„Не сум мислел и не мислам, дека е едно и исто нешто:
да водиш стадо овци или волови и да управуваш човечки души.
Во првиот случај грижата е една:
да ги нахраниш овците и воловите и да ги направиш најдебели.
Од пастирот се сака да избере место, да побара вода, да најде пасиште, да го води стадото со стап или свирка.
Од него ништо друго не се сака, освен понекогаш да го пази стадото од волци и други ѕверови.
Сè се исцрпува со даб, сенка, трева, вода, свирка, песна, кошара и, на крај – да го продадеш или изедеш најубавото.
За добродетелите на овците и воловите никој никогаш не се грижи.
Со духовното стадо, не е така.
Ако е тешко да бидеш под власт – многу потешко е да началствуваш.
Златото и среброто имаат вредност, кога се чисти – фалсификуваните монети не даваат звук и ја губат својата вредност.
Добродетелта е тешко достапна за човечката природа, како што е огнот за влажната материја. Мнозинството од луѓето се склони кон пороци, како сувата трска кон искрата.
Светото дело сака чисти раце и чисти срца – не може да ги лекуваме другите, кога ние сме покриени со рани. Дури и кога сме целосно чисти од грев, не знам, дали сме готови, другите да ги учиме на добродетели!
Мене ми е срам за некои, кои, без да се подобри од другите, ако не, дури и полоши, се посветуваат на светото дело со нечисти души и неизмиени раце – пред да постанат достојни за свештениот чин, па се втурнуваат во светилиштето и се туркаат околу светата Трпеза, сметајќи го тој позив не за образец на добродетели, а за некакво средство за заработувачка, што не е служение.
Служението е сврзано со голема одговорност, и не е началствување, кое не дава никому никаков отчет!
Св. Григориј Богослов+
Јули 2022 лето Господово
Оливера Соколова Македонска