Гласањето за проект на законот се одржа на 13 ноември 2008 година. За негово донесување гласале 88 пратеници од парламетот, соопштува Прес-службата на Латвиската Православна Црква.
Митрополитот Рижски и на цела Латвија Александар рече дека донесувањето на овој документ за Латвиската Црква има историско значење. „Сега, на крајот, се случи она за што се молевме и на што чекавме скоро дваесет години. Има деветнаесет години откако сум јас надлежен епископ, и сите овие години се работеше многу, макотрпно, незабележливо. И гледаме голем резултат. Конечно, среќни сме што ова се случи воочи празникот на 90-годишнината од независноста на латвиската држава, во која ние живееме и за која се молме“, рече архиерејот.
Досега правниот статус на Латвиската Православна Црква бил регулиран со „Одлука за Латвиската Православна Црква“, донесена во 1926 година. Неколку години пред тоа бил потпишан договор меѓу Кабинетот на министерот на Латвиската Република и Латвиската Православна Црква.
Документот ги зацврстува правните основи на дејноста на ЛПЦ. Така, на пример, во проектот стои дека полниот назив на Црквата е „Латвиска Православна Црква“, при што право на користење на тој назив има само таа Црква, нејзините општини, а исто така институции и организации, основани од Црквата. Исто така во проект-законот е укажано дека државата ги уважува одлуките на Црката по однос на канонски прашања, и тие одлуки не можат да бидат обжалени во државните институции.
Законот исто така востановува норми, според кои свештениците на ЛПЦ не можат да се подвргнуваат на процедурата на сослушување; од нив не смее да се бара давање на информации кои свештенослужителот ги добил за време на исповедта, дури во случај, кога свештенослужителот е сведок или учесник во судскиот процес.
По однос на точката за воена служба во редовите на Националните вооружени сили (НВС) на Латвија во законот се кажува дека сите православни имаат право да добијат духовна грижа од свештенослужителите на Латвиската Православна Црква, доколку тоа не му пречи на војникот да ја исполнува својата должност. Свештениците и студентите на духовните образовни институции на државата не можат да бидат повикани на отслужување на воена служба. Во случај на општа мобилизација овие лица можат да земат учество, но во дејствија без употреба на оружје.
Латвиската Православна Црква, согласно законот, ќе ја регулира работата на своите капелани кои ќе ја извршуваат својата дејност во Националните вооружени сили на Латвија, во пристаништата, аеродромите, медицинските и образовните институции и др.
Во случај на бегалци, кои во Латвија бараат прибежиште поради прогонот во својата земја заради вероисповедта (православието), Латвиската Православна Црква, во лицето на своите претставници, има право да учествува во преговорите околу ова прашање.
Особеност на проект-законот се членовите кои ја регулираат поддршката од државата на Свето-Троицкиот-Сергиев женски манастир што се наоѓа покрај Елгава - сите зданија во Валгунда доаѓаат под заштита на државата.
Согласно новиот закон, државата се обврзува секоја година да одделува средства од буџетот за реставрација и реновирање, а исто така и средства за обезбедување на редот за време на Литија и укажување на медицинска помош на поклониците.
Законот исто така го обезбедува поредокот на изградба, реставрација, поправка на храмовите, капелите и гробиштата; спроведувањето на тие работи е возможно само со дозвола на надлежниот архиереј на Латвиската Православна Црква – митрополитот Рижски и на цела Латвија Александар.
Извор: Patriarhia.ru