логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Со особено задоволство Ве информираме дека на 5 декември 2018 год. (среда), во објектот Даут пашин амам, во 20 часот ќе се отвори изложбата со наслов  „Почетоци за паметење” 1948-1956 (изложба од архивата на Национална галерија на Македонија) која се реализира во рамките на одбележувањето на јубилејот  „Седумдесет години Национална галерија на Македонија”.
На изложбата ќе бидат претставени 150 листови оригинална архивска документација од 1948 до 1956  година кои сведочат за  успешната приказна  поврзана со формирањето на галеријата, галериската збирка и начинот на раководење. Ова претставува потсетување за огромниот вложен напор,  не само од страна на тимот кој ја водел Уметничкатагалерија, туку и од страна на државните институции кои несебично и со голема одговорност дале поддршка и придонеле Националната галерија денес да прерасне во храм на уметноста идвигател на културниот живот во Македонија.
Идејата за поставување на изложбата произлезе како резултат на моите заложби за истражување на архивската документација, со цел комплетирање на податоците за делата застапени во нашата колекција. При истражувањето наидов на многу интересни податоци  поврзани со формирањето на галеријата, откупитена делата и комуникацијата со уметници и други институции. Најсилен впечаток ми остави периодот од 1948 до 1956 година кога со галеријата раководеле еминентните македонски ликовни уметници Борко Лазески и Никола Мартиноски. Тоа е период  исполнет со професионалност, упорност и одговорност  не само кај вработените во Уметничката галерија туку и кај државните органи и институции. Во сиромашна држава со  неразвиено стопанство во која сè уште се чувствуваат последиците од војната,  импресионира високиот степен на чувство за негување на културното наследство и стимулирање и презентирање на современото ликовно творештво. Во овој  период направени се најзначајните чекори во постоењето на оваа институција, односно: „Даут - пашиниот амам“ е адаптиран  во галериски простор, формирана е богата галериска збирка и поставени се повеќе домашни и меѓународни изложби.
Погледот кон периодот на почетоците (1948-1956) од формирањето на тогашната „Картина” или “Уметничка”, а денес Национална галерија на Македонија, навидум временски краток, но долг и богат професионално претставува потсетување за вложениот напор, но и на резултатите кои се за почит и никогаш  не треба да бидат заборавени.

Куратор на изложбата
Славица Алексоска

Национална галерија на Македонија

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная