логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


  ΑΓΙΟΣ-ΝΕΚΤΑΡΙΟΣ1
За пријателството – Св. Нектaриј Егински


ΑΓΙΟΣ-ΝΕΚΤΑΡΙΟΣ1Пријателството е љубов на здрава душа спрема здрава душа. Пријателството, како излив на здрава душа, е свето, чисто, честито, верно, постојано, искрено, отворено, вистинито и вечно. Пријателството е добродетел, затоа што се основа на моралот и чистото живеење на здравата душа, затоа што се спојува и со самата добродетел и станува нејзин љубеник, ја прегрнува и со неа останува до века. Пријателството како добродетел се привлекува со слични и се потпира на сродни добродетели. Пријателството е врска помеѓу две слични души. Пријателството е страст на разумната душа, која со силна љубов ги спојува пријателите и која има порив со копнеж да го спои она што по природа е разделено. Пријателството има постојан и непроменлив морал. Пријателството е морална сладост, која ја радува душата. Пријателството секогаш трпи и страда и слуша. Аристотел рекол: „Пријателството е една душа во две тела“. Пријателството е посилно од роднинска љубов, бидејќи роднинската љубов е поради нуджност, а пријателството по произволност. Пријателството наоѓа благочестие спрема светињите на пријателот, чистота во живеењето, чесност во моралот, вера во карактерот, постојаност во одлуките, искреност во зборовите и слобода да говори што е исправно, корисно и вистинито. Пријателството е основа на благосостојбата на двајца добри луѓе на земјата, бидејќи единствено меѓу добри луѓе може да се развие вистинско пријателство. Платон вели: „Пријателството е согласност околу доброто и праведното, еднакво настроение во животот, едномислие во настроението и делувањето, љубезна согласност околу заедничкиот живот, заедница во доброто делување и страдање“.

Има три вида на пријателство: по добродетел, по взаемност и по навика, а најдобро е по добродетел, бидејќи во добродетелта љубовта е силна.

Ликот на пријателот

Пријателот е добар човек, со здрава душа, мисли исправно, ја сака добродетелта, има беспрекорен морал, верен е во љубовта, искрен на зборови, има постојана душа, искрен советник е, отворен е, вистинољубив и правдољубив. Пријателот е слика и прилика на својот пријател и до крајност чувствителен го чувствува душевното расположение на својот пријател и страда со душевното страдање на својот пријател. Уште пред пријателот да му се исповеда, тој го претекнува и ита во негова помош уште пред тој и да му побара помош и подготвено се предава и му помага ако е во опасност. Пријателите на неговиот пријател се и негови пријатели. Го брани својот пријател и се подложува на опасност заради него. Во неговото тело обитава душата на пријателот. Тој е добар советник, секогаш го зборува она што е најдобро и се труди за честа и името на својот пријател. Светињите на пријателот се и негови светињи. Вистинскиот пријател е моќна заштита и кој го нашол него, нашол ризница. Пријателот е најголема среќа. Добриот пријател е непроценлива вредност, подрагоцена од секакво богатство. На неговата убавина нема рамна. Пријателот и во несреќите и во радостите останува ист. Вистинскиот пријател ги фали вредностите што се достојни за пофалба и отворено го куди она што е за кудење.

Еврипид вели: „Вистинските пријатели немаат ништо свое, туку имотот им е заеднички“. Ништо не е подобро од вистински пријател. Неговото советување делува посилно од секој лек на страдалната душа и напатеното срце на пријателот. Неговите зборови се животен лек. Добриот пријател може да има благодатно дејство и на душата и на телото на пријателот. Добриот пријател прима на себе сè што му недостига на пријателот и го милува најмногу она што добро се прави, а оној кој греши, најмногу го исправува. Пријателот станува разум, чувство и око за пријателот. Пријателот е олицетворение на добродетелта. Никој кој мрази не е пријател. Григориј Богослов вели: „Верниот пријател е богатство со душа, затворена градина и запечатен бунар, што се отвора во вистински час и од кој се црпи, а пријатели ги нарекувам добрите и убави и оние со кои сме соединети според добродетелта.“

За неискрениот пријател


Неискрениот пријател е човек користољубив, немил, се преправа, себичен, лицемерен и носи само лик на пријателство за да го искористи тоа. Лаже кога вели дека е пријател и го сокрива лукавството преправајќи се дека е верен. Го повикува на помош пријателот, а самиот одбива да му помогне, наоѓајќи илјада изговори. Пријател е само во успесите на пријателот, а во неуспесите се одрекува од него. Се сеќава на него кога тој е во благосостојба и се распрашува за него кога е далеку, а кога е среќен му посакува среќа, кога е здрав – здравје, кога е славен – слава и богати дарови му праќа додека е богат и прави сè за да го покаже своето пријателство; а брзо го заборава ако се случи некаква несреќа, па и не прашува за него и не се сеќава на него ниту кога се соседи. Го избегнува и колне, му префрла за глупавоста во неуспехот, кога е болен го заборава и не му ни приоѓа кога е несреќен, се одвраќа од него ако е жалосен, кога е понижен го презира, кога е осиромашен се трга од него, кога е во оскудица – не му помага и кога умира – не го жали. Таков е неискрениот пријател.

За лукавиот, лош и подмукол пријател

Лукавиот пријател е некорисен и опасен човек. Тој во својата душа нема ништо здраво, во неа нема ништо свето и ништо честито, безверен е, превртлив, лукав и подмукол. Не знае за искреност, а на јазикот носи лукавство и лага. Мисли лукаво, а во срцето свое чувствува подлост. Неговите зборови се благи, а намерите превртливи. Со зборови покажува пријателство, а тајно прави сплетки против својот верен пријател. За пријателот раширува лоши приказни и светилката на лукавството ја пали со зло. Гледа во далечина и мисли на гадости, додека со устата мрмори погани нешта. Тој е извор за покор на својот пријател. Пред очите на пријателот устата му е слатка и со зборови ќе му искаже похвала, додека подоцна не ги промени приказните и своите зборови со цел многумина да соблазни.

Пријателството на злиот човек е пострашно од непријателство, бидејќи од тоа можеш да се сочуваш, а од ова – не. Лукавиот пријател е ненаситен, ниту целиот пријател да го изеде, не би се наситил. Бесрамен е, бидејќи додека прави пакости и го поткопува домот на оној кој е сигурен во неговото пријателство, не му е срам на усните да го носи чесното име на пријателството и да се претставува како пријател пред оној кого страсно го мрази. Неблагоутробен е, бидејќи утробата на лукавиот пријател не се трогнува. Она што е ’рѓата за железото, тоа е за пријателот пријателството на оној што мрази, бидејќи тоа го јаде не мртвиот, туку живиот пријател.

Извор: ВРЛИНЕ ОСЕЋАЈНОГ ДЕЛА ДУШЕ – Св. Нектарије Егински

Преземено од: Маран Ата



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная