логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 vozdvizenie.jpg

Рамнодушност и бесчувствителност

 Бесчувствителноста и рамнодушноста  се директни последици на вообразеноста и самозадоволството.
 Еве како доаѓа до рамнодушност: таа почнува со заборавот... Се забораваат доброчинствата Божји, се заборава Самиот Бог и сопственото спасение во Него, се заборава колку е опасно да се живее без Бога, се заборава сеќавањето на смртта – со еден збор, целокупната духовна област се затвора. Тоа доаѓа и од ѓаволот, од расејаноста на мислите заради работи, од грижи и од чести контакти со луѓето. Кога  сè споменато ќе биде заборавено, срцето се лади, се пресекува неговото сочувствување кон духовното... и ете ја бесчувстителноста.

 Главна е – рамнодушноста. Тоа е лоша и опасна состојба. Кај Господа таа се вбројува меѓу средствата за раководење, вразумување и исправување. Но се појавува и како казна. Причина за тоа е - очигледниот грев, но бидејќи кај вас такво нешто се забележува, причините треба  да се бараат во внатрешните чувства и расположенија. Да не можеби се прикрала умисленоста – дека не сте исто што и другите? Не помислуватели можеби дека сами одите по спасоносниот пат и се искачувате горе само со свои средства? Да не сте задоволни со поредокот на животот што сте го воспоставиле, па сте се успале зашто мислите дека немате веќе за што да се грижите?.. Такви и слични мисли водат во лесномисленост, а таа е прв чекор кон рамнодушноста.

 Можеби во црква стоите невнимателно, и тогаш... бесчувствителноста – е казна за тоа.
 Кога ќе се појават малодушност и бесчувствителност, ќе биде тешко мислите да се задржат на зборовите на молитвата, но тоа сепак е можно. Потребно е да се спротивставите на себеси... Тој напор ќе биде средство Господ да се приклони на милост и да се врати благодатта.
 ... Патот (преку падови) кон ѓаволот го придружуваат немарност  и мрзливост – сопатници на ладењето... Немојте да мислите дека самите ќе се загреете... Ќе загрее Господ, кога ќе дојде време. А ваше е да работите и да работите. На овој духовен напор придодајте ја молитвата кон Господа точно за избавување од тие рани. Сите други предмети оставете ги, задржете ја само таа молитва против ладнеење. Сеедно е дали стоите на молитва или читате, или стоите во црква или нешто работите – постојано истото имајте го на ум: Господи, избави ме од ова оладување. И не давајте си мир додека не се загреете. Загрејаност се појавува кога Господ ќе го допре срцето, а непрестајна топлина – кога Господ ќе се всели во срцето...
 Оладувањето (рамнодушноста) е Божја епитимија.

 Мислев дека кај вас завладеала постојана рамнодушност... или ладност и бесчувствителност. Но, кај вас не е тоа, туку тоа што повремено им се случува на сите. На тоа потсетуваат скоро сите кои пишувале за духовниот живот. Свети Марко Исповедник истакнува три такви непријатели: незнаењето и заборавот, мрзливоста и неработата, и скаменетата бесчувствителност. „Некаква парализирана состојба на сите душевни сили“. Во кратките молитви нив не ги заборавал ни свети (Јован) Златоуст: „Избави ме од незнаење, заборавеност, униние ( тоа е мрзливост со неработа) и скаменета бесчувствителност“. Средствата на кои се укажува (против тие непријатели) не се комплицирани: да се трпи и да се моли.

 Да се трпи. Можно е Самиот Бог тоа да го испраќа заради обучување дека не треба да се потпираме на себеси. Многу преземаме на себе и многу очекуваме од своите напори, помошни средства и подвизи. Еве, Господ ја одзема благодатта и те остава сам, како да вели: „Пробај сам, па да видиш колку сила имаш“. Колку повеќе природни дарови имаш, толку ова обучување ти е понеопходно. Свесни за тоа, треба трпиме. Бесчувствителноста исто така се испраќа како казна за испадите на страстите кои човекот ги допуштил, а не ги покрил со покајание. Тие испади (страстите) се за душата она што за телото е расипаната храна... која човекот го растажува, или раслабува, или отупува... Значи, кога ќе се појави бесчувствителност треба да се погледне дека во душата немало ништо такво... па да се покаеме пред Господаи да одредиме во иднина тоа да се избегнува.

 Најчесто (бесчувствителноста како казна) се дава за гнев, неправда, озлобеност, осудување, гордост и слично. Лекот е – повторно  враќање во благодатната состојба. А бидејќи благодатта зависи од Божјата волја, ни преостанува молитвата, точно за избавување од таа рамнодушност и окаменета бесчувствителност... Кога ќе се наиде на таква лекција , вообичаеното молитвено правило не треба да се остава, туку се точно да се исполнува и својствено да се трудиме мислата да ги следи зборовите од молитвата, со напор да се поттикне и чувство... Нека биде чувството скаменето, но раководи се со оваа мисла: макар и половина правило, но тоа сепак ќе биде молитва: зашто потполна молитва треба да биде со мисли и чувства...

 Молитвата никако не треба да се остава. Свети Макариј Велики вели: „Господ ќе види дека искрено го сакаме тоа богатство, па ќе ни го испрати“. А молитвата против оладување треба да се произнесува со свои зборови, пред и после молитвеното правило, како и за време на тоа... да се повика кон Господа, како пред лицето Негово да се изнесува мртва душа: „Гледаш, Господи каква е! Но кажи збор и ќе се исцели“. И преку денот на ист начин обраќајте Му се на Господа.

 Ништо суштински добро не може да се вкорени во нас без Него (Господа). Ако е така, тогаш препуштете Му се Нему. Сепак не треба да се прекинува ни со своите напори и трудот, само не треба да се надеваме во нив ниту од нив треба нешто да очекуваме, ако Бог тоа не го благослови.
 Без Господ никакво добро не се вкоренува во срцето.

 Тоа е веќе закон – да се противиме на злото во себе и да се принудуваме на добро. Тоа и означуваат зборовите Господови: Царството Небесно со напор се добива и подвижниците го задобиваат. Затоа следењето на  Господа е јарем.

 

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: Златко Дивјаковски



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная