логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Скопје, 27 септември (МИА) - Дваесет и деветтиот Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ вечер свечено ќе биде отворен во Центарот за култура во Битола, со врачување на Специјалната награда „Златна камера 300“ на израелско-американскиот продуцент и режисер од Холивуд Менахем Голан, кој е и член на фестивалското жири. Надвор од натпреварувачката програма вечер ќе биде прикажан британскиот филм „Другата Болејн сестра“.

Годинава фестивалот првпат ќе се одржува и во Скопје, каде што на 4 октомври ќе биде затворен со доделување на наградите „Камера 300“ за најдобрите од десетте филмови во главната програма, избрани од селекторот Благоја Куновски. Тие се најнови остварувања, снимени во 2007 или во 2008 година - бразилскиот филм „Елитна трупа“, американскиот „Јас не сум таму“, кинескиот „Внимание, страст“, италијанскиот „Гомора“, српскиот „Четвртиот човек“, францускиот „Јулија“, белгискиот „Тишината на Лорна“, шведскиот „Кралот на пинг-понгот“, данскиот „Што никој не знае“, германско-руско-казахстанската копродукција „Тулпан“, рускиот „Заробеник“ и турскиот филм „Три мајмуни“.

Одлуката за наградите Златна, Сребрена и Бронзена камера 300 за филмовите во компетитивната програма ќе ја донесе меѓународно жири, предводено од Кристијан Бергер, кинематографер од Австрија, режисер, актер, продуцент, професор и писател на бројни документарци, ТВ-филмови, и долгометражни филмови. Членови на жирито се Менахем Голан, продуцент од Израел, Столе Попов, режисер од Македонија, Су Гибсон, англиска кинематограферка и Иван Фењо, актер од Унгарија.

Новина е воведувањето на документарната програма „Verite Nuovo“, во која по избор на селекторката Евгенија Теодосиевска ќе бидат прикажани 13 најнови филмови. Програмата ќе биде отворена со контроверзниот германски филм „Другото лице на Истанбул“, светска премиера токму на фестивалот ќе има германско-турската копродукција „Два полуживота“, а ќе гостува и неговиот режисер Сервет Ахмет Голбол. Во документарната програма ќе бидат прикажани и два македонски филма - „Бабино село“ на Драгана Заревска и „По повод Манаки“ на Дарко Митревски, Александар Русјаков и Томислав Османли.

По три години на фестивалот повторно се враќа програмата „Балканика“. По избор на Никола Младиќ ќе бидат прикажани шест филмови од регионот, меѓу кои и албанскиот „Време на кометата“, кој речиси во целост е снимен во Македонија. Надвор од конкуренција во оваа програма  е и  норвешкиот филм „Мируш“ со тематика за Косово.

Во програмата „Кратки филмови“, по избор на Игор Иванов, ќе бидат прикажани 18 филмови, а за „Студентската програма“ избрани се 31 филм од околу 60 пристигнати, селектирани од Диме Попов и Борјан Зафировски. Ќе бидат прикажани и филмови во чест на наградените автори - програма „Руско кино“ и програма за промоција на македонските автори - режисерот Столе Попов, кој е и член на жирито, и најстариот жив фотограф Благоја Дрнков, кому ќе му биде доделено признание. Проекциите во Скопје ќе почнат утре, а фестивалски локации се Дом на АРМ, кино „Милениум“, Факултетот за драмски уметности и Кинотеката на Македонија.

Добитник на „Златна камера 300“ за животно дело за 2008-ма е Валтер Карваљо (1947), водечки бразилски и светски кинематографер, фотограф, режисер, сценарист и продуцент. По вокација е графички дизајнер, но во светот на филмската уметност влегол следејќи го својот постар брат Владимир Карваљо, режисер, актер, сценарист и продуцент. Карваљо е најмладиот лауреат на наградата за животно дело на „Браќа Манаки“ и според досега остварениот опус е апсолутно заслужен да влезе во клубот на великаните на фестивалот.

Во својата богата кариера како кинематографер снимил над 60 целовечерни филмови, а режирал четири кои, исто така, му донеле бројни фестивалски награди. Најмногу соработувал со режисерот Валтер Салес, кој е негов креативен партнер. Снимателската школа на Валтер Карваљо ја продолжува неговиот талентиран син Лула Карваљо, директор на фотографија на филмот „Елитна трупа“, кој е во официјалната програма на годинашниот фестивал. Таткото и синот Карваљо работат на најновиот игран проект, бразилско-унгарската копродукција „Будимпешта“, во кој Валтер е режисер, а Лула кинематографер.

Покрај Менахем Голан, кому наградата ќе му биде врачена вечер, лауреати на Специјална награда „Златна камера 300“ за особен придонес во кинематографијата се и рускиот режисер и директор во „Мосфилм“ Карен Георгиевич Шахназаров и ексјугословенскиот режисер Вељко Булаиќ. хс/бак/9:31



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная