логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Здравјето во светоотечкото учење се смета за најголем Божји дар. Освен тоа, физичката (телесната) среќа на подвижниците никогаш не им била основна цел, туку само им служела како средство со помош на кое пловеле по животното море до спасението.
Секогаш се посветувало поголемо внимание на здравјето на душата, а не на телото. „Каква е користа да имаш здраво тело, а душата да ти е болна и немоќна“-пишувал Св.Тихон Зидонски.
Ако на душата и е предодреден вечен живот, а телото е минливо и распадливо, тогаш потполно е разбирлива причината за таквиот однос спрема неа.


Меѓутоа, телото отсекогаш се нарекувало уште и храм на душата, па затоа и содржината на храмот мора да биде соодветна.
Во темелните моменти на вистински здрав живот Светите Отци ги вбројувале: мера во се, душевен мир, умерена и разумна исхрана со соодветни ограничувања (постење), доблесен живот со молитва, вера и љубов према Бог и према ближните, физичка работа.
Современата медицина советува секој ден да трошиме толку и толку белковини, јаглени хидрати, масти, витамини, и многу луѓе кои се претерано загрижени за своето физичко здравје, скоро со аптекарска вага го мерат и се обидуваат да го контролираат својот оброк, за точно да се придржуваат до сите научни препораки. А во пракса и понатаму постојат болести, непредвидени пореметувања на здравјето, иако би се рекло луѓето точно се придржуваат на се.
А древните христијански подвижници, судејќи според многубројните извори, воопшто не се хранеле по научни рецепти, јаделе проста храна (леб, вода, овошје, зеленчук) и тоа понекогаш, не секој ден, па сепак живееле долго, задржувајќи ја гипкоста на телото и бистрината на умот. Помалку постоеле и сите можни заболувања.


На пример, еден од основачите на древното монаштво Св.Павле Тивејски, подвижник и пустиник, со исклучително скромна трпеза (малку леб, урми и изворска вода) доживеал 113 години. Друг отец на монаштвото Св.Антоние, кој што уште додека живеел бил наречен Велики, се упокоил во 105тата година според сведоштвото на современицитте-„сочувувајќи го до последниот ден остриот вид, не изгубил ниеден заб и бил потполно здрав. Здрави му биле и рацете и нозете. Соеден збор изгледал пободар и појак од секој кој што користи разновидни јадења, купки и различни јадења.“ Кога воочи на својата смрт се појавил пред луѓето, доаѓајќи во Александрија за да го разобличи ересот, неговиот изглед сите крајно ги изненадил: „Неговото тело го зачувало некогашниот изглед, не се здебелил поради недостаток на движење, ниту се исушило од постењето и борбите против  демоните, Антоние бил ист онаков каков што го познавале пред да стане пустиник. Во неговата душа била истата онаа чистота на темпераментот, не бил нажален, не дошол во состојба на восхитување од задоволство, ниту се предал на смеење, ниту на тага, не се збунил гледајќи ја толпата од народ, ниту се израдувал кога сите почнале да го поздравуваат, туку останал непоматен и невознемирен, затоа што со него управувал разумот и ништо не можело да го смети.“
Постојат и други бројни примери кои докажуваат дека човекот навистина „не живее само од леб“ и дека постојат други енергетски извори (кои не потекнуваат од храната) кои го хранат организмот. Тоа особено јасно се гледа таму каде што е присутен духовниот живот. Овдека победата на духот над телото е очигледна.


Светоотечкото учење многу високо го цени, по прашањето на здравиот живот, значењето на физичката работа, меѓутоа истакнува дека таа работа мора да биде духовна (одуховена), сразмерна на човековите можности, а не страсна, опседната, егоистична и користољубива. „Со пот од лицето свое ќе јадеш леб“- се кажува во Светото Писмо (Битие 3:19). Тоа значи дека ние постојано мора да вложуваме големи, не секако сразмерни на својата сила, напори за да си обезбедиме себеси се што ни е неопоходно. Меѓутоа, недуховната работа го упатува човекот на патеката на извлекување на корист од резултатие од работата, или пак станува формален во случаевите на присилна работа, а во сите случаеви доаѓа до прекин на духовното единство со Творецот.
Епидемијата на ѕидање на викендици во последните години во Русија во голема мера пројави недуховен страстен порив, што на очајание, што на лесна заработка или лагодност, или е проследено со грди последици и многу пореметувања (иако во основа на сето тоа имало и добри цели: да се надмине оттуѓеноста на човекот од земјата, да се реши проблемот со исхраната во земјата итн.)
Бројни помодни системи на лечење периодично од година во година избиваат со нова снага, понекогаш стекнуваат масовен епидемиски карактер и залажуваат доста голем број на оние кои што сакаат ефикасно да влијаат на своето здравје или да се излекуваат.
Тука се и сите можни диети, методи на гладување, употреба на јаболков оцет, цицање на маслото од сончогледот, мирисање на валеријанов корен, употреба на сопствената мокрача (уринотерапија), проникнати житарици итн.


Некои системи на лечење кои се пропагираат се доста сурови и имаат аскетски карактер, понекогаш имаат духовен карактер, философски правец кој што е сообразен на природата (системот на „учителот“ Иванов), меѓутоа, никогаш не се издигнуваат на ниво на вистинско сфаќање на Божествената промисла, затоа што се ограничени во својата човечка неукост, а и го запоставуваат главниот и темелен принцип на лечење-тежнеење кон Творецот и живеење во Христос.

 
„Имаш Лекар Кој е над болеста,
Имаш Лекар Кој ја победува силата на болеста;
Имаш Лекар Кој што лечи со едно движење на раката;
Имаш Лекар Кој што исцелува со една одлука,
Кој може и сака да лечи,“

напишал Св.Јован Златоуст.
По прашањата за лечење светоотечккото учење исклучително точно го следи Светото Писмо, каде за оваа тематика постојат многу исклучително вредни податоци. Да се осврнеме на некои од нив, кои што авторот ги избра заради тоа што се погодни и очигледно е нивното излагање во вид на заповеди за здравиот начин на живот.


Светото Писмо за здравиот начин на живот
1.  Секое огорчение и јарост, гнев, викање и хулење нека бидат подалеку од вас заедно со секоја друга злоба. (Ефес. 4:31) Гневете се но не грешете: сонцето да не зајде во гневот ваш (Ефес. 4:26). Зависта и гневот животот го скратуваат: грижите носат предвремена старост (Сир. 30:26).
2. Внимавајте на себе (Лука 17:3). Никаков лош збор  да не излезе од устата ваша, туку само добар, за издигање каде што треба, за да им принесе благодат на оние што слушаат (Ефес. 4:29). И вие само како живи камења, изградувајте од себе духовен дом (1. Петар 2:5). Затоа умртвете ги своите земни членови, односно пороците: блудството, нечистотата, сласта, лошата желба, лакомството, кое е идолопоклонство (Кол. 3:5).
3. Гледајте и пазете се од лакомството, оти животот на човека не зависи од изобилието на неговиот имот (Лк. 12:15). Оти каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја и напакости? (Мк. 8:36).
4. Бракот на сите треба да е чесен, и брачното легло-чисто (Евр. 13:4). А Бог што составил, човек да не разделува (Мт. 19:6).
5. Не покажувај јунаштина во виното; многумина виното погубило (Сир. 31:29). Виното донесува жалост за душата кога многу се пие (Сир. 31:34). Ниту крадците, ни користољубците, ни пијаниците, ниту хулниците, ни грабачите нема да го наследат царството Божјо (1 Кор. 6:10).
6. Тешко е за оној човек, кој јадејќи се соблазнува (Рим. 14:20). Јади како човек што ти е принесено; не прејадувај се (Сир. 31:18). Добар сон има кој умерено јаде (Сир. 31:22).
7. И се што правите, правете го од душата, како за Господа, а не за луѓе (Кол. 3:23). И усрдно да се грижите да живеете тихо, да си ја гледате работата и да работите со сопствени свои раце (1 Сол. 4:11). Кој не сака да работи, нека и не јаде (2 Сол. 3:10). Не бегај од тешка работа; не бегај ни од земјоделскиот труд; тој е заповедан од Севишниот (Сир. 10:15).
8. Набљудувај го времето и пази се од злото (Сир. 4:23). Ползувајте го времето, зашто дните се лукави (Еф. 5:16). И така немојте да се грижите за утре, зашто утрешниот ден ќе се грижи за своето; на секој ден доста му е неговото зло (Мт. 6:34).
9. Ако е можно, доколку тоа зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе (Рим. 12:18). Грижете се да имате мир со сите и светост (Евр. 12:14).Бидете свети како што Јас сум свет (Лев. 11:4).
10. Не барај го она што е преголемо и претешко за тебе; не истражувај го она што е над твоите сили (Сир. 3:21). При многу твои занимања не грижи се за она што ти е непотребно (Сир. 3:23). Не впуштајте се во разни туѓи учења (Евр. 13:9).
11. Примај со радост се што и да ти се случи (Сир. 2:4). Благодарете за се (1 Сол. 5:18). Не позволувај злото да те победи, туку победи го злото со добро (Рим. 12:21).
12. А понатаму браќа мои, на она што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба, само на тоа мислете (Фил. 4:8). Нека ви биде според верата ваша! (Мт. 9:29)


 ТЕРАПИЈА НА ДУШАТА
 Светоотечка психотерапија

   Подготви: Светлана Димовска

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная