логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Bog.Tribina17.jpg

  Семинар за нов превод на Новиот завет на македонски литературен јазик, одржан на Православниот богословски факултет “Свети Климент Охридски” - Скопје, на 22 декември 2008.


Д-р Лилјана Макаријоска, научен советник
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков”

Bog.Tribina17.jpg

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО СОВРЕМЕНИОТ БИБЛИСКИ ПРЕВОД И ВО ИЗДАНИЈАТА НА МПЦ

 
Преводот на Библијата во секоја национална култура е важна и макотрпна работа која отвора и теолошки и јазични проблеми, а го претставува и односот на народот кон религијата, кон сопствениот јазик и традиционалната култура како најголеми духовни вредности.
Целта на библискиот превод е непосредно со развојот на јазикот, да се осовремени преводот за полесно разбирање на содржината, па така и вклучувањето на македонскиот превод на Библијата во богослужбата се должи на заложбата за примена на македонскиот јазик во богослужбите и во црковната администрација .

Проучувањето на јазикот на современите преводи на Светото писмо, како и на црковно-религиозните текстови: преводните, авторските, образовно-воспитните, е значајно за  дефинирањето на одликите на религискиот стил, што иако во различни јазици пројавува заеднички карактеристики, сепак има и специфичности кај секој јазик одделно.

Кај преводните текстови неопходно е точно пренесување на текстот во интегрална, композициска смисла, но и своевидно осовременување. Од суштинско значење е соодветниот избор на стилско-изразните средства со кои се оформува современиот текст. Мора да се има предвид, од една страна, потребата за едноставен јазик, достапен за обичниот верник, поради неговата недоволна упатеност во одделни апстрактни поими од догматски карактер, а од друга страна настојувањето поточно да се пренесе црковната или библиската содржина. Текстот не треба да биде буквален превод, не треба да ги губи од предвид основните стилски одлики .

Ја проследивме употребата на македонскиот јазик во поголем број изданија на МПЦ. Издавачката дејност опфаќа и духовна литература, информативни гласила за православното живеење итн., периодични списанија за православна вера, култура, образование и уметност . Потврда за грижата за јазикот е меѓу другото тоа што најголем дел од нив се лекторирани, а правописните и морфолошките отстапувања од нормата се ретки.
Би сакале да укажеме на некои јазични особености на текстовите.

Од правописна гледна точка ќе ја споменеме употребата на големата буква: Он, Негов, Него, Го, Твој; во сите епитети на Исус пр. Го слушаме Бога кога Он ни зборува Го повикуваме, Го призиваме; Му рече; Оче, Ти благодарам, оти Ме послуша; пред Тебе; Кој ве прима вас, Ме прима Мене, а кој Ме прима Мене, Го прима Оној што Ме пратил; слава на Твојата грижа, слава на Твојата милост, Човекољупче; Синот Човечки; Спасителот, на Богородица Богородица, Дева и Приснодева, Мајка на Творецот; Рождеството Христово Црквата го посветува на Мајката Божја – Пресвета Богородица Марија; на светата црква: Света Македонска Православна Црква; Рождеството Христово Црквата го посветува на Мајката Божја Пресвета Богородица Марија.

Ретко се документираат личните имиња во нивната црковнословенска форма: Иеремија, Иезекил (Еремија, Езекил), па Иерусалим (Ерусалим), Гавриил (Гаврил).

Од морфолошките особености обична е употребата на личната заменка за 3 л. едн. Он (карактеристична за северните и источните македонски говори, но не и за стандардниот македонски јазик) кога се однесува на Господ Исус Христос и тоа во Евангелието, Апостолот и во др. библиски книги. Ги бележиме и остатоците од старите генитивно-акузативни форми на -а кај личните имиња од м. род: Исуса, Марка, Петра, Адама, Филипа итн.
Од морфолошките карактеристики на преводните текстови ќе ја споменеме и зачестената употреба на 2 л. едн. сегашно време поради користењето на директен говор, за директно обраќање кон Богородица, Исус или кон мачениците, а во врска со директното обраќање се и редовната употреба на вокативните форми и зголемената употреба на императивните форми (во второ лице): О велик Цару; Седржителу, милостив Господи Исусе Христе Боже мој; севоспеана Мајко, Родителке на Словото; Оче, прости им, зашто не знаат што прават; Господи, спаси ме, Отвори ми ги вратите на покајанието, Животодателу; Радувај се, Невесто неневестна; барајте правда, спасувајте угнетен, заштитувајте сирак, застапувајте се за вдовица .... за 3 л. мн.: Нека се посрамат и уплашат сите мои непријатели, да се повратат и веднаш да се засрамат. за 3 л. едн. во молитвата Оче наш.

Повторувањето на заменските форми обично е условено од одредени ритмо-синтаксички законитости итн. За некои преводни текстови е карактеристично повторувањето на одделни зборови, најчесто заменски форми, но и предлози и сл. со тенденција да се привлече вниманието на читателот или да се овозможи контекстот да се задржи во сеќавањето на верниците, односно за полесно паметење.

Ти си помошник мој и заштитник мој, Боже мој; повторување на предлози: со усрдност, со грижливост, со чување, со бдеење и со многу молитви да избираме.
 

неботоХ гледате кон небото; Мар14,58 Ќе го разурнам овој храм изграден со човечка рака и за три дена ќе изградам друг што нема да биде изграден од човечка ракаХ Ќе го урнам овој ракотворен храм и по три дни ќе соѕидам друг, неракотворен; Мар10,21 продај го сиот свој имот ти ќе добиеш имот на небото Х  продај се што имаш ќе имаш сокровиште на небото; Лук1,41 детето во нејзината утроба се размрда Хзаигра младенецот во утробата нејзина.
  пр. Пелагонитиса на Преспанско-пелагониската епархија, Православие на Скопската епархија, Троичник на Брегалничка епархија, Вистина гласник на Преспанско-пелагониската епархија, Гласник на одделни цркви при епархиите на МПЦ итн.



 Од областа на лексиката ја бележиме употребата на црковнословенизмите: благоуха: свети и благоуха, чертог: небесниот чертог; кончина: ја чувствува својата кончина.

Вообичаено е толкувањето на црковнословенизмите што се сметаат за непознати. Пр. безмолвие, тихување – мир на срцето, непоматена состојба на умот, ослободување на срцето од помислите; созерцание, согледување, созерцанието е гледање на славата Божја; Со послушанието, односно со слободното предавање на другиот и со откажување од својата сопствена волја, посветуваат големо внимание на поклоните (метаниите); божествена икономија или божествен Домострој; се викаат Евхаристија (Благодарење); на крајот на Литургијата, литургот (свештенослужителот); покајанието (преумување, метаноија).

Според проф. Бл. Конески „во јазикот треба да си најдат место лексичките елементи со апстрактна содржина како наследство од старословенскиот и црковнословенскиот ... меѓутоа може да се најдат и убави замени за црковнословенизмите, а покрај тоа црковнословенизмите треба според формата да се сообразат со актуелната состојба на зборообразувањето во нашиот јазик”.

Во таа смисла се согласуваме со мислењето и на проф. Гиревски (2004: 201), како и на други истражувачи на јазикот на библиските преводи дека несомнено и во македонската црковна терминологија треба да се остави доволно простор и за лексичките елементи со апстрактна содржина, кои како наше заедничко црковнословенско наследство се употребуваат и во рускиот, бугарскиот и српскиот јазик. Несоодветната замена на црковнословенизмите може да ја промени смислата на библискиот текст . Некои изрази од црковнословенскиот текст се задржани, зашто нивните преводни паралели добиле друго значење во современиот јазик. Во таа смисла и проф. Поп-Атанасов укажува дека „идните исправувачи на постојниот македонски превод на Библијата ќе мора посебно внимание да посветат на користената терминологија, која треба да е соодветна на библиската епоха, а не да биде сообразена со денешните наши сфаќања и современата терминологија” (сп. и Гиревски, 2004: 192).

Од областа на зборообразувањето суфиксот -ние се употребува пред сé кај имињата на религиозните празници и на светите тајни кон кои е изграден посебен однос. Сп. Воведение во храмот, Богојавление, Сретение, крштение итн. Пр. И така Господ Исус со Своето крштавање воспостави голема света тајна – светото крштение.

Со својата фреквентност се изделуваат и: создание, смирение, спасение, созерцание, почитание, послушание, поклонение, трезвение, исцеление (пред лицето Божјо, со смирение и покајание). Чести се и образувањата со суфиксот -ие: благолепие, великолепие, милосрдие, бессуфиксните образувања: помин (поминот на придојдениот), вик (со голем вик излегуваа), целив (поздравете се ..преку свет целив); смев (смевот ваш нека се претвори во плач итн.

Префиксираните образувања со не-: Он е незлобив, непорочен; храмот неракотворен; незалезна (светлина); непобедливо (оружје), непорочна (жртва), неискажливо (раѓање), непроодна (врато); нетлен (плод) и без-: безмажна (мајка); безболна (наслада); беспочетен (Цар); да постане бездејствена (волјата на ѓаволот), бессемено (зачнување); бесловесните и неразумни (животни) се значајни и од зборообразувачка  и од семантичка гледна точка (при образувањето на синоними и антоними).

Покрај суперлативните форми со нај-: најбожествениот (Исус); најпрославена итн., зачестена е употребата на префиксот пре- за изразување својство во најголем степен, како апсолутен признак: Превечно Слово; светило пресветло; Пресвет, крсту; Пресвета Богородица; премилостивиот Христос; превоспеваното чедо твое; неговите пречисти нозе, преславното Рождество на Божјата Мајка.

Во ваква улога ја бележиме и употребата на се- (од стсл. в6се-): Радувај се, себлагословена; свет, сесвет и посвет од сите светии; сесвет (крст); сечиста Мајка; сеправедниот Создател; сесветла (палато); севишен; седушевна вера, себлагиот Бог, севоспеана, сенепорочна Мајко. 
Честа е и употребата на комбинацијата на префикс со партикула не- и тоа како стилско изразно средство за возвишување на нешто што се смета за совршено, во духот на христијанската религија и филозофија: логосот неизглаголив; неискажливи блага; ќе воскреснат нераспадливи. 
Префиксот со- упатува на заедничкото извршување на дејството со друг субјект, односно има социјативно значење: ти си собеседник на ангелите, сожител на праведниците; созерцатели на страдањата твои; се вовлече во некој монах, соќелијник на Нактариј; со Оца и со Сина сопоклонуван и сославуван; да пастируваат заедно и да содејствуваат сп. и: најдлабоко од се во христијанската вера е таа соестественост (соприродност) на Христа со нас.

Од областа на глаголската префиксација впечатлива е и почестата употреба на префиксите воз-: возобнови: ќе го возобновиш нашето царство; вознесе: се вознесува горе; возљуби: како што Ме возљуби Отецот, и јас ве возљубив вас; возгордее: да не се возгордее; восфалува; воспева: воспевајте го и превозвишувајте го (низ вековите); воспејте Го и превознесете Го; возвеличи: да се возвеличат чудата твои; у-: услиши: услиши ја молитвата; унижи: унижени ли се; о-: очисти: да го очистиме срцето итн.

Во преводните текстови евидентна е поголемата застапеност на сложенките и тоа според првата компонента бого-: вистинско богољубие; богозрачна (светлина), боготкаен (венец/облека), богодвижни (прсти), боговдахновени (зборови), богоразумен облак, богоразумна (тајна/ светлина), богочовек; богоносен; богоугодни (песни/мисли); боготворни (доблести); живо-: животворна (храна), животворни (зборови); злато-: златозрачни (стапки/букви), златозрачна (утроба); едно-: (дружино) еднородна, и еднодушна, и едномислена; многу-: многубожечка измама, многуметежен свет, многуглаголивите; многуљубен; три-: трилачно (сонце), трисијателна (светлина), трисвета (песна), човеко-: човекољубие; човекољубиви (мисли, зборови, постапки, однесувања и делотворења). Наспроти сложенките со ино-: иноплеменици, иноплемени (народи) се среќаваат и образувања со друго-: другоплеменици.

Сп. и радоснотворен (плач); светлотворно (време), светлоносен (светилник); душегубна (болка); душетлана (тага); трпеливодушни (маченици); високоумство (на гордите); злоштетен (јазик); чедоморство; рамноангелски; самољубец; првороден (грев), пустинољубива (грлица), пустиножител (покрај пустински жител), стихословиме (песни); префиксирани: облагодатил, трикомпонентни: многублагоутробниот Господ.

Од стилските особености на религискиот стил би ги споменале меѓу другото употребата на синонимните форми за поголема експресивност, употребата на антонимите, зачестената употреба на фразеолошките изрази, епитетите и метафорите, повторувањето на заменските форми итн.
Има непосредна употреба на синонимни форми: Го повикуваме, Го призиваме Бога; Отецот ќе го услиши, ќе го чуе; Радувајте се и веселете се; се преправа, дволичи, лицемери; ќе заридате и ќе заплачете; некаков прелестник, измамник, неговото воплотување, Неговото вочовечување; нескверна, чиста гулабице.

Се пројавува и стремеж за варирање на исказот. Пр. нему Господ ќе му ги отвори дверите на покајанието во следната реченица Отвори ми ги вратите на покајанието; или Господ и нам да ни ги отвори портите на Своето царство.
Тенденцијата за варирање на исказот е документирана со бројни примери: слава му на Бога на вишини (во вишини) = Мир на земјата и слава во височините/висините! Осана во вишините!, а на истата страница Осана во височините!
Сега и секогаш и во сите векови = сега и секогаш = И сега, и секогаш и во вечни векови; Во вековите на вековите (последниот го сметаме за несоодветен)  Вистина, вистина ви велам = Вистина, вистина ви зборувам.
Варирање на исказот се бележи и во: Гледајте и видете дека сум Јас вашиот Бог; Погледнете и видете дека Јас сум вашиот Бог; Фалете го Господа сите народи, пофалете Го.

И употребата на антонимите е карактеристична одлика на религискиот стил. Бог е Живот и Спасител на сите кои се дарувани со слободата; верните и неверните, праведните и неправедните, побожните и безбожните, бесстрасните и страсните, монасите и мирјаните, паметните и глупавите, здравите и болните, младите и старите. Бог е господар на раѓањето и на упокојувањето. Зашто секој што се воздига ќе биде понизен, а кој се понизува ќе биде воздигнат; смевот ваш нека се претвори во плач, а радоста во тага. престанете да правите зло, научете се да правите добро; денес невидливиот видлив станува; ако понижувањето за тебе е пофалба, сиромаштијата – богатство, недостатокот изобилие. Сепак, најчеста е употребата на синонимните парови: ангел и ѓавол, небо и земја.

Од областа на синтаксата евидентна е почестата употреба на сврзниците, разликите во збороредот и во исти контексти Да му се помолиме на Господа = на Господа да му се помолиме. Сметаме дека не е исклучена промената на збороредот доколку тоа го изнудува богослужбата на Господа да му се помолиме при што би се истакнала улогата на Господа. Впечатлив е и збороредот во синтагмите од придавка и именка : врато непроодна.
Од областа на синтаксата евидентна е пофреквентната употреба на сврзувачките средства, диференцирањето на збороредот . Разликите во збороредот во исти контексти веројатно се резултат на индивидуалната творечка постапка, со стремеж да се постигне одредена експресивност бидејќи со промената на местата на зборовите во реченицата се менувала и актуализацијата на исказот.

Често се среќава глаголот да е на крајот на реченицата или на дел-реченицата: Така и стана покрај Бит1,7 и И стана така Бит 1,9; како и т.н. библиско и: И виде Бог дека светлината е добра; и ја оддели Бог светлината од темнината. И би вечер, и би утро – ден први. И созаде Бог свод, и ја одвои водата од под сводот од водата над сводот. Така и стана Бит 1,4-5, 7-8; и ги постави Бог на сводот небески да ја осветлуваат земјата и да управуваат со денот и ноќта, и да ја одделуваат светлината од темнината. И виде Бог дека е добро. И би вечер, и би утро – ден четврти Бит 1,17-19
 Ќе го споменеме и воведувањето во евангелските читања  со Во тоа време: Во тоа време, една сабота, Исус минуваше преку нивјето, а учениците Негови огладнеа, па почнаа да кинат класје и да јадат; Мат12,1; Во тоа време гласот за Исуса дојде и до Ирода, четворовласникот, Мат14,1;  Во тие дни: Во тие дни дојде Јован Крстител и проповедаше во пустињата Јудејска Мат3,1.

Специфично е на пр. обраќањето до објектот што се слави со зборовите радувај се: Радувај се, радувај се, благословена, радувај се најпрославена. И сега, и секогаш и во вечни векови; Радувај се, врато непроодна! Радувај се, капино несогорлива! Радувај се, стомно златна! Радувај се, горо несечена! Радуј се, земјо ветена, радуј се, од тебе тече мед и млеко; Радуј се, Мајко на Ѕвездата што не заоѓа; радуј се зраку на таинствениот ден!; Радуј се, од тебе ќе изгрее радоста; радуј се преку тебе ќе исчезне клетвата!. анафорската употреба на видете, видете, што покрај за ритмичноста на текстот придонесува и за свртување на вниманието на слушателот кога ќе чуе нешто веќе чуено претходно и се постигнува интензификација на текстот.

Во функција на славење на Бога се и бројните повторувања: Слава Ти, Боже наш, Слава Ти! Светли се, светли се, нов Ерусалиме, зашто славата Господова на тебе засветли. Запејте му на Господа песна нова. Запејте му на Господа благословете го името Негово, па Запејте му на Господа, пејте му на неговото име. Во тоа име славете Го, прославувајте Го и препрославувајте Го името Господово, сега, секогаш и во сите векови! Милоста Божја нека пријде на вас и слава Негова нека се вознесува и превознесува сега, секогаш и во сите векови
Впечатлива е и употребата на смилувај се, помилувај, очисти, поштеди (со оглед на покајничката содржина на текстовите): Смилуј се на нас, Господи, смилуј се! Помилуј ме, Боже, помилуј ме! Очисти ме, Боже, очисти ме, Спасителу мој. Поштеди го, поштеди го, Господи, твоето создание.
Често е и присуството на библиските цитати, значајно за функционирањето на текстот. Тие се прифаќаат како божјо слово и се објект на толкување и разјаснување. Блажени се – вели Самиот Господ во Светото Евангелие – чистите по срце, зашто тие ќе го видат Бога (Мат5,8) ... значи треба повеќе да се грижиме за срцето. И навистина, каква е ползата од паметен човек, ако има лошо срце?

Несомнено неодминливо е прашањето за разнообразноста на македонската црковна терминологија. Сметаме дека се пројавува потреба за еднообразност во нашата црковна терминологија , согледување на одделни мислења во врска со употребата на повеќе специфични зборови и термини во нашите црковни изданија ‡ весници, списанија и трудови издадени во нашите црковни центри, а во прилог на тенденцијата „божјото слово да се проповеда на убав, јасен и разбирлив македонски јазик”.

Се поставуваат прашањата: ја сметаме ли за соодветна употребата на зборовите исповед (не исповест) и исповедување, и во кои случаи се допушта и: исповедание? Сметаме дека може да се допуштаат формите на -ние пр. исповедание, спасение, покајание, поклонение, вероисповедание и вероисповед . Ќе се согласиме ли дека при црковно-религискиот израз не може да се поистовети дали бараме спас или спасение, не може да се поистовети поклонување со поклон/поклонение, каење со покајание, или пак проштавање, прошка, проштение? Ќе се согласиме ли дека за нашиот Бог, како творец на светот, спасител на човекиот род посоодветно е да го употребуваме зборот создател, наспроти создавач, творец, спасител, наспроти спасувач, или на пр. победител наспроти победник, утешител наспроти утешувач  ?

Може ли да се даде предност, од црковен аспект на некој од термините: миропомазание, помазание, миросување?  
Постои разнообразност на пр. во врска со именувањето на И. Света тајна причест/причесна (не причестна), причестие, Света тајна венчавање/венчание, Света тајна кршавање/крштение.
Постојано се актуелизира прашањето за Раѓањето/Рождеството Христово Божик или Божиќ, па соодветно на тоа се допушта употребата на придавките божикен, божикниот, божиќен, божиќниот.

Некои прашања остануваат отворени пред теолозите и пред лингвистите. Би истакнале дека во црковнорелигиозните текстови, главно се почитува јазичната норма, но се изделуваат и определени особености на религискиот стил. Осовременувањето на библискиот текст треба да биде во духот на современиот македонски јазик, да се одбегнува употребата на несловенска лексика при постоење на соодветни словенски зборови, па и на некои туѓи зборообразувачки средства (пр. -џија: па посоодветно е наместо силеџија да се употребува насилник и сл.) да се заменуваат архаичните форми доколку постојат соодветни. Иако текстовите треба да се сообразат со актуелните состојби во современиот македонски јазик, несоодветниот избор на јазичните средства и свесното потиснување на формите од црковнословенската традиција, нивна замена со други јазични средства при осовременување на текстот, може и негативно да се одрази на стилско-изразните вредности на црковнорелигиозните текстови.

Односот на МПЦ кон македонскиот јазик, согледан и во изданијата, јасно ја потврдува свеста дека јазикот е непроценливо важен за историската и духовната судбина на православието на нашиве простори, за национално-културното опстојување, а судбината на нашиот народ, на нашиот јазик низ вековите била и судбина на Црквата. Затоа да си ги чуваме нашата Света македонска православна црква, нашиот македонски јазик, нашето македонско име, зашто без нив нема ништо да бидеме.

Bog.Tribina17.jpg


 

ЛИТЕРАТУРА

Бајикќ Р., Богослужбени језик, Београд 2007
Гиревски А., Чист македонски збор и во нашите црковни проповеди, Матица македонска, Скопје 1995
Гиревски А., Македонскиот превод на Библијата, Православен богословски факултет, Скопје 2004
Гиревски А., Организирање на Македонската православна црква и официјализирање на Гавриловиот превод на Библијата, Јубилеен зборник 100 години Илинден, Православен богословски факултет, Скопје 2006, 75-85
Гиревски А., Библиски текстови користени при преводот на македонската Библија, Кирилометодиевистика, 3, Скопје 2006, 21-32
Макаријоска Л., Зборообразувањето во текстовите со црковнорелигиозна содржина, Зб. Функционалните стилови во македонскиот јазик, Скопје 2007, 104-109
Макаријоска Л., Јазикот и стилот на текстовите со црковно-религиозна содржина, Цроатица ет Славица Иадертина, Задар 2007, 119-130
Минова-Ѓуркова Л., Стилистика на современиот македонски јазик, Скопје 2003
Пјанка В., Библиската лексика во современиот превод на македонски јазик, ЏЏВ научна дискусија на ЏЏЏИ меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, Скопје 1999, 151-162
Посен триод, превод и препев од црковнословенски протојереј-ставрофор Јован Таковски, МПЦ, Скопје 2005
Пранјковиć И., Хрватски језик и библијски стил, Раслојаванје језика и кнјиžевности, Зборник радова 34. семинара Загребаčке славистиčке šколе, Загреб 2006, 23-32
Свето писмо на Стариот и Новиот завет, Скопје, 1990
Таковски Ј., Терминологија од областа на теологијата Македонска терминологија, 102, МАНУ, Скопје, 1999
Толковен речник на македонскиот јазик, ред. К. Конески, С. Велковска, Ж. Цветковски, том И Скопје 2003, том ИИ Скопје 2005, том ИИИ Скопје 2006

ЕКСЦЕРПИРАНИ ИЗДАНИЈА

 – Вистина, гласник на Преспанско-пелагониската епархија, бр. 31-33 Битола 1999, бр. 35, Битола 2000, бр. 36, 37, 38 Битола 2001, бр. 43-44 Битола 2003, бр. 47 Битола 2005
 – Гласник, Македонска православна црква, Скопска епархија, Црква „Свети Великомаченик Ѓорѓи”, нас. Чаир – Скопје, 2004
 –  Гласник, Македонска православна црква, Скопска епархија, Црква „Свети Архангел Михаил”, нас. Автокоманда, бр. 2, бр. 3, бр. 4 2002, бр. 5, бр. 6 2003;
 –  Житие и служба на св. Нектариј Битолски, Битола 2001 
 – И би слово, Христос воскресе – навистина воскресе, Македонска православна црква, храм „Св. Параскева – Петка”, год. ИВ, бр. 38, 2004
 – Господовата молитва „Оче наш”, протоѓакон Ратомир Грозданоски, Скопје 1999
 –  Пелагонитиса, списание за православна вера, култура, образование и уметност на Преспанско-пелаговниската епархија, И, бр. 1, 2, Битола 1996
 – Православен пат, бр. 1 списание на Скопската епархија, ноември-декември 2003
 – Православие, списание за православна вера, култура, уметност, и воспитување и образование, бр. 2, МПЦ – Скопска епархија, Скопје 2001
 – Подвиг во Христа и отпадништвото денес, Битола 2001
 – Посен триод, МПЦ, превод и препев од црковнословенски протојереј-ставрофор Јован Таковски, Скопје 2005
– Светиклиментово слово, Црковен алманах, МПЦ, Дебарско-кичевска епархија, Охрид 2003
 – Троичник, списание за православна вера, култура, образование и воспитание, Брегалничка епархија на МПЦ, бр. 5, год. ИИ, Штип 2004 

 

Друго:

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3211
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7696
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная