сецко и се блендира (но и не мора). Смесата се прави како торта и одозгора се става глазура од 100 гр. растопено чоколадо. Може да се обликува и како бомбици.


Чоколаден пудинг
1 шолја овес, 100 гр. мелени бадеми, 50 гр. мелени ореви, 50 мл. рум, 200 гр. чоколадо, 150 гр. урми, кафеав шеќер или мед по вкус.
Овесот се меле во машинка за мелење кафе, да стане како брашно, и постепено се истура во тенџере со 3 шолји вода (водата треба да биде ладна), постојано мешајќи додека се свари, околу 10 минути. Кога ќе се свари, му се додаваат останатите состојки*.

*Смесата може уште еднаш да се изблендира во блендер за да биде помазна. Во тој случај, оревите и бадемите се додаваат после блендирањето.


Чоколаден сутлијаш
    Се вари 1 шолја интегрален ориз, му се додава 50 гр. какао, 100 гр. чоколадо, 250 гр. урми, 200 гр. сецкани ореви, мед по вкус, неколку лажици интегрален таан.


Сладолед од банани и кикирики
    5-6 банани, 200 гр. урми, 100 гр. топено чоколадо, какао, пола филџан алкохол (за да не се заледи премногу). Се блендира, а потоа се додава 500 гр. мелени кикирики. Смесата се става во ќесиња (или пластични чаши или модли) и се става во замрзнувач.



Сладолед од ф’стаци (ореви, лешници, бадеми)
    1 зрело авокадо, 4 зрели банани, 2 лажици мед, ванилин шеќер, малку сол, ¼ шолја ф’стаци. Сѐ се меле и се става во замрзнувач. Се декорира со сецкани ф’стаци.


Сникерс
Се меле 200 гр. печени кикирики, а потоа се додава 15 урми, 2 лажици какао и 1 лажица мед. Од смесата се формира колачиња, кои се оставаат во обичен фрижидер половина час, а потоа може да се потопат во глазура од чоколадо.


Пудинг од афион, црни сливи и портокал
Се меле најпрвин 3 лажици афион на суво, па му се додава 3 лажици накиснати суви црни сливи, сок од еден портокал и овошје по желба, како банана или авокадо, и 1 лажица какао. Доколку е потребно, се додава вода. Смесата се остава малку да отстои во фрижидер.

Чоколешник
    Се меле половина чаша лешници (ако нема лешници, може ореви или бадеми), па се додава 10 урми, 2 лажици мед и 2 лажици какао.


Чоколаден мус
    Се блендира во суперсецко половина авокадо со 5 урми, 2 лажици какао и 1 лажица мед. По желба, може да се додаде и пола банана.


Баунти
    150 гр. ореви се мелат, се додава 2-3 лажици кокос, 5 урми, 1 лажица мед, малку сок од портокал или вода ако е многу суво, а може и ¼ авокадо. Се обликуваат како долгнавести колачи и се ставаат во замрзнувач малку да се стегнат. Се потопуваат во растопено чоколадо со малку масло.


Чоколадни бомбици
    250 гр. исчистени урми без семка, 250 гр. кокос, 50 гр. какао, 100-200 гр. ореви, околу 200 гр. овесни снегулки, 1-2 лаж. мед, вода по потреба.
Прво се мелат само оревите, а потоа се додаваат и другите состојки. Се увалуваат во ореви или кокос.


„Еурокрем“
1.    100 гр. интегрален таан + 100 гр. мед се измешува, му се додава 100 гр. убаво сомелени лешници и 100 гр. растопено чоколадо.
2.    Многу убаво се меле печено афионово семе, да се направи како паста, и се меша со мед или некоја варијанта на здрав мармалад, најдобро од шипки или црни сливи.

 Паштета од туна 1

    2 конзерви туна на парчиња, 2 лажички копар, 1 шака маслинки, 10 мали кисели краставички, 1 ќеса пармезан, 2 зденки, маслиново масло, сок од 1 лимон, црн пипер, 2 лаж. мајонез (домашно направен), 1 мал кромид, 2 чешниња лук.
    Се блендираат лукот, краставичките, маслинките и копарот како густа смеса, а потоа се додаваат туната и другите состојки.
    Се блендира додека не се добие мазна смеса, а постепено се додава мајонез или маслиново масло сѐ додека не се добие посакуваната густина.


Паштета од туна 2

    2 туни, 2 лажици мајонез (домашен), 1 лажица кечап (домашен), 1 голема главица благ кромид, сол, црн пипер.
    Во суперсецко или мултипрактик прво се става кромидот, се сецка многу ситно – да стане како паста, па му се додава туната и другите зачини и сѐ зедно се домелува.


Паштета од чадена скуша

    4 филети чадена скуша, 200 гр. крем сирење, 2 млад кромид, 2 лажички сецкан власец, 1 лажичка ѓумбир во прав (по желба) и 1 лажичка црн пипер.
    Се сецкаат младиот кромид и власецот,а од рибите се отстранува кожата. Сите состојки се стваат во суперсецко или мултипрактик сѐ додека не се добие мазна смеса. Се остава во фрижидер малку да отстои.

Паштета

     Малку путер, пасирано сирење или урда, пасирани варени јајца, сол по вкус, црн пипер, лук.

Ќофтиња од лосос

    200 гр. исчистени филети од лосос (или ослич) без кожа, подготвени на пареа и изладени, 500 гр. сварени и испасирани компири, 2 лажички кечап, 1 лажиче коријандер (по желба), сол, црн пипер.
    Сѐ се меша во мултипрактик и се формираат ќофтиња. Најдобро да се остават половина час во фрижидер пред да се пржат.

Ќофтиња од ослич со чипотле сос

    ½ кг. исчистен ослич, 2 големи главици кромид, 1-2 јајца, 2-3 чешниња лук, сол, црн пипер, брашно за да се направи како смеса.
    Кромидот и лукот се сецкаат многу ситно во суперсецко или мултипрактик. Осличот се раздробува, му се додаваат јајцата, зачините и иситнетата смеса од кромид и лук.
Се формираат ќофтиња. Најдобро да се остават половина час во фрижидер пред да се пржат.
Чипотле сос: ½ шолја мајонез (домашен), 2 лажички сок од лимон или лимета, 1 лажиче шеќер, 1 лажиче исецкан коријандер (по желба, зашто има јак мирис), ½ лажиче црвен пипер, ½ лажиче оцет, ½ лажиче вода, ¼ лажиче сол, ¼ лук во прав или 1 чешне лук низ преса, прстофат сува лајчина душичка, прстофат кумин (по желба).
Сѐ се измешува заедно.

Ќофтиња од туна со ајоли сос
    
    450 гр. сварен компир, 115 гр. туна, 1 лажиче маслиново масло, 1 малк кромид ситно исецкан, 2 чешниња лук ситно исецкани, 2 лажички ситно исецкан магдонос, 1 изматено јајце, сол, црн пипер.
    Се пасира сварениот компир, му се додава издробената туна, магдоносот и јајцето. Кромидот и лукот се пропржуваат на маслиново масло 5 минути додека не омекнат, а потоа се додаваат во смесата. Се додаваат и другите зачини.
    Со набрашнети раце се обликуваат 18 мали ќофтиња. Се пржат во загреано масло 3-4 минути од секоја страна додека не поруменат. Се служат со ајоли сос.
Ајоли сос:
1 голема жолчка, 1 мало лажиче оцет, 5 лажички маслиново масло, 5 лажички сончогледово масло, 4 чешниња лук низ преса.
Жолчката и оцетот се ставаат во суперсецко или мултипрактик и постепено се додава маслиновото масло. Кога ќе се потроши маслиновото масло, постепено се додава сончогледовото масло, сѐ додека не се добие густ мајонез. Додајте уште оцет ако е многу густо. На крај му се додава сол и лукот.
        

Ќофтиња од компир и кашкавал со салса

    500 гр. сварен компир, 2 лажички растопен путер, 100 гр. рендан кашкавал, ½ шолја брашно, сол, црн пипер.
    Компирите се пасираат и му се додаваат другите состојки. Се формираат ќофтиња и се пржат од двете страни само колку да заруменат.
Салса: 2 шолји (6-7 домати) исчистени од семките и ситно исецкани домати, 1 китка листови од коријандер (може и магдонос) ситно исецкани, 6 чешниња исецкан лук, ½ кромид ситно исецкан, 1 луто пиперче, ½ лажиче сол, 1 лажиче сок од лимета или лимон.
Убаво се мешаат сите состојки. Се остава да отстои преку ноќ за најинтензивен вкус.

 

 

 

Друго:

Великопосно катче 2019 година

 


ВЕЛИГДЕНСКИ ПОСТ pravila.post.jpg

Светата Четириесетница е востановена во чест на страдањата и Воскресението на Господа Исуса Христа. Според Типикот на Православната Црква се пости вака: за цело време на постот во сабота и недела е дозволена употреба на масло. Риба се употребува само на Благовештение и Врбица (Цветници). Ако Благовештение падне пред Врбица (Цветници), тогаш на денот пред Благовештение се разрешува на масло и вино.

ПЕТРОВДЕНСКИ И БОЖИКЕН ПОСТ

Овие пости се востановени во чест на светите Господови апостоли и во чест на раѓањето на Господа Исуса Христа. Тие се постат вака: во понеделник, среда и петок не се јаде масло и вино; во четврток и вторник се дозволува масло и вино, а во сабота и недела масло и риба.
Ако падне празник во понеделник, вторник и четврток, се дозволува масло и риба. Ако падне празник на помал светител во среда и петок се дозволува масло и вино. Ако е голем празник во среда и петок се допушта, поќрај масло, и риба. Ако падне ден на црковна слава во среда и петок, се дозволува масло и риба.

БОГОРОДИЧЕН ПОСТ

Овој пост е востановен во чест на Христовото Преображение и Успението на Пресвета Богородица и се пости на следниов начин: во понеделник, вторник, среда, четврток и петок не се јаде масло. Масло се употребува само во сабота и недела. Риба се разрешува само на Преображение.

 

РАЗРЕШУВАЊЕ ОД ПОСТ ПРЕКУ ЦЕЛА ГОДИНА

 
Ако Божик и Богојавление паднат во среда или петок на монасите им се допушта сирење и јајца, а на мирјаните се (и месо). Ако се случи мала Богородица, Сретение Господово и Голема Богородица да паднат во среда или петок, допуштено е да се јаде риба, масло и вино. На Преображение и Воведение (Пречиста), во кој било ден да паднат, се допушта вино, масло и риба. Во кој било ден да падне Благовештение до Врбица (Цветници), се допушта риба и масло. Ако Благовештение падне во Страсната седмица до Велики Четврток, се допушта само масло и вино, а ако падне на Велики Петок, се допушта само вино.
 

Петровден, Иванден и свети Јован Богослов ако паднат во среда или петок, се допушта вино, масло и риба. Дванаесет дена по Рождество Христово, една недела пред месопусната седмица, светлата седмица (седмицата по Воскресението), на монасите им се допушта сирење и јајца, а на мирјаните и месо. Првата седмица по Духовден допуштено е, исто така, на монасите сирење и јајца, а на мирјаните и месо. Од Воскресение до Духовден во среда и петок допуштено е да се јаде масло и вино. Постот се ублажува уште и во следниве денови, ако паднат во среда или петок, или во време на пост:

pravila.post1.jpg pravila.post2.jpg pravila.post3.jpg
pravila.post4.jpg

pravila.post5.jpg

pravila.post6.jpg
pravila.post7.jpg

pravila.post8.jpg pravila.post9.jpg pravila.post10.jpg

  

Појаснување:
Под "масло" се подразбира масло од растително потекло, кај народот познато уште како "зејтин", а во некои краишта и како "олио", "оливо" и слично.
Датумите од првата колона се однесуваат на стариот црковен Православен календар, а датумите од втората колона се однесуваат на граѓанскиот календар.

Тоа така го востановила Православната Црква во чест на празниците кои се прославуваат. Оној кој може и сака и во овие денови нека пости, но не осудувајќи ги оние кои вака ублажено постат.

Тоа што го одредила Црквата е царски и духовен пат кој води во вечен живот. Оние кои сакаат да постат нека внимаваат да не се натоварат со поголемо бреме од она што Црквата го наредила, оти, ако паднат, нема кој да ги поткрене. Оние кои никако не постат, нека почнат да постат, ако мислат да се спасат и душата да им влезе во Царството небесно. Но, тие не можат веднаш да го земат целото правило, туку најнапред нека постат во среда и петок во првата и последната недела од постот, а потоа, со текот на времето, ќе се трудат, а Господ ќе им помогне да го примат целосното правило, па така по некое време и тие ќе постат уредно.

Во тој духовен напор лошите духови ќе станат силни и ќе те советуваат во разумот или преку ближните, сакајќи да ти наштетат, велејќи ти: "Сакаш да ослабиш, не можеш да издржиш, болен ти е стомакот, лекарот ти препорача добра храна", а се со цел да ти ја убијат желбата. Но, ти, малку по малку, со молитва ќе го отстраниш лошиот дух и постот ќе ти стане лесен. Освен тоа, почетникот, најнапред, може да остави во посните дни да не јаде месо и маст, а да јаде сирење и јајца, па со текот на времето ќе мине на целосен пост.

 Преподобен Гаврил Светогорец, епископ Велички

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная