логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Иконата Брзопослушничка за нас е како мајка. Понекогаш Бог се прави дека не ги слуша нашите молитви, но Пресвета Богородица секогаш одговара на нашата молитва преку Својата Икона Брзопослушница.
Неодамна беше еден таков случај. Една девојка падна во неволја и се здоби со сериозна повреда на главата.
Хирург во Солун кога само виде дека е повреден мозокот на девојката, откажа да оперира. Рече дека до утре таа нема да преживее.

Што да прави таткото на девојката, единствената ќерка?Тој се упати кон Света Гора...Дојде кај нас и со солзи застана пред чудотворната икона Брзопослушничка.

Сите браќа сочувствуваа со неговата тага и сиот храм се молеше за девојката.Изутрина, кога хирургот дојде да ја види дали почина девојката, таа го пресретна него седната на кревет и се смешкаше.

Колку чудеса сега твори иконата Брзопослушничка тешко е да се избројат. Едно време ние ги запишувавме сите исцеленија. Но тоа е невозможно да се направи. Всушност...Света Гора Атон е удел на Мајката Божја.


    
 
„Брзопослушничка’’ предание за иконата
 
Оригиналната икона „Брзопослушничка’’ се наоѓа во монастыре Дохиар на Атон. Според преданието на манастирот била напишана во времето на основачот на манастирот преподобного Неофита - Дохиарского игумена Од 1664 година иконата „Брзопослушничка’’ се наоѓа во нишата на надворешната страна на ѕидот пред влезот на манастирската трпеза.
 
  Јеросхимонах Сергиј Веснин „Писма на светогорците’’.

Предание за иконата „Скоропослушница’’


Во сите дела на својата внатрешна и надворешна локација, Дохијар одговара на другите манастири и повеќето негови цркви еднакви со нивните уредувања и византиски форми. Во овој манастир особено значајна е чудотворната икона на Богородица, така наречена Брзопослушничка; таа стои во одделен параклис , тоа е мал храм, кој е изграден наспроти западната врата на соборниот храм. До времето на појавувањето на чудесата таа икона се оставала при братската трпеза; еве што се говори за неа во историјата на манастирот, издаден печат , но во 1843 година во Букурешт на грчки јазик.


„Пред братската трпеза на ѕидот од памти век е напишана иконата на Пресвета Богородица. Веродостојност отците принесуваа и претходно и ние сега така се однесуваме, согласно нивните мислења, за изобразување на таа икона во времето на Свети Неофит, основач на тој манастир. Според историско мерење на времето од  Свети Неофит дури до нас протече веќе не помалку од 840 години, затоа што Свети Неофит живеел во XI век.


Самото видување на оваа икона го оправдува кажувањето на светите отци , дека таа по своето потекло е толку далеку од нас и дека навистина е чудотворна. Нејзината боја иако е избледена, сепак не толку многу, колку што би можело да се очекува, според  длабоката старост на иконата. На некој начин можете да бидете сигурни дека Божествената Промисла ја сочувала целата света икона неповредена во текот на толку многу години, за да подоцна е извор на чудеса и исцеленија во слава на Бога. Првиот опит на чудотворната сила ја јави таа на трпезата на тој манастир на следниов начин.

Пред чудотворната икона беа порти низ кои што отците обично влегуваа во трпезаријата, а во меѓувреме трпезарот поради својата должност не само дневно, туку и ноќе понекогаш многукратно поминувал покрај таа икона со запалена свеќа. Така, еднаш во 1664 година на Божик, трпезарот по име Нил, по обичај пројде покрај иконата со запален факел и ги слушна од неа следните зборови:

-    Во иднина не се приближувај тука со запалена свеќа и не чади ја Мојата иконата.


Нил на почетокот се исплаши од човечкиот глас во ова невообичаено време и при тоа што тогаш никој немаше во трпезаријата, освен самиот него единствен;  сепак, ова тој го препиша како дело на некој од своите браќа, не обраќајќи внимание на зборовите, туку спокојно се оддалечи во својата ќелија и како и претходно продолжи да минува покрај иконата имајќи често во рацете запалена свеќа. После извесно време од тој ден кога прв пат го слушна гласот од иконата, Нил одново ги слушна следните зборови:


-    Монаху, недостоен за ова име! Уште долго ли така безгрижно и така бессрамно ќе ја чадиш Мојата икона?


И при тие зборови несреќниот трпезар ослепи. Тогаш само се присети кога прв пат го слушна гласот и искрено се исповеда за својот грев, признавајќи си дека е заслужен за таква казна поради својата невнимателност кон зборовите на Пресвета Дева Богородица. На таков начин, страдајќи од болка во очите при целосно губење на видот, Нил остана пред иконата до следниот ден; браќата го најдоа легнат на грб.

Тогаш тој раскажа што се случи со него и преплашени монасите благочестиво и со трепет паднаа пред чудотворната икона и ставија пред неа неугасливо кандило. Во меѓувреме го ставија на служба новоизбраниот  трпезар, за да тој секоја вечер би загорувал темјан пред светата икона и би кадел пред неа. А Нил од своја страна не се осмели да излезе од својата ќелија пред  да добие прошка за своето прегрешение и исцеление од слепилото што му се случи.
Дење и ноќе тој се молеше и плачеше пред ликот на Божествената Марија, Мајката на нашиот Господ, со солзи на искрено покајание просел за себе простување поради невнимателноста кон Нејзиниот глас и исцеление, а Таа, како Милостива Преставничка на покајниците , не го презри молењето на слепиот. Еден ден, кога тој се молеше и плачеше пред светата икона, одеднаш го слушна следниов глас:

- Нил! Твојата молитва е услишана, простено ти е, видот одново ти е даден на твоите очи. Кога ќе ја добиеш ти оваа милост од Мене, извести ги браќата дека Јас сум нивниот покров, промисла и заштита на нивниот манастир, посветен на Архангелите. Нека секој се обраќа кон Мене во потреба и Јас нема да оставам никого: на сите ќе ви бидам претставничка и молитвите на сите ќе ви бидат исполнети од Синот и Бог Мој поради Моето застапништво пред Него, така што од сега ќе се именува Мојата икона Брзопослушничка (Горуоитгтрсоод), затоа што брзо на сите кои ќе пристапат кон неа, ќе им биде дадена милост и исполнување на барањето за прошка;

Веднаш после овие зборови, Нил прогледа. Овој чудесен настан бргу се разчу по Света Гора и монасите одтогаш почнаа да се собираат и се собираат и сега во тој манастир на поклонение на чудотворната икона на Богородица и за испросување од Неа секое добро. Во меѓувреме, по заеднички совет, браќата тогаш го заклучија преминот во трпезаријата и великолепно украсувајќи ја светата икона, од десната нејзина страна изградија прекарсен храм во име на Пресвета Богородица Брзопослушничка.


Заедно избраа и сеуште избираат еден од јеромонасите наречен прозмонар (грч. постојан молитвеник), постојан во служба, кој е повеќе од другите отци побожен и опитен, со тоа да престојува таму во служба на оваа чудотворна икона, секој ден принесувајќи умилни песни пред неа. Вечерта во среда и петок по завршувањето на Вечерната тој постојано го твори вообичаеното благословие во внатрешноста на великиот и главен свет храм, со величание после тоа излегуваат сите отци и браќа со раководителот на манастирот кон светата икона и пеат пред неа умилен канон параклис (грч. утешение)- молебен канон посветен на Богородица, со молитва за сите православни христијани и за мир на целиот свет.


По завршувањето на канонот, отците со стравопочит се поклонуваат на чудотворната икона и со љубов се приклонуваат  кон неа. Обврската на овие прозмонари исто така е и да ја надгледува чистотата на овој свет храм на Пресвета Богородица, каде секоја недела два пати се извршува Божествена Литургија и внимателно набљудува за незгаснувањето на кандилата кои висат пред светата икона на чудотворната Брзопослушничка. Пред неа има дваесет неугасливи кандила и тие се приложени од некои христијани во спомен на чудо-творност, кои биле, или претходно се удостоени, или сега се удостојуваат со здобивање на благодатта Божја и застапништвото на Царицата Небесна, Брзопослушничка на оние кои се молат за нас.’’ Таква е историјата на Дохијарската Богородична икона!.
 Самата икона икона „Брзопослушничка’’ напишана е на ѕид. Тоа е фреска! Но, постои нејзина чудотворна копија која ја изнесуваат на крсна поворка.

Игумен Григориј ја изнесува иконата...

 

 

Подготви: Снежана Корнет

23-ти ноември, лето Господово 2016

 

 Извор:http://www.diveevo.ru/2/0/1/1909/

 

Друго:

 

 

 

 

 

 

 254339.b.jpg

  • Чудо во Дохиjaр: Проговорило 18 – годишно немо момче од Струмица

15 декември 2016 лето Господово

За чудото коешто се случи на почетокот од овој месец во Дохијарскиот манастир на Света Гора,254339.b.jpg раскажа еден монах кој присуствувал на собитието. За истото ова се зборувало на еден црковен настан во Солун.

„Во манастирот Дохијар на Гората Атон, игуменот на манастирот, многупочитуваниот старец Григориј заедно со братството секојдневно служат Молебен канон токму пред иконата „Скоропослушница“, при што се читаат стотици имиња на живи и упокоени христијани. Иконата „Скоропослушница“ брзо и ја излева Својата милост врз сите оние коишто со благоговение и вера се обраќаат кон неа“.

Според сведоците, во манастирот на поклонение било дојдено младо 18 -годишно момче од Струмица кое пелтечело. Кога младиот човек кој никогаш не проговорил, туку испуштал само неартикулирани звуци, пристигнал во манастирот и застанал пред чудотворната икона Скоропослушница, извикал на мајчиниот македонски јазик: „Мати Марија, подари ми здравје!“

Во тој момент, сите запознаени со случајот на младото дете биле изненадени. На крајот од Молебниот момчето се обратило кон сите присутни, кои заедно со него се молеле: „Ви благодарам, веќе се чувствувам многу подобро“. Ова е уште еден чудесен доказ за чудотворната сила на Пресвета Богородица,  која секојдневно се излева врз сите верни, како во Грција, така и насекаде низ светот.

Извор: Православие.ру

 

Преземено од: Бигорски манастир

 

 Недела на свети Григориј Палама во Струмица (13.03.2017 18:59)На 12.03.2017 година, во Втората недела од Великиот пост - Недела на свети Григориј Палама и на празникот на свети Агатангел Битолски, во храмот „Св. Григориј Палама“ во Струмица, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум, архимандритот Партениј, како и повеќе свештенослужители. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. Овој ден стана особено радосен за струмичани, за нашата света Македонска православна црква, но и за целата Татковина, со пристигнувањето на копијата од иконата на Пресвета Богородица Скоропослушница, подарок од игуменот на Дохијарската обител, архимандритот Григориј.

Предводени од двајцата Митрополити, верното свештенство и монаштво, гостите монахињи од Бугарија и илјадниците верници, ја пречекаа иконата на Мајката Божја на плоштадот „Гоце Делчев“ во центарот на Струмица, каде најпрво, во името на Митрополитот Наум, се обрати Митрополитот Тимотеј:

 http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=6767

 

12 - март  2017 лето Господово

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1884
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2390
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная