Мозаикот како дело преставува слика, добиена преку симбиоза на мали парчиња материјал. Материјалот може да биде скоро се, што би ги задоволило физичките и хемиските барања за долготрајност. Најчесто е камен, венецијанско стакло или керамички плочки. Парчињата се спојуваат меѓусебно преку излевање на бел цемент. Постојат повеќе начини на изработка на мозаик, но најчестата поделба е на директен или индиректен во зависност од тоа дали се работи со инверзно(обратно) редење на материјалот, па потоа го лиеме, или пак, при самиот тек на работата ја добиваме крајната слика на мозаикот, до онаму каде сме сработиле(постапно ги поврзуваме камчињата меѓу себе).
Мозаикот како техника постои уште во антиката, кога е и највеќе екплоатирана, а започната е далеку наназад во древните цивилизациски почетоци. Неговите претходници потекнуваат од Месопотамија, каде се создаваат првите дела (рејлефи)добиени преку сложување на емајлирани плочки.
Македонија како земја и македонскиот народ можат да се пофалат со прекрасно мозаично наследтсво уште од античкото време. Македонците изработуваат прекрасни мозаици, и создаваат свој посебен стил и посебен бренд наречен македонски мозаик, чии остатоци денес ги среќаваме во Пела. Македонскиот мозаик се разликува во материјалот кој се користи за негова изработка. Тој е првиот мозаик кој се составува од необработен камен, со кружна форма и одредени нијанси на белата, црната, сивата боја, како и окерот. Во следните векови Македонците започнуваат со изработка на колористички мозаици, од обработен камен, и таа традиција ја задржуваат се додека не згасне Источното Царство.
Пела - мозаик
Богородица – Заштитник на Скопје
Идејата за првата претстава на Богородица како заштник на Скопје, е плод на сплет од неколку работи - култот изграден кон Богородица во моето семејство, моето животно набљудување на градот и желбата за негово подобро утре, а со тоа и определбата да студирам архитектура, како и метафората на Фениксот што многу значи за мене. Таа почит кон Пресвета Богородица, љубовта кон градот, како и фениксот беа поврзување на неколку “мои” нешта во едно.
Денес конечно Скопје го изгради храмот на својата Заштитничка , и ја одадде почитта на Пречистата. Севкупно, тоа кај мене ја создаде потребата и ја заживеа од оваа идеја на мозаична претстава на Пресвета Богородица.
Желбата ми е мозаична претстава на Богородица, да се екплоатира се повеќе, и да стане дел од културното наследство на Скопјаните.
Мозаикот е со димензии 40/50см, и во моментов е во фаза на лиење. Конечниот изглед на мозаикот и неговата композиција е обратна од приложениве фотографии. Ликот на Богородица би бил свртен обратно- кон десно. ( Во изработката на мозаикот употребени се камен од Турција, Крв и Македонија, веницијанско стакло, мермери, травертин, цигла, оникс)
Контакт- 071-608-738 - Филип
Подготви: К.Ф.
Посети: {moshits}