логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Се сеќавам кога пред околу дваесет години наслушнав разговор, доста амбициозен дури и во тоа време, за идно создавање на “Англиски, Шкотски, Велшки или Ирски Православни цркви” или барем  “Британска Православна Црква”(1), чија територија би ги покривала целокупно Британските Острови. И се сеќавам како си мислев дека тие што разговараат живеат во светот на фантазијата. Во тоа време човек можеше да ги изброи, буквално, на прстите од едната рака Англиските па дури и Британските Православни свештеници.(2) А сепак еве сме денес, после помалку од една генерација, со не помалку од три Англиски Православни Бискупи ШБ.Калистос (Калистос Њаре), Б. Пол(Паул Алдерсон), Б.Амброуз (Амбросе Баирд)Ќ, со повеќе од дваесетина Британски Православни ссвештеници, бројни ѓакони, монаси и монахињи. Што сега, може да праша некој, попречување на патот кон основањето на самостојна (афтокефална, или барем автономна) Православна Црква на Британските Острови?(3) И покрај извонредните промени за помалку од една генерација (уште поневеројатни од гледна точка на оние кои станале Православни Христијани во навистина херојските времиња од пред четириесет години и повеќе), јас би рекол дека недостасуваат три основни состојки. Кои се тие?

 

1. ЕДИНСТВО

 

Доколку некој ми кажеше пред дваесет години дека денес ќе има три Англиски Православни Бискупи, веројатно немаше да му верувам. Од друга страна пак, доколку ми кажеше дека тие ќе бидат во различни јурисдикции и во различни држави, можеби и ќе му поверував.Англиските и Британските Православни Христијани се расфрлани помеѓу разни Источни Православни Јурисдикции што постојат на  Британските Острови и во странство. Некои би рекле дека ова е ирелевантно, дека не е важно под која јурисдикција си, дека Руските и Грчките конфликти се за Русите И Грците, не за нас. И има елемент на вистина во ова тврдење.(4) Семејство од Сафрон Валден (Саффрон Њалден) или уште подобро од Инвернес (Инвернесс) или Абериствајт (Аберѕстњѕтх) , скоро автоматски ќе ја посети својата најблиска Православна Парохија, без оглед на најзината јурисдикција – доколку не е строго приврзан кон некоја посебна јурисдикција и е подготвен и во можност да патува, да потроши секоја недела мало богатство за бензин, превоз и сместување. Или уште повеќе, доколку во географски најблиската парохија има свештеник кој зборува Англиски, службите се на Англиски, или доколку свештеникот е човек кој се моли.
              

Во вакви случаи се чини дека е многу малку важно ако во далечниот Истамбул, бискуп дава Причесна на Римокатолик или се приклучува на масонска ложа; или доколку во егзотичната Москва КГБ тукушто објавил листа на бискупи-агенти, вклучувајќи го и Патријархот, со нивните шифрирани имиња. И уште повеќе затоа што во Англија Православните бискупи се однесуваат како џентлемени, а на островот човек се издвојува од политичките случувања во странските делови.
             

Секако дека недостатокот на единство не загрижува, и тоа не загрижува длабоко. Ако некогаш се формира самостојна локална Црква, кој ќе и гарантира автономија? Што ќе се случи со иселеничкото население, Грци, Срби и други, кој можеби не сакаат да станат дел од неа останувајќи, приврзани кон нивниот етнички идентитет? Со оглед на огромните проблеми на Православната Црква во Америка, која што Грчките цркви одбија да ја признаат и која останува помалку присутна во рамките на целиот спектар на Православието таму, проблемите изгледаат непремостиви. Некои можеби ќе приговараат дека ова е надворешен, политички проблем, и дека доколку етничките малцинства не сакаат да бидат дел од локалната Црква, тогаш тие можат да останат настрана и неизбежно да изумрат со тек на време.
          

Но што се случува со внатрешните проблеми? Секоја самостојна црква треба да има некој вид на унифициран пристап во врска со прашања како екуменизам, “литургиска реформа” (дали треба да се служиме со кратенките создадени од современите Грци во дијаспората, или пак со оние од општо гледано традиционалните Руси?). Исто така кога се служи на Англиски, кој вид на Англиски треба да се употребува? Веќе постојат длабоки поделби помеѓу различни мисионерски парохии по однос на оваа тема. А тука е и календарот. Не е случајно тоа што од три Англиски бискупи двајца служат по Јулијанскиот календар а еден по Грегоријанскиот. Потоа тука има и други прашања, како што е нашиот став кон нашата сопствена историја,  почитувањето на Келтски и Англо-Саксонски Светци,прашањето за тоа како треба да ги градиме Православните Цркви во сопствените земји( по можност без “странски изглед” , кубиња и куполи; можеби по пример на Англо-Ссаксонските модели?), дури и прашањата за литургиските преводи и музиката.
         

Досега никој не успеал дури ни да го собере Британското Православно свештенство од сите јурисдикции за да ги продискутираат суштинските и практични прашања како овие, и јазот помеѓу традиционалното Православие и модерните варијанти се зголемува како што одминуваат годините. Сепак треба да биде истакнато дека секако односите помеѓу различните поделби во рамките на Православието во Британија, за среќа се се помалку интригантни, за разлика од каде и да било во светот. Најтажните и најогорчените расправии се чини дека се карактерни конфликти. Ова не е добро, но можеби полесно излечиво.
          

Можеме ли да си замислиме локална Црква на Британските острови без единство во однос на такви основни прашања како што е екуменизмот или календарот? Можеби сум премногу пессимист, но ми се чини дека додека не најдеме одговор на такви прашања, идејата и идеа лот на локалната Црква на Британските Острови ќе остане само тоа – идеја и идеал.

 

2. ЛУЃЕТО

 

Доколку го погледнеме најмалите Православни Цркви, Јапонската и Финската и двете имаат повеќе од 30000 верници (според официјалните статистики). Иако нема статистика за Британските Острови, мислам дека со сигурност можеме да речеме дека нема повеќе од 2000 Православни Британци. Изразено во бројки ние сме многу далеку од бројката на луѓе потребни за да се поддржи локална Црква – во суштина ние имаме само доволно за парохија со средна големина. Ако го погледнеме смешниот број на Британско свештенство, ќе забележиме дека во реалноста тие всушност служат како мисионери на Русите и на Грците – со други зборови тие служат  на странски јазици. Не е случајно тоа што двајца од тројцата бискупи всушност живеат во странство, или уште повеќе тоа што оваа статија е пишувана во странство. Ако имаше голем број на Британски Православни Христијани на кои што би им било потребно свештенство кое ќе им служи на мајчин јазик, без сомнение шест или седум членови на свештенството кои што живеат во странство ќе служеа во нивните родни земји. Ако се прашаме зошто има (релативно) толку малку преобратени верници(6) кон Православната Црква на Британските Острови, тогаш веројатно ќе дојдеме до третата состојка што недостига за да би имале локална Православна Црква во Велика Британија и Ирска.

 

 

3.ВРЕМЕ

 

“За да ги видат синовите на нивните синови како маслинови дрва околу нивната маса”.Оваа молба, од литанија на Православна  венчална церемонија, е веројатно третиот фактор во ова прашање.Изгледа скоро како природен закон, за да се направи нешто во црковниот живот потребни ни се три генерации, треба да ги видиме “децата на нашите деца”. Таков беше случајот со најмалата од Православните Цркви, Јапонската, на која и требаа три генерации за да добие автономија од Москва. Локална Православна Црква треба да има Православни корени. На тој начин оние што беа примени во Православната Црква во шеесеттите, седумдесеттите или осумдесеттите се преобратени, но нивните деца и децата на нивните деца сигурно не се.
         

Некои преминуваат во Православие од можеби доста сомнителни причини. Оние кои пристапуваат од негативни причини, незадоволен Англиканец или Римо-католик, оние кои сакаат да се приклучат поради странската култура и уживаат да бидат она што не се, тие дури и да бидат примени во Црквата, воопшто земено не остануваат долго на курсот. Во нивниот случај, нивните деца, доколку воопшто ги имаат, обично не остануваат во Црквата. На тој начин има извесен губиток, кој е дотолку поголем колку што живееме во целосно секуларно општество, каде религиозната верба не е многу важна, каде стапката на разводи е висока, каде неморалноста од секаков вид и материјализмот преовладуваат. Кој може да биде сигурен дека нашите деца и нивните деца ќе останат во Црквата? Секако се надеваме и се молиме за нив.
            

Православната Вера мора да се вкорени на Британските Острови барем три генерации и кај доволен број локални луѓе, пред да можеме реално да размислуваме за концептот “Британска Православна Црква”. Само кога оваа вкоренетост во Верата е очигледна, тогаш ќе има структури за локалната Црква да се поддржи себеси. Кога зборувам за структури мислам на присуство на најмалку три бискупи, 40-50 свештеници, 30000 верници, семинарија, манастир, диецеза(парохија), ѓаконија и парохиска мрежа, печатен материал, старечки дом и други добротворни фондации, преводи на сите литургиски текстови и последно но не и помалку важно, финансии. Овие структури, во моментов далечни соништа, можат да се создадат само кога Верата е вкоренета на Британските Острови т.е. по одредено време.
         

Некои можеби на ова ќе речат: Но ја испуштивте најважната работа од сите- духовноста! Јас како одговор ќе речам дека се што претходно споменав има всушност духовно значење. Единството на Црквата е духовна грижа; разединетост по прашања на Верата е духовна болест која што се појавува онаму каде што црковните лидери и народот ги ставаат секуларните грижи пред духовните. Единството, луѓето и времето се тесно испреплетени затоа што нивното духовно значење е тројно. Кога имаме верба во Отецот, Извор на единство, тогаш нашата верба ќе се олицетвори во луѓето. А пак втората личност на тројството,Синот,беше Тој Кој се отелотвори. А кога има единство во Верата, и Верата се олицетвори во луѓето, тогаш Верата ќе се пренесува од генерација на генерација преку Светиот Дух, и тогаш Верата ќе се вкорени во националниот живот. Доколку немаме единство, тогаш ќе немаме верници, тогаш времето ќе биде изгубено, ништо нема да биде пренесено на идните генерации.
           

Затоа што Православните практични грижи се секогаш духовни и обратно. Во црковниот живот ништо не може да биде практикувано без духовност – ова е есенцијалната разлика помеѓу црковниот живот и секуларниот живот, и дава објаснување зошто се е толку бавно и потешко во Православната Црква за разлика од другите институции. Исто така објаснува зошто локална Православна Црква, колку тоа и да го сакаме, не и служи на целта ако се создаде пред време т.е. не е зрела. Како пред време родените бебиња, пред време родена афтокефална Црква ќе треба да биде ставена во инкубатор, или во духовен сѕстем за одржување во живот, инаку би била хендикепирана.
          

Добра е замислата дека еден ден би можело да има “Британска Православна Црква” со Архиепископ Августин од Лондон, и Архиепископ Андреј од Единбург, Архиепископ Давид од Кардиф, и Архиепископ Патрик од Даблин! Но да претпоставиме дека во оваа Локална Црква би немало монашки живот?Да претпоставиме дека свештеник никогаш не служел бдение? Да претпоставиме дека никој никогаш не постел. Никој не станал светец без да пости; никој никогаш не бил спасен без молитва. Зарем оваа “Црква”, колку и да е голема статистички, да биде само “Англиканизам со источњачки обреди”?
          

Во изминатава генерација, Московската Патријаршија и дозволи афтокефалност на поранешна Амеиканска Митрополија, која тогаш имаше малку монашки живот и слаби духовни темели. Неодамна претставници на истата Московска Патријаршија, сега малку послободна од политички стеги, рече дека афтокефалноста била предвремена. Навистина многу Американци, во потрага по “автентично” Православие, го бараа во други јурисдикции освен во сега преименуваната Православна Црква на Америка. Затоа, слепа вера во доблестите на афтокефалноста, самото постоење на Локална Црква, не е самото по себе одговор на духовната жед.
          

Некои би можело да речат дека наФинската Православна Црква, која исто така ја задржа својата афтокефалност во многу исполитизирани околности, и недостига одередена “автентичност”. Бидејќи овој израз е доста нејасен и не е теолошки, некој би можел да праша што сакаат да кажат оние што даваат такви изјави. И за да се одговори на ова прашање, ќе треба да погледнеме во процесите низ кои овие локални Цркви традиционално се раѓаат.
            

Словенските цркви се родиле како плод на мисијата на Св.Кирил и Методиј и нивните свети апостоли. Н о никој не дошол на Британските Острови,во последните сто години со мисионерска цел; оние кои што дошле се политички или економски избеглици. Ако го земеме примерот на локална Црква, можеби слична на идната “Британска Православна Црква”, исто така сместена на островски архипелаг, настрана од брегот на континентот, Јапонската Праввославна Црква, и таа исто така беше основана од мисионер, кого го признава за светец, Св.Никола од Токио, праведен и свет човек, голем мисионер кој добил поддршка од Црквата на Империјална Русија.Модерната Православна Црква во Чешка и Словенија исто така била основана од Светец на дваесттиот век, Св.Гораст, кој бил погубен од нацистите. Ова е Локална Православна Црква која ни е најблиску нам географски. Она што сакам да го кажам е дека она што многу го нарекуваат “автентичност” всушност е светост.
          

Црква не може да се изроди без Светци и светост. Во таков случај таа би била мртвороденче. И јас би сугерирал дека недостатокот на единство, луѓе и време,  целосно се должи на фактот што нема светци во дваесеттиот век во Британското Православие, нема родено во Првославието светци; и тоа е причината што нема локална Црква на Британските Острови. Треба да се биде достоен за таква црква, а ние не сме достојни. Доколку имаше Светец меѓу нас, илјаадници ќе се собереа околу него (според ветувањето на Св.Серафим од Саров), обединети, во голем број, и пренесувајќи ја нивната вера на идните генерации и подигнувајќи ги неопходните структури. Локална Православна Црква се раѓа со Светец и тоа отсекогаш било така, било да го земеме примерот на Св. Тома во Индија или Св.Патрик во Ирска, и било каде помеѓу.
          

Во овој момент ги слушам Англичаните како велат, “ Да, но ние имаме светец, Августин од Кантербери, Апостолот на Англичаните”. И Скотланѓаните, Велшаните и Ирците ќе зборуваат слично – и тоа со право. Духовно, Британците веќе имаат своја сопствена Црква – онаа на Римските,Келтските и Англо-Саксонските Светци, стотици на број.
          

И ова е вистинската суштина на она што грчкиот Светец, Рсениј од Парос го рекол пред 120 години: “Само тогаш кога Црквата на Британските Острови ќе почне да слави свои Светци, тогаш ќе почне да расне.”(8) Со други зборови, не може да има локална, неувезена , Православна Црква на Британските Острови, доколку не славиме наши светци, Божји Светци кој ги осветувале овие стари острови. Ова можеби изгледа очигледно, но јас ги уверувам моите читатели, има многу кои не сакаат да слават неисточни Европски Светци , одбиваат да ги признаат, не само меѓу епископијата, исто така меѓу лаиците, и од сите националности, вклучувајќи ги за чудо, Британските преобратени верници.   
         

Од единаесеттиот век па досега, горе-долу, има само тројца Англиски Православни Светци, на кој предлагам треба посебно д аим ги упатиме нашите молитви доколку сакаме “да почнеме да растеме”. Првиот е Св.Мстислав –Харолд ( крстен Теодор). Тој бил половина Англичанец ( по неговата мајка Гита, ќерка на Харолд ИИ, последниот крал на Старите Англичани, кој бил погубен во Хејстинг), четвртина Русин и четвртина Грк (по неговиот татко Владимир Мономах, Принц на Киев). Неговото потекло треба навистина да биде симболично за нас, и неговата широкоградост, храброст, мирољубивост, поддршката на градење цркви треба да биде инспирација за сите Британски Православни Христијани. Тој се упокоил во Киев во 1132/3 и му оддаваме помен на 15 ти/28 ми Април. Вториот е маченик, Сер Хенри Абот, заклан од турците во Солун во 1876; се слави на 30 ти Април/13 ти Мај. Третиот е уште еден маченик, Николас Џонсон, погубен од Болшевиците во Русија во 1918 во Сибир; се слави на 14 ти/17 ти Јули. ( За последните двајца светци, видете ја мојата статија ва “Овчар”, Декември 1991).
           

Колку од нас им ги упатуваат своите молитви на оние кои ја донесле Христовата Светлина на овие острови во првите векови? Колкумина од нас ги упатуваат своите молитви кон Келтските и Англо-Саксонските Светци? Колкумина од нас ги упатуваат своите молитви кон Св.Мстислав, Хенри или Николас? Доколку не им се молиме, тогаш имаме уште едно објаснување зошто, според зборовите што му ги припишуваме на Св.Арсениј, Црквата на Британските Острови не расте, и зошто нема самостојна Православна Црква овде.
           

Има такви кои што читајќи се до овој момент, се на мислење дека никогаш нема да има Локална Црква на Британските Острови, дека побрзо ќе дојде крај на светот.
Можеби, сериозно кажано, тие се во право. Можеби не е Божја волја да се изгради Локална Црква овде.Можеби најблиску што ќе дојдеме до реставрација на Православието на Британските Острови е враќање во Православието на реликвиите на светците, како Св.Едвард Маченикот, и собирање на грст преобратени верници. Со оглед на тоа како стојат работите во светот денес, можеби се приближува гонење.Можеби патот на новите Маченици и Верници е предодреден за нас во генерациите што доаѓаат. Дури и ова може да биде начинот за создавање на Православна Црква во крвта на мачениците: крвта на мачениците претставува духовна зрелост.Само тогаш кога ќе ја имаме оваа духовна зрелост, Бог а не човекот, ќе ги воздигне овие острови во автентична локална Православна Црква.Па ајде тогаш да ја бараме таа зрелост. Твоето нека биде, о Боже.


Октомври 1993


ФУСНОТИ НА УРЕДНИКОТ:

(1) Иако неговата статија беше напишана и предадена пред интеграцијата на поранешната “Православна Црква на Британските Острови” во Коптичката Црква како “Британска Православна Црква”, Отец Андреј употребува доста необичен израз “Британниц” и ние го оставивме за јасно да го истакнеме создавањето на идна Православна Црква на овие острови за разлика од Некаледонците.
(2) Денес има приближно 35 свештеници и ѓакони.
(3) Ова е прашање кое неодамна ни беше поставено од неколку дописници, и веројатно поактуелно во поглед на неодамнешните слични движења во Северна Америка.
(4) Тоа е аргумент кој се форсира повеќе отколку што треба, и често бил форсиран од оние кои сакаат да избегнат импликации, на пример, расколот во Руската дијаспора. Треба да се има на ум, дека кога се работи за принципи, тие не треба да бидат отфрлани на овој начин, и кога сме здружени во Црква, Грците, Русите, Арапите, Србите и останатите не се веќе “странци” за нас, туку браќа во Христа. Тие ни дале нам драгоцено наследство, Православната Вера, и ние им должиме ним лојалност, и братска грижа за нивните проблеми, кои стануваат наши.
(5) Тажно но може да се забележи дека некои индивидуи гаат јурисдикционално/етнички афинитети да даваат изговори за да ја минимализираат нивната обврска кон црквата со сјајот на совесен избор.
(6) Сигурно го користиме овој збор за да ги разликуваме “преобратените” од “родените Православни верници” – имаше многу приговори, со право, поради тоа:а) кога некој еднаш ќе стане Православен верник тој не е преобратен верник туку едноставно Православен верник – вистина која Опатијата Елизабета секогаш ја нагласува; б) особено денес сите Православни верници се преобратени, затоа што и “родените Православни Христијани” во одреден период се приближуваат до нивната Вера, а во друг период ја запоставуваат; и в)многу од нас “преобратените” всушност не се преобратуваме! – ние сме примени во Православната Црква, но не успеваме да ги смениме, преобратиме нашите срца и животи.
(7) Навистина сега изгледа дека водачите на Православната Црква во Америка и самите се сомневаат во “автентичноста” на нивниот афтокефален статус, затоа што тие се меѓу многуте хиерарси, кои минатата година во Лигонер, Пенсилванија, изгледа го трасираа патот за здружување на различни јурисдикции во Северна Америка за да формираат Северна Американска Црква, наместо да признаат дека дека таква Црква веќе постоеше и беше нивна.
(8) Постои сомневање дали оваа изрека е баш од Св.Арсениј, сепак сентиментот што го изразува е веродостоен.

 

                                                    
Наслов на оригиналот: Towards an Ortodox church in the British Isles?
By Father Andrew Phillips "The Shepard”

 Превод од англиски јазик: Димовска Светлана
Дипломиран филолог и профессор по Германски и   Англиски јазик

Извор: “Вистина” списание на Преспанско-Пелагониска Епархија.

Главен и одговорен уредник: Митрополит Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски г.Петар

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная