Премин Портал

Кожувчанка

TVIT996.Kronshtatski

КАКО ТРЕБА ДА СЕ МОЛИМЕ
             Ако преку молитва сакаш да измолиш некое добро од Бога, пред молитвата подготви се за несомнена, силна вера и навремено набави си средства против сомнежот и неверието.
Лошо е, ако за време на молитвата, срцето ти изнемошти и не достои во неа. Тогаш не ни помислувај дека ќе го добиеш она што го просиш од Бога, зашто Бог не ги дава Своите дарови на хулител! Се’ – вели Господ – што ќе посакате во молитва со вера, ќе го добиете (Мат. 21:22), така што ако просите неверувајќи или со сомнеж, нема да добиете.
Ако имате вера и не се сомневате – уште вели Тој, – тогаш и планини можете да преместувате (спореди со Мат. 21:21). Значи, ако се посомневате и не поверувате, нема тоа да го сторите.
            (Секој човек) да проси со вера и никако да не се сомнева – вели апостол Јаков, – оној што се сомнева… Да не мисли дека ќе добие нешто од Господа. Човек што се двоуми во сите свои патишта е нестабилен (Јак. 1:6-8).
Срцето што се сомнева дека Бог може да го дарува она што се проси, бива казнето поради сомневањето – тоа болно се измачува и бива глодано од сомнежот.
            Не го разгневувај Севладеачкиот Бог ниту со сенка од сомнеж, особено ти, којшто многупати си ја почувствувал врз себе Божјата семоќност. Сомнежот е хула против Бога, дрска лага на срцето или на оној што си свил гнездо во срцето, духот на лагата против Духот на вистината. Плаши се од него како од отровна змија, или не, што зборувам, занемарувај го, не му обрнувај ниту најмалку внимание.
Сеќавај се дека за време на твојата прозба, Бог очекува потврден одговор на прашањето, кое Тој внатрешно ти го поставува: Веруваш ли дека можам тоа да го направам? Да, треба од длабочината на срцето да одговориш: Верувам, Господи! (спореди со Мат. 9:28) и тогаш ќе ти биде според твојата вера.
        Нека следново расудување му помогне на твоето сомневање или неверие: “Јас просам од Бога:
1) Суштествувачко, а не само вообразено, не мечтаечко, не фантастично добро, а се’ што суштествува примило битие (постоење) од Бога, бидејќи без Него не станало ништо од она што станало (Јован 1:3); и следствено, ништо од она што се случува, не станува без Него, а се’ или од Него примило битие (постоење) или по Негова волја или допуштение се случува и се врши со посредство на дадените од Него сили и способности на Неговите твари, и Господ е полновластен Господар во се’ што суштествува и се случува.
Освен тоа, Тој го повикува и непостоечкото во постоечко (Рим. 4:17). Значи, дури и да посакам нешто непостоечко, Тој би можел да го создаде и да ми го даде.
2) Просам нешто возможно, а за Бог и нашето невозможно е можно. Следствено и од овој агол, нема пречка, зашто Бог може да направи за мене нешта, кои според моите претстави се невозможни.
          Нашата беда е во тоа што во верата се замешува кусогледото расудување, тој пајак, кој ја лови вистината со мрежите на судењата, заклучоците на умот и аналогиите. Верата опфаќа и гледа одеднаш, а расудувањето стига до вистината по заобиколени патишта.
Верата е средство за општење на дух со дух, а расудувањето е средство за општење на духовно-чувствено со духовно-чувствено и едноставно материјално. Таа е дух, а тоа е плот.


Св.Јован Кронштатски
Извор: МОЯТ ЖИВОТ В ХРИСТА, Том 1, част 1

 

fb Pravoslavie.mk



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Мај 30, 2026
TVITer29

ЗАДУШНИЦА – ВРСКА НА ЉУБОВТА МЕЃУ ЗЕМЈАТА И НЕБОТО

Во пресрет на Педесетницата, кога Црквата го очекува слегувањето на Светиот Дух и откривањето на својата полнота како Тело Христово,

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Ное 30, 2025 Полезно и Потребно 2439
Patot.na.podviznikot53
Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 3832
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 3878
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

Најново од духовност

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Матеј 29 ноември/ 16 ноември / 2026

Тропар на светиот апостол Матеј 29 ноември/ 16 ноември / 2026

Матеј беше син на Алфеј, најпрво цариник (т.е. закупец и порезник или митар) и како таков него го виде Господ...

Тропар на светиот апостол Филип 27 ноември/ 14 ноември / 2026

Тропар на светиот апостол Филип 27 ноември/ 14 ноември / 2026

Со солунската Црква управуваше тринаесет години, од кои една година беше во ропство кај Сарацените во Азија. Се упокои мирно...

Тропар на свети Јован Златоуст 26 ноември/13 ноември  2026

Тропар на свети Јован Златоуст 26 ноември/13 ноември 2026

Изучувајќи ја грчакта философија Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како едиствена и целосна вистина....

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная