Силата на трпението
(08.08.2012)
Трпи, сѐ истрпи! Секоја тага, секое бреме, навреда, клевета и најмногу плаши се од очајот. Тоа е најтежок грев.
Постојат два пата. Едниот е патот на самоосудувањето и кроткоста, а другиот е патот на самооправдувањето и тагата. Првиот е вистинскиот пат на духовната тага и покајанието, кој води кон спасение и кроткост. Другиот е патот на гордоста и самооправдувањето. Во вториот случај никој не може да ти помогне – ни моите молитви, ни небесните ангели, туку само Божјата милост; а да не е тоа, те очекува пропаст!
Без оглед на искушението или човековиот пад, мора да се стане, да не се тагува и да се почне од почеток. Неопходен е подвиг и труд. Потребна е невидена борба. Само мажествената борба ќе биде овенчана. Мора да постои борба, тага со искрено покајание и цврста надеж.
Наоружи се, започни ја борбата и Господ ќе ти даде сѐ останато.
Еден брат паднал во гревот на блудот, после кој горко плачел и од срце се покајал. Тоа се повторило седум пати. Тој се каел и борел, не си дозволувал да падне во очај и гревот му бил простен. На неговиот Старец му било откриено дека заради покајанието овој брат ќе биде овенчан со небесни венци.
Затоа, над сѐ чувај го мирот во срцето. Предади Му сѐ на Господ, целосно предади Му се. Тој е сѐ и сѐ е поради Него.
Извор:МПЦ-ОА
Јеро-схи-монах Михаил II Влаамски (+1962)