логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

 2010.Bari.jpg

Проф. д-р Ратомир Грозданоски, протоѓакон
МИРОТВОРЦИТЕ – СИНОВИ БОЖЈИ

Седмо блаженство:
„Блажени се миротворците,
зашто тие ќе се наречат синови Божји!“
 (Матеј 5,9).

Миротворец e име дадено од Бога
На денешнава тема „Јубилеи на значајни личности и настани“  се говори за свети Наум Охридски (1 100 години од смртта) и за Мајка Тереза (100 години од раѓањето). Покрај другите епитети и именувања за нив, како мајка Тереза, отец Наум, преподобен, свети и сл., овие, и ним сличните личности, имаат и едно заедничко име кое произлегува од Библијата. Нивното библиско – евангелско име е миротворци. Тоа име им го дал Господ Исус Христос. Тоа е нивниот заеднички духовен коефициент. За таквите Господ уште рекол дека се блажени. Тоа е нивниот заеднички свет именител. Така се именувал и свети Наум, блажениот учител и блажениот отец наш Наум Охридски, а и Мајка Тереза е наречена блажена. Што е, пак, блаженството? Блаженство е постојана радост на душата. Тоа е траен мир во себе и миротворство кај луѓето. И најпосле, миротворците, не само што ги именувал блажени, туку за нив Христос рекол и дека ќе се наречат синови Божји. Таква е наградата од Бога за оние чиј белег е мирот и љубовта – миротворците.

Мирот започнува во нас и со нас
Миротворството се гради во своето срце. Тоа се раѓа, се негува, расте и се развива во нас внатре, во душата и во срцето. Тоа живее во чистото срце на човекот. Дури тогаш тој постанува миро¬творец за себе и за другите. Затоа, преподобен Варсануфиј Велики рекол дека треба најнапред да постанеш миротворец на сопственото срце, па потоа ќе можеш и други да помируваш и да миротвориш. Почетокот е во здобивањето на „мирот Божји“ во себе, како ослободување од страстите и како плод на Светиот Дух (Гал. 5,22). Тој мир Божји го „надвишува секој ум“ (Филип. 4,7) и тој не може да се добие без дејствувањето на Светиот Дух. Таквиот, пак, мир е оној вистинскиот душевен мир што не може ништо да го наруши кај човекот: ни мака, ни тага, ни страданија, ни неволји, дури ни смртта. Тој е внатрешниот мир, што им се дава и на другите и мир што миротвори.
Затоа велиме дека миротворци се оние кои мирот Божји го имаат најпрво во себе, а тоа се луѓето кои имаат љубов во душата и чисто срце; кои имаат чиста совест, мир и спокојна душа; кои живеат во слога и мир со сите; и кои внесуваат мир меѓу другите луѓе, измирувајќи ги скараните и молејќи се за нив. Самите тие, пак, лично со сите се во мир, во љубов и во согласност, а ги измируваат и другите, коишто имаат меѓусебни распра¬вии, раздори и непријателства. Ако, пак, не можат да го постигнат тоа, тогаш Му се молат на Бога за нивно измирување. Тие не можат рамнодушно да ја гледаат омразата, злобата, гневот и непријателството кај луѓето.
Еврејскиот збор „шалом“ најдобро го изразува мирот и значи потполна добрина на личноста.
Божјиот мир во нас е троен според троединството на личноста: мир на разумот, мир на срцето и мир на волјата. Ние сме слаби, но кога е Господ со нас ќе ни помогне да опстоиме во мирот, а тоа значи дека треба „да се грижиме секогаш да имаме чиста совест пред Бога и пред луѓето“ (Дела 24,16; 23,1). Само така ќе го изградуваме, чуваме, зголемуваме, зајакнуваме и умножуваме внат¬решниот, духовен мир, а потоа ќе го дадеме и на други..

Мирот е знак за Божјото присуство
„Бог не е Бог на безредие, туку на мирот“, вели свети апостол Павле  (1. Кор. 14,33).
Во мирот се гледа присуството на Бога, дејствувањето на Светиот Дух и силата на благодатта.
Мирот е сигурност и спокојство. Тој сликовито може да се претстави со дете кое се чувствува сигурно и спокојно во прегратката на родителот. Штом ќе го оттргнеш оттаму тоа е веќе вознемирено! Што го оттргнува човекот од прегратките на мирот, спокојството и сигурноста? Гревот. Гревот го одвојува човекот од Бога. Тој внесува немир во душата, неслога, неред, хаос, непријателства и судири – борба со Бога, борба со луѓето и борба со себеси. Оној, пак, што е во борба со Бога, со ближните и со себеси, тој е неспособен за мир. Душа која е неурамнотежена, не може да има мир.
Народот вели: - Кој мир љуби, на Бога Му служи! Мирно срце Бога моли, а немирно солзи рони! Од немирот и непри¬јателствата излегуваат многу зла.

Христос - миротворец
Господ Исус Христос е најголемиот миротворец, бидејќи Он Го измири Бога со човекот (го ублажи праведниот гнев на Отецот небесен кон нас; слезе Бог кај човекот и покажа дека Бог не е само Бог Создател, туку и Бог Спасител, Кој не е само гневен заради гревот на човекот и го казнува според заслугата за гревот, туку и го спасува според Своето човекољубие); го измири човекот со Бога (го пројави Божјото милосрдие меѓу луѓето, та приведувајќи ги кон Себе, Он целиот човечки род го помири со Бога); го измири и човекот со човекот (учејќи ги сите на љубов кон ближниот) и најпосле, го измири човекот со созданијата – бидејќи сè добива своја вредност во односот со Бога (Рим. 5,1; Ефес. 2,14–17; Јак. 3,18; Евр. 12,14; 2. Сол. 3,16).
За Него, уште во Стариот завет, е речено дека Он ќе биде голем миротворец – „Кнез на мирот“ (Исa. 9,6). Неговото царство пророците го претставувале како царство на мирот (Јерем. 33,6; Мих. 4,3; Зах. 6,13).
Он дојде во светот за Бог „преку Него да измири сè со Себе, било земно, било небесно, творејќи мир со крвта на Неговиот крст“ (Кол. 1,20; Ефес. 1,10; 1. Кор. 14,33). Затоа Христовата наука се наре¬кува Евангелие на мирот. Он „дошол да благовести мир“ (Ефес. 2,17; 2,14; 6,15; Јован 16,33). Уште при Неговото раѓање, ангелите пееле миротворна песна: „Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја“ (Лука 2,14). И на разделба, на учениците им рекол: „Мир ви оставам; мирот Свој ви го давам“ (Јован 14,27). Први¬те зборови на Христа воскреснатиот, кога им се јавил на апостолите, биле: „Мир вам!“ (Јован 20,26).

Миротворците се чове¬кољубиви како Христа
Миротворец  е оној што го практикува Божјото човекољубие. Тој со сите постапува дружељубиво и пријателски. Не дава повод за несогласија, а пожртвувано и со сите сили ги измирува скараните и разделените. Тој е човекољубив и се противставува на сè што не е добро: на омразата, зависта, лицемерието, злопамтењето, судру¬вањата и борбата, а место нив ги спроведува: „љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста, добрината, добротата, милосрдието, верата, кротоста и воздржливоста“ (Гал. 5,22–23). Тој Го следи Христа и го победува злото со добро (Рим. 12,18–21).
Миротворците ја чуваат својата со¬вест во мир со Бога и со ближните. Такви се оние кои бараат помирување со другите и се молат за своите непријатели, ка¬ко и оние што сакаат да бидат во мир дури  и со наруши¬телите на мирот (Псал. 119,6). Апостолот Павле, во Посланието до Римјаните, ни вели: „Ако е можно, доколку тоа зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе“ (Рим. 12,18).

Мирните не се миротворци. Подвиг.
Мирните и спокојните луѓе, пак, кои никого не го вознемируваат, а гледаат и нив никој не ги вознемирува, не се миротворци. Тие се пасивни и недејствителни. Задоволни се што нивниот мир не е нарушен и дека тие не придонеле за туѓиот немир. Свртени се кон себеси, а ги оставаат другите без нивната помош. Миротворците, пак, се активни, и тие неприја¬телите ги прават пријатели. Тие дејствуваат – ги измируваат луѓето со Бога и луѓето со луѓето. Затоа ќе речеме дека миротворците се оние коишто избегнуваат кавги, расправии, немири и поделености, но и активно побудуваат љубов и измирување.
Миротворството е подвиг – движење кон доб¬рото – одење кон Бога. Тоа, пак, раѓа добро дело – раѓа добродетел. Миротворството е добродетел. Подвигот и добродетелта се како плодотворното дрво и плодовите. Дали човекот во животот ќе биде плодотворно дрво или не, зависи од неговата вера и морал. Ако ги исполнуваме евангелските заповеди, сигурно ќе бидеме плодотворно дрво. Ако ли не, ќе останеме само дрво – без плодови. Повикани сме на миротворство. Свети апостол Павле вели: „И нозете да ви бидат обуени во приправност за да благовестите мир“ (Ефес. 6,15). Во христијанството миротворството е добродетел преку која се остварува Божјата заповед за љубовта кон Бога и кон ближните.
Значи, за да имаме мир во нас, треба да имаме добродетелен живот. Таквиот живот го отфрла гревот. А штом го нема гревот, нема немир и во човекот останува мирот. Тој мир, пак, миротворецот потоа го прене¬сува и на другите. Затоа светоотечкото правило вели дека само непорочните луѓе можат да бидат вистински миротворци. Само тие можат да миротворат – да примаат од Бога мир и на други да даваат. Светиите биле најдобрите миротворци меѓу луѓето, па дури и меѓу живот¬ните, бидејќи мирот на човекот со Бога создава мир на чове¬кот и со природата.
Може ли човекот да биде миротворец и како?
Каков е миротворецот?
Човек што твори мир, и тоа, пред сè, мир во својата душа, а потоа и во душите на ближните. А, за да има душевен мир во себе, тој треба да биде измирен со Бога. Како може да се измириме со Бога? – Со исповедање на гревовите. На пример: Ако некому сме му направиле нешто лошо, па не зборуваме со него, скарани сме или сме лути и слично, тогаш треба најпрво да прозбориме со него, да се помириме и да замолиме да ни прости. Исто тоа треба да го направиме и кон Бога за да се измириме со Него: – Треба  да Му се обратиме, да разговараме со Него, да се покаеме и Бог ќе ни прости, па ќе бидеме измирени со Бога.
Миротворците прават сè за да го вратат мирот што е нарушен со гревот. Тие Му се молат на Бога за мир во светот, ги помируваат скараните и секаде творат мир и љубов. Ги обраќаат грешниците на покајание и со тоа ги помируваат со Бога и со сопствената совест.
Миротворци  се и оние што неверниците ги обраќаат во верата. Кои еретици¬те и непослушните ги помируваат со својата Мајка – Црквата Христова.

Синови Божји – Христови браќа
Ние како луѓе сме склони да посакуваме да бидеме синови на некој голем и важен човек или барем да се нарекуваме како синови на големите луѓе, како на пример: велиме дека сме синови на Александар Македонски, чеда сме на Гоце Делчев итн; а колку ли повеќе би сакале да сме синови Божји – синови на Најголемиот и Најважниот!
Исто така и браќа сакаме да бидеме со големите и со важните, а ете миротворците се и синови Божји и браќа Христови.
Голем дар е да постанеш син Божји. Тоа го постигнуваат миротворците – ним им се дава Божјо синовство.
Тие ќе се наречат синови Божји, а синови Божји во Стариот завет се наречени ангелите и духовните битија (Јов 38,7). Синови Божји се нарекуваат и луѓето (5. Мој. 32,5). Та, зар не сме сите чеда Божји и не велиме ли дека сме деца на едниот Бог и синови Божји? Да, така е, сите сме од Бога и сите сме синови Божји, но тоа не е исто со синовството на миротворците. За разлика од сите луѓе како синови Божји или чеда Божји, миротворците се наречени синови Божји, каков што е Синот Божји Господ Исус Христос – изми¬рител на човекот со Бога. Синовството на миротворците е како синовството на Синот Божји Господ Исус Христос и затоа миротворците се браќа Христови, по благодат.
Господ Исус Христос е Оној што донел мир на светот (Ефес. 2,14), а миротворците се Негови соработ¬ници. Нивната дејност е измирителна, како и дејноста на Спасителот – Синот Божји и затоа и тие се синови Божји. Според тоа, Он е миротворец, мироносец и е Син Божји по раѓање од Отца, а миротворците постануваат синови Божји по благодат. И така, тие се Христови браќа. Сите миротворци, всушност, се поддржу¬вачи на Синот Божји оти и тие се синови Божји (Рим. 8,17; Гал. 4,5; 1. Јов. 3,1). А штом се синови Божји – тие се рамноправни браќа со Синот Божји  и во наследството – значи, тие се сонаследници Христови и на царството, а царството Божјо е царство на мирот.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная