логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

И МАКЕДОНИЈА ДЕЛ ОД УМЕТНИЧКОТО СЕМЕЈСТВО НА IMAGO MUNDI
пишува: Ана Франговска

„Imago Mundi е културен, демократски и глобален проект што стреми кон нови граници на уметноста во името на соживотот на експресивната разновидност... Неговата намера е преку турнеи на колекциите, да се приближи (со изложби, каталози и веб-портал), до најголем можен број на луѓе, и да поттикне на искрен дијалог со уметноста и со светот, акцентирајќи дека значењето, идеите, причината и инспирацијата не се монопол на неколкумина, туку се базираат на интеракција и комуникација.“ (Лучиано Бенетон) Проектот е инициран од страна на големиот италијански стопанственик и бренд сопственик Лучиано Бенетон кој ангажира тим на куратори и колекционери кои делегираат колеги во целиот свет за да извршат национален избор на уметници кои би ја формирале националната слика на Imago Mundi. На глобално ниво проектот е започнат во 2009 година од страна на Фондацијата Бенетон, која има за цел глобално мапирање на уметничкиoт феномен во светот. Проектот се состои во избор на најрепрезентативни уметнички изрази, и веќе потврдени и нови, на одредена земја и / или регионот, кои се поканети да учествуваат во колекцијата Imago Mundi со работен предизвик – да творат во рамки на форматот 10 х 12 см. Препозициите на проектот се селекција на 140 уметници од секоја земја, а до сега, проектот се состои од 88 збирки од 100 земји, кои се достапни и онлајн на платформата: http://www.imagomundiart.com.

Важна поента на проектот, е неговата светска меѓународна изложеност обезбедена за уметниците, затоа што сите колекции се наменети да бидат постојано на турнеја, во серии на меѓународни изложби, а меѓу другото, на секои две години, на биеналето во Венеција како колатерална изложба, но и во други престижни локации во секоја земја каде што се врши собирање, во градови, исклучително важни за современата уметност. По завршувањето на турите, сите дела од колекциите се изложуваат во перманентната поставка на Imago Mundi во Музејот на Фондацијата Бенетон во Тревизо.

Можноста за оформување на македонска колекција како дел од големиот проект Imago Mundi за мене, како поканет куратор од Македонија, претставуваше голема чест, но и голема обврска и одговорност. Самиот концепт на Imago Mundi - приказ на 140 селектирани автори од една земја кои треба да се изразат во еден ограничен простор со димензии 10 х 12 х 7 (притоа како основа нудејќи им платненце распнато на блинд рам со димензии 10 х 12 што може да го манипулираат) во слободно избран медиум, беше предизвик и за кураторот и за уметниците. Најнапред каква ли тоа селекција да се направи, ако може воопшто да се употреби зборот селекција, кога се во игра 140 имиња кои треба да се предложат, имајќи предвид дека пред себе имате една мала држава како што е Македонија? Втора пречка: дали сите избрани уметници ќе ја прифатат поканата, да направат дело без финансиски надомест (што се коси со принципите на функционирањето на неолибералистичкиот уметнички пазар)? Трето, а не последно секако, како тие ќе пристапат кон тоа дело (дали ќе имаат сериозен однос и со што се обврзани кон таков пристап)? И колку реално преку една толку мала креација на 140 автори од Македонија можеме да дадеме една вистинска слика за македонската визуелна сцена денес?

Сите три дигресии беа подеднакво сериозно обработени и разгледани. Остана обидот што пообјективно да пристапам кон изборот на уметниците, притоа не гледајќи само на базичната вредност на уметникот, т.е. уметничкото дело/а, туку гледајќи дали тој нешто значел, значи или ќе значи за македонската сцена. Изборот е предоминантно насочен кон поконцептуални уметници и автори кои го негуваат посовремениот пристап, а не е толку многу кон класичните медиуми, иако не недостасуваат многу од авторите кои биле важни или се важни за одредени стилски специфики од XX век. Оправданост за изборот во секој момент може да се даде, за секој автор поединечно и сметам дека со мали осцилации многумина би се сложиле со истиот. Финалниот список истрпи благи осцилации во однос на првиот, во проценти околу 7%, заради одбивање од страна на неколкумина уметници само заради нивниот принципиелен и посткапиталистички однос кон денешниот пазар на уметнички дела и општата финансиска корист за уметникот и неговиот ангажман. Но, демократско право е на секој да одлучи дали сака или не да учествува во еден проект од ваков карактер.

Како и да е, понудената колекција на дела, по мое мислење, дава една доста широка слика за македонската уметност денес и за насоките и размислите на македонскиот уметник денес. Нуди пледоаје на тематики и ликовни пристапи и широк дијапазон на употреба на медиуми. Аналитички и статистички гледано во македонската колекција на Imago Mundi има околу 20 претставници на постарата генерација ликовни уметници (Анастасов, Чемерски, Франговски, Дамјановски, Павловски, Геговски, Малиданов, Демниевска, Урдин, С. Шемов, С. Узуновски, Чауле и други), потоа околу 40 претставници на средната генерација (Павлевски, Шумковски, Маневски, Рамиќевиќ, Соколовски, Димитрова, Атанасовски, Беди, Станкоски, Вангели, Станојковиќ, Арсовска, Стефанов, Николоски, Чаповска и други), 50 претставници на генерацијата која веќе не може да се дефинира како млада, а изградила афирмација и локално и интернационално (Сековски, Б. Шемов, Спасоски, Хаџи-Василева, Наневски, Јанешлиева, Паскали, Ботев, Делева, Јанкулоски, Мотеска, Н. Узуновски, Прља, Попоски, Спировски и други) па сè до 30 претставници на најмладата генерација македонски визуелни уметници кои почнуваат да ја освојуваат македонската сцена, а секако имаат и меѓународни презентации и признанија (Јовановска, Жерновски, Величкоска, Заревски, Зафировски, Манев, Зафировска, Димевски, Божурска, Алексовски и други). Медиумски гледано, доминантни се фотографијата и дигиталниот печат, потоа објектот и неоконструктивистичките решенија, па дури потоа настапуваат сликарството, графиката и скулптурата.

Обидувајќи се да ја насловам македонскава колекција, како важен сегмент од источноевропскиот контекст на Imago Mundi, одлучив дека називот кој неодамна го користев за една изложба на македонска современа уметност во Прага, Чешка, „Трансфигурирање“, сосема адекватно одговара и на овој повод, бидејќи истовремено се однесува на сите форми на трансформација кои македонската современа уметност ги следи и во формална смисла и во концепциска смисла.
Дефиницијата на зборот трансфигурирање е промена на едно нешто во друго, транзиција, метаморфоза, трансмутација, модификација, редефиниција, ревидирање, варијација итн. Овие и многу други синонимни дискурси се мошне актуелни во секојдневното функционирање на уметниците како општествено свесни индивидуи и можат многу лесно да се субординираат во творечките истражувања на голем број македонски современи уметници, без оглед дали станува збор за нивни истражувања што допираат лични, општествени, социјални или пак апстрахирани сондирања на платформата трансфигурација.

Во современа смисла и во македонски контекст, трансфигурацијата во творештвото може да се определи низ многу нивоа и слоеви: прво во самиот уметник, предизвикан заради неговото лично чувство или пак како идеја за неговото социјално-општествено битисување (лично чувство, интровертност); потоа како чисто естеско-визуелно трансформирање, т.е. формално (во кое со користење на чисто ликовни елементи се определува промената), а со концептуално издржана референца (реинтерпретации, редефинирања на стари историско уметнички примери); како констатација и лично видување на општествената транзиција во која социјалниот елемент игра неверојатно голема улога (доминација на социјалните интернет мрежи како медиуми за комуникација); трансфигурирање на религиски мотиви или идеологии во нови ликовни конгломерати, како своевидни лични алузии; трансформирање на природата и реалноста; трансформирање на обликот во чист концепт и обратно на идејата во формалност; неоконструктивистички транзиции; редефинирање на традицијата, фолклорот, народното; ревидирање на родови и имаголошки аспекти итн.

Надевајќи се дека овој приказ за македонската современа уметност, преку македонската колекција на Imago Mundi, дава некаква генерална слика за правците и насоките, од каде тргнала и каде се движи, за сите трансформации и редефинирања кои ја следеле. Констатациите се дека и покрај сите премрежија и предизвици низ кои минува уметноста, сепак македонската визуелна сцена е доста современа и во чекор со времето.

И за крај - секоја колекција е документирана со репрезентативна, луксузна книга, која има специфичен терк, согласно форматот на делото. Каталогот е тројазичен, на италијански, македонски и англиски јазик, а за изложбата се вклучени текстови на кураторот на националната селекција – Ана Франговска, проект-менаџерот на Источно-европскиот Imago Mundi Клаудио Скорети, самиот Бенетон и уште еден национален куратор и ликовен критичар на сугестија на националниот селекторот, на мое големо задоволство - Соња Абаџиева. Одлична можност е преку едициите да се прави споредба со другите колекции, а мошне податна е и споредбата со колекциите од регионот, според што може да се каже дека сме професионални и на ниво. Нека ни е честито и да не има почесто, и по разни основи, на светската арт мапа.


Ana Frangovska, curator
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
tel.: +38970574930



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная