логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

11. За степените на совршенството во духовниот живот и за побудите во ваквиот живот


216. Три побуди ги тераат луѓето да се борат против своите страсти, а имено: стравот од пеколните маки во иднина или стравот од законите во сегашниот живот; надежта и желбата да го добијат небесното царство; и љубовта спрема доброто и добродетелта. За тоа дека стравот ги тера луѓето да се гнасат од нечистотата на злото, за ова се зборува во старозаветната книга Мудри Соломонови изреки: „Стравот Господов ја мрази неправдата“ (Изрек. 8, 13). А дека надежта исто така ги задржува луѓето од следењето по страстите, за ова е речено: „Никој од оние, кои се надеваат на Него, нема да погрешат“ (Псал. 33, 23). А за љубовта е кажано, дека таа не се плаши и од самото гревовно паѓање: „Љубовта никогаш не престанува“ (1. Кор. 13, 8). Затоа светиот апостол Павле делото на спасението го ставил во зависност од придобивањето на овие три добродетели, велејќи: „Сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта“ (1. Кор. 13, 13). Верата, која ни го влева стравот од идниот суд и од маките, нѐ отргнува од нечистотата на страстите; надежта , која го оттргнува нашиот ум од сегашното преку очекувањето на небесното повикување, нѐ тера да ги презреме сите телесни задоволства; љубовта, која со својот оган ја распалува во нас љубовта спрема Христа и спрема преуспевањето во добродетелите, нѐ побудува со голема омраза да се згрозуваме од сѐ што им е спротивно на нив. Иако овие три добродетели – сите нѐ водат кон една цел – нѐ побудуваат да се воздржуваме од сѐ што нѐ ни е дозволено, по степенот на своето достоинство тие се разликуваат многу меѓу себе. Првите две им се својствени на тие луѓе, кои стремејќи се се кон преуспевање, уште не ги прифатиле со својата срдечна љубов, а третата Му припаѓа само на Бога, и на оние луѓе, кои ги востановиле во себеси образот и подобието Божјо. Зашто само Единиот Бог го прави секое добро не од побудите на страв или желба за награда, туку само затоа што го сака доброто. Премудриот Соломон пишува: „Господ направи сѐ со определена цел“ Изрек. 16,4), Он по Својата добрина изобилно ги излива сите Свои блага и на достојните и на недостојните, зашто не може ни да биде огорчен со навредите, ниту да биде раздразнет од беззаконијата на луѓето, како вечно совршена и по Својата природа неизменлива добрина.


217. Затоа, оној што се стреми кон совршенство, тој од првиот степен – степенот на стравот, кој се нарекува ропски, треба постепено да се издигнува кон патеката на надежта. Овде човекот не е сличен на робот, туку на наемникот, зашто работи затоа што очекува награда. Иако е уверен во простувањето на своите гревови, тој веќе не се плаши од казната за нив, туку, сознавајќи ги во себе своите добри дела, тој очекува за нив да добие добра награда, но бидејќи уште не може да дојде до расположбата, која му е својствена нa синот, кој е потполно уверен во татковската љубов кон него, не се колеба да го смета за свое сето она што Му припаѓа на Отецот.


218. Затоа, ние сме должни да го забрзаме нашиот од, за со помошта на љубовта која никогаш не престанува (сп. 1. Кор. 13,8) искачувајќи се на третото скалило, сметајќи дека сѐ што е на Отецот Му припаѓа Нему, тој ќе се удостои да ги прими образот и подобието на небесниот Отец, па следејќи го примерот на вистинскиот Син Божји, извикува: „Сѐ што има Отецот, Мое е“ (Јован 15,16), како и она што блажениот Павле го исповеда за нас, велејќи: „Никој нека не се фали со луѓе, бидејќи сѐ е ваше; било Павле или Аполос, или Кифа, било светот или животот, или смртта, било сегашното или идното, - сѐ е ваше“ (1. Кор. 3,21-22). Кон ваквата богоподобност нѐ повикува и заповедта на Спасителот: „Бидете совршени како што е совршен вашиот Отец небесен (Матеј 5, 48). Кај оние кои се наоѓаат уште во состојба на робови и наемници, расположбата кон доброто понекогаш се прекинува, а имено, кога душата поради некаква причина се оладува, се оладуваат нивните чувства – од љубов спрема задоволствата и радоста на овој свет, престануваат да се плашат од стравот пеколен или се надеваат дека ќе ги добијат небесните блага. Затоа, не можеме да го добиеме вистинското совршенство, освен ако Го возљубиме Бога, не поради нешто друго, туку само поради љубовта спрема Него, зашто Он не нѐ возљуби нас заради нешто друго, туку заради нашето спасение. Затоа и ние треба да се трудиме со пламена ревност да се издигнуваме од стапалниците на стравот и надежта – кон стапалниците на надежта и љубовта – кон Бога или кон љубовта спрема самите добродетели со потполна душевна топлина, така што, откако добиеме таква приврзаност кон доброто, да можеме, колку што ѝ е тоа достапно на човечката природа, да почиваме неотстапно во Бога.

219. Голема е разликата меѓу оние, кои со страв од пеколот и од надежта за идната рајска награда – го изгаснуваа во себе пламенот на страстите, и оние, кои од чувството на божествена љубов со омраза се гнасат од самата порочност и од нечистотата и ги пазат во себе, во своето срце благата на чистотата и сѐ што прават не го прават од страв од пеколните маки, туку затоа што ја сакаат добродетелта; не затоа што се надеваат што ќе ги добијат идните рајски блага, туку се наситуваат со сознателното вкусување на вистинското благо. Човекот што се наоѓа во таква состојба, иако нема сведоци за тоа какви се неговите дела, нема да си позволи да згреши тогаш кога му се дава прилика за тоа, ниту дури ќе се оскверни тајно во своите мисли од некакви гревовни наслади, туку, имајќи во своето срце вистинска љубов кон добродетелите, тој не само што нема да се согласи со нешто што ѝ е спротивно на неа, туку со омраза се одвраќа од сѐ што е против неа. А оние што со страв се задржуваат да не се насладат од страстите, тие, ако се отклони пречката на стравот, одново се враќаат кон она што го љубат. Затоа, тие не се постојани во своите добродетели; затоа, таквите никогаш нема да бидат нападнати од нападите на страстите, зашто никогаш не ќе да можат да придобијат траен и непрестаен внатрешен мир, кој им се дава само на чистите. А таму каде што нема мир од внатрешните борби, таму не е можно одвреме – навреме да не бидат добиени и рани. Зашто колку и да е некој искусен во војувањето, колку храбро да се бори, макар на противниците често да им нанесува смртоносни рани, сепак не е можно и него понекогаш да не го достигне непријателската острица. Напротив, оној што ги победил своите страсти, тој се радува на траен мир и тој им е вистински приврзан на добродетелите; тој ќе биде постојано запазен во состојба на добра расположба, од која е целиот опфатен и на која целиот ѝ е предаден, зашто е свесен оти нема ништо попогубно од тоа – да биде загубена чистотата. Почитувањето од страна на луѓето ни најмалку нема да ја зголеми неговата чест, а ни најмалку нема да му ја намали неговата осаменост; тој секогаш и насекаде со себе го носи својот судија, судијата не само на своите дела, туку и на своите помисли. Тој негов судија е неговата совест. Тој се труди, пред сѐ, да Му угодува на Бога, Кого, како што е убеден, не може ни да Го заобиколи, ниту да Го измами, ниту може од Него да се скрие.


220. Оној кој, надевајќи се на Божјата помош, а не на својот ревносен труд, ќе се удостои со овој степен на совршенство, тој од ропската состојба, во која дејствува стравот, и од состојбата на наемништво во која како двигателна сила служи не внатрешната сила на оној што дејствува, туку очекувањето на награда, преминува во состојба на посиновувањето во која нема место стравот, ни желбата за награда, но кај него непрекинливо дејствува само љубовта, која никогаш не престанува. Оној што преку таквата љубов ќе ги востанови во себе образот и подобието Божјо, тој ќе се насладува со доброто според расположбата на своето срце. И, откако ќе придобие трпеливост и кротост, кои се донекаде слични на Божјите, нема веќе да се гневи на никакви пороци од оние што грешат, туку, сочувствувајќи и сострадајќи поради нивните слабости, ќе Му се моли на Бога да ги помилува, зашто и тој самиот дотогаш бил победуван од слични страсти, додека не го спасила Божјата милост, знаејќи дека не се спасил со своите усилби од устата на телесниот живот, туку дека Божјата благодат го избавила од неа. А за да се разбере дека не гнев, а сочувство треба да имаме спрема оние што грешат, треба со мир во срцето да Му пееме на Бога: „Ти ги скрши моите окови. Тебе ќе ти принесам благодарствена жртва“ (Псал. 115,8) – и уште: „Да не ми беше помогнал Господ, душата моја брзо ќе се преселеше во адот“ (Псал. 93,17), така што, наоѓајќи се во таква смирена духовна состојба – да може да ја исполниме и следната заповед на евангелското совршенство: „љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат“ (Матеј 5,44). На тој начин да се удостоиме да ја примиме наградата, која им се дава на оние што ја исполнуваат оваа заповед, со која човекот се удостојува не само затоа што ги носи образот и подобието Божјо, туку и затоа што се нарекува и Божји син, зашто е речено: „Да бидете синови на вашиот Отец небесен; зашто Он го остава своето сонце да грее над лошите и над добрите, и праќа дожд на праведните и на грешните“ (Матеј 6,54). Сознавајќи дека ја добил таа и таква љубов, светиот Јован Богослов вели: „Да бидеме слободни на судниот ден, бидејќи како што е Он, така сме и ние во овој свет“ (1. Јов. 4,17). Зашто човекот по својата природа е немоќен и слаб, па со што друго може да биде таков каков што е Он, ако не со љубовта на своето срце, кое им посакува добро на сите, угледајќи се на Бога, и на добрите и на лошите, и на праведните и на неправедните? За да прави добро од приврзаноста кон самото добро, покажувајќи се дека е вистински осиновен од Бога, за што говори истиот блажен апостол, велејќи: „Секој што е роден од Бога грев не прави, зашто семето Негово пребива во него, и не може да греши, бидејќи е роден од Бога“ (1. Јов. 3,9), и уште: „Знаеме дека секој роден од Бога не греши, но родениот од Бога се пази, и лукавиот не се допира до него“ (1. Јов. 5,18). – Впрочем, ова треба да го разбереме не во смисла на секаков вид гревови, туку само за смртните гревови. – Навистина, не е можно ни светиите да не паднат во тие мали прегрешенија со зборови, мисли, желби, од невнимание, од беззаборавање, безочекување, кои, иако се различни од гревовите, кои се нарекуваат смртни гревови, сепак не можат да бидат лесно извинети и беспрекорни. Затоа, како што рековме, кој ќе придобие љубов спрема доброто и ќе почне да се угледува на Бога, тој, откако ќе се облече во милосрдноста и долготрпеливоста на Господа (сп. Кол. 3,12), ќе се моли и за своите гонители и ќе извикува слично на нашиот Господ Исус Христос: „Оче, прости им, оти не знаат што прават!“ (Лука 23,34). Очигледниот белег на душата, која уште не е очистена од своите нечисти страсти, се состои во тоа што нема сочувство и љубов кон туѓите прегрешенија и што пресудува строго.


Извор: Добротољубие Том - II

Подготви: Т.С.

26-ти април лето Господово 2017



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная