логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Korica.Detetovosvetotnatv.jpg

ВОСПИТУВАЊЕ НА ЧУВСТВАТА

Говорејќи за сретствата со кои можат да се заштитат чувствата на детето од штетните влијанија, како прва, се наметнува природата. Природата е одличен „противотров" за влијанијата „на машинизираната и компјутеризираната цивилизација" што ги труе телото и душата.
Со убавите впечатоци што остануваат при општењето со природата може да се храни и детската душа. Во текот на прошетката, мајката ќе му го сврти вниманието на малиот на смената на годишните времиња што се случува според Божја промисла. Таа ќе му покаже како наесен паѓаат лисјата во паркот, како во зима снегот ја покрива земјата, како во пролет радосно се препородува паркот. Совршенството на обликот и чистата белина на снегулките, силата на желбата за живот на пролетната тревичка или пупка и многу, многу нешто, со што е толку богата живата природа - се може да го радува и да го воспитува детето, учејќи го во созданието да го запознае Создателот. Реката што мирно тече, бистрото поточе, облаците и ѕвездите на небото, плодно¬ста на земјата... Животот на инсектите, на птиците...
Набљудувањето на животот на природата, природните науки, не само што не се грешни, туку претставуваат благочестива и полезна работа. Многу свети подвижници (на пример, св. Теофан Затворник) им препорачувале на световните лица, на своите деца, наместо романи, да им даваат книги од познавање на природата како поучни и како поттикнувачки во поглед на трепетното почитување на Создателот.
Природата содава расположение за високи духовни мисли. Свети Игнатиј има многу убави размислувања на таа тема - „Бавча во зимско време“, каде што тој природата ја нарекува книга „што е дадена заради читање на првосоздадениот Адам“, „што во себе ги содржи зборовите на Духот, слично на Божјото Писмо“. Значи, со набљудување на зимската бавча може да се проучи „учењето за воскресението на мртвите“, само ако човекот умее да набљудува...
Родителите - посебно на децата во предучилишна возраст - и покрај сета своја зафатеност, не треба да штедат сила и време да се шетаат со нив. Да не зборуваме за можноста „малку да се вдише воздух“; прошетката е најубавото дружење во пријатна и интересна атмосфера.
Возраста до 7 години е златното доба за воспитување на душата, кога детето е уште отворено за возрасните и кога со посебна леснотија ги прифаќа и им верува на нивните зборови. Часо¬вите на животот што ќе се научат со тие прошетки, според некое правило, остануваат во сеќавање за цел живот.
Значајно е и тоа дека детето преку општење со природата се учи да ја запознава и да ја сака својата татковина.
Пред нашите очи се одигрува некој вид присилна американизација и западначување на нашиот живот - на општествено и на секојдневно ниво. Денешните деца почнуваат да се срамат од тоа што се припадници на својот православен народ, а на Западот гледаат со завист.
Православните родители често не му придаваат потребно значење на тој проблем, сметајќи дека патриотското воспитување претставува надминат остаток на советската епоха. Ама, тоа не е така. Светиот праведник Јован Кронштатски, на кого Русија му била во душата, тогаш разбранувана со немири, на една проповед во 1907 година рекол: „Не заборавајте дека земната татковина со својата Црква претставува предворје на небесната татковина. Затоа сакајте ја со сето срце и бидете спремни својата душа да ја дадете за неа за да наследите таму вечен живот“.
Како да му се всади на малото дете љубов кон земната татковина? Преку љубовта кон православната Црква, родната природа, националната историја. Може да се започне од малите работи.
Познато е дека детето сака да си игра. Тоа, како што сметаат специјалистите по педагогија, преку играта го запознава светот и се ослободува од емоционалната напнатост. Изјаснувајќи се против компјутерските игри, психолозите, лекарите, свештениците, немаат ништо против самата игра како игра - тие се против таквата игра што го уништува здравјето на детето и што негативно влијае врз неговиот интелект и психата. На детето, навистина му се потребни игри, ама подвижни игри на воздух: „криенка“, „наттрчувања“, итн... И добри, поучни играчки што го развиваат создавачкиот дух и осмислениот однос кон животот.
Играчките последните години многу се изменети, тоа го забележуваат сите родители. Куклите постанале подруги: наместо кукла - „ќерка“, кукла во облик на мало дете, на девојчето му се нуди „Барбика“, кукла во вид на зрела, формирана жена - заводничка, со нагласени облини, со комплет козметика, со модерна облека... Мајките со трепет забележуваат дека преку ликот на Барбика, Синдика и други кукли се нуди одреден пример за имитирање.
Омилени играчки на машките деца секогаш биле - автомобилчиња и војници. Ама денешните машки деца повеќе си играат со американски играчки, како што се: „супер-мен“, „екши-мен“, „хи-мен“, „банана-мен“, „трансформерси“, „моќни ренџери“..., а тоа се се јунаци на истоимените цртани филмови.
Некои од нив се застрашувачки до таа мерка (шлем со рогови, рака клешта, крволочен израз на лицата...) што на амбалажата е напишано предупредувањето: „За деца над 5 години“.
Многу е важно ео какви играчки си играат нашите деца, бидејќи играчките го исполнуваат нивниот внатрешен свет. Свештеникот Артемиј Владимиров, во еден разговор со родителите и со децата, вели: „Покажи ми ги, дете, своите играчки, кажи кои од нив ти ги нарекуваш свои пријатели и од тоа многу ќе дознаам за твојата иднина. Ако меѓу твоите пријатели се лошите, полудени, агресивни, американски „нинџа-желки“ - тоа е едно, ако се тоа смели гусари, пешаци, коњаници на бели коњи - тоа е друго“. Како што се покажало, играчките, исто така, го учат детето да ја сака својата татковина.
Природно, лесно е да се примети дека „нинџа-желките“ и сличните созданија на нив се продаваат во секој киоск, на секое ќоше, додека малите руски војници - пробај да ги најдеш... Затоа, тоа ќе биде повод детето да се заинтересира за приказната за подвизите на православната војска, за храброста и великодушноста на рускиот војник, за големиот војсководител и вистински црковен човек - А.В. Суворов...
Читањето на книги од нашата историја - за животот и секојдневието на нашите благочестиви предци, за побожните руски цареви, за јунаците и православните подвижници - кај детето може да ја разгори љубовта кон татковината (на прво место, се подразбира, ќе бидат житијата на руските светии, подвижници на благочестието).
Многу добро, како што тоа го покажува искуството на поедини родители, децата ги доживуваат таквите книги, како што се: „Лето Господово“, „Поклоништво“ и „Мојата прва исповед“ од И. Шмељов.
Така, детето постојано ќе создава слика за вистинската, живата татковина. Таа претстава во одреден момент може да се покаже како противотров за зависта, што нашите деца ја чувствуваат кон „убавиот живот“, според западните примери на богат и удобен „филмски“ живот.
Добар противотров за баналноста на западначената „масовна култура" (на истите тие „ТВ-сапуници“, „хоророт“, акционите филмови и музичките шоу-програми), за погубната рок-култура за нашите деца, може да постане вистинска возвишена уметност и култура.
Не зборуваме само за црковната уметност. Природно, многу е добро ако детето, од рана возраст, како доенче, слуша црковни и духовни пеења, гледа само ликови на светии и ако му се чита само христијанска литература („Житија на светиите“, верско-поучни книги...). Забележано е дека таквото помало воспитување, посебно ако се наметнува како некаков „стерилен морализам“, може, со време, да се изроди во сопствена спротивност, бидејќи контрастот на строгата христијанска атмосфера во која живее детето во семејството, од една, и светот што го опкружува (училиштата, пријателите, јавниот живот), од друга страна, ќе се покаже како многу голем и неподнослив за детето. Откако ќе доспее во училишна или во дворишна средина и откако ќе се осети како бела врана меѓу учениците, детето ќе се чувствува повредено и ќе се побуни против родителите, па и против Црквата...
Надвор од сомнеж, детето треба да се запознава со најдобрите примероци на световната уметност, со нивна помош кај него да се воспита вкусот за убавото, за доброто и за вистинското, за вистинската културна вредност. За душевната полза од таквата уметност, во одредена фаза на формирање на личноста, говореле оптинските старци.
Ако говориме за читање книги на детето, тоа нека не бидат само Пушкиновите „Бајки" и „Руменото цветче" на Аксаковлев. Колку многу вредност и убавина има во руската поезија од XIX век, што е пристапна на детското доживување и што е погодна за учење напамет! Детето нека се навикне на звукот на класичниот руски стих, нека се научи да ја сфаќа поетската слика. А колку интересни теми за разговори со децата ќе даде поезијата и добрата литература!
Среќни се децата во оние семејства каде што постои обичај на собирање и на заедничко читање наглас, на разни добри книги. Тоа што возрасните ќе го потрошат времето за тоа, потполно се исплатува заради огромната полза за детето и за целото семејство. За такво читање се погодни многу дела од класичната светска литература. На пример, во руското царско семејство за заедничко четиво не е одбирано само Светото Писмо. Се читал и Дикенс, и Валтер Скот, и Тургењев...
Слики на библиска и на историска тема, пејсажи, жанровски платна - за нив може да се расправа со децата не само во музеите, туку и гледајќи монографии за познатите сликари, вајари и архитекти.
Најважно од се е - класичната музика. На неа треба да се навикнува детето од првите години на животот. Тогаш, и понатаму, таа ќе постане најдобар противотров за поп и за рок-музиката. Момчињата кои одат во музичко училиште, по правило, многу рамнодушно гледаат на разни „хеви-метали“, „панк-рокови“ и на останати производи од современата поп-култура и тешко дека тоа ќе ги поднесе. Единствено тоа може да се случи во знак на протест, ако родителите бидат премногу нападни во наметнување на „класичното“ воспитување на детето.
Би сакале да им дадеме совет на сите родители, децата од најрана возраст да ги учат на музика: или да свират на некој инструмент, или да пеат во хор. Детски хорови сега постојат при многу училишта за веронаука. А вистинското музичко образование и одењето во музичко училиште ги имаат уште и тие предности што го преокупираат детето на подолго време, спасувајќи го од штетното безделничење. Ученикот на музичкото училиште не води многу грижа за компјутерските игри, тој, освен учење и забава, уште мора да оди и „на клавир“ и дополнително да вежба дома. Воведувањето во светот на вистинската уметност ќе го направи детето и поизбирливо во поглед на гледање на телевизиската и на филмската продукција.
Сепак, што да се прави со телевизорот и со компјутерот?
Оф, мора да се тргне од тој факт дека телевизијата веќе навлегла во животот на современото дете. Да се нема во семејството телевизор - значи: премногу да се разликува од општо-прифатениот стандард. Во која мерка родителите се подготвени за тоа? И дали тие сфаќаат дека на тој начин нивните деца се во подредена положба во однос на врсниците? Дали родителите можат да се помират со тоа? Или таквиот пат, сепак, можеби, е само за најцврстите и за најрамноте-жните христијански деца?
Во секој случај, сите родители треба да настојуваат да го сведат „дружењето“ на детето со телевизорот на минимум, (со цел на зачувување на телесното здравје) и да го направат строго селективен (заради зачувување на душевното здравје на детето).
Забележано е дека децата и самите им даваат предност на другите поинтересни дејства, што бараат време, активност, енергија, кога имаат со такво нешто да се занимаваат, во однос на пасивното гледање телевизија, Затоа на родителите на деца во предучилишна возраст не треба да им биде тешко да си играат со нив.
Подоцна, во прв план, ќе излезе друга задача - разумен избор на телевизиски емисии. Гледањето телевизија, ако се земе во обѕир штетноста што таа ја има за здравјето на детето со зрачењето, треба да биде што посообразна со целта.
За да се подаде рака и да се вклучи телевизорот, не е потребен голем напор. Ама зошто човекот (возрасниот или детето) го прави тоа? Еве што е важно. Махинално, според навика? Од досада? За да се „исклучи“ да се заборави на се пред екранот? За да создаде амбиент за некоја друга работа?... Не, таквите причини родителите не можат да ги сметаат за прифатливи и треба одлучно, со родителска власт и со авторитет да ги отфрлаат.
Зарем нема полезни телевизиски емисии? Училишни програми што го развиваат интелектот, кои го стимулираат сознанието и самостојното размислување?... Научно - популарните емисии од историја, од уметност, од природни науки, не само дека нема да му нанесат штета на адолесцентот, туку ќе му донесат одредена полза.
Истото може да се каже и за поедини уметнички филмови и, природно, за православните ТВ и радио-програми што се појавија последните години. Само што тие емисии треба да ги избираат родителите и тоа треба да го прават според строги критериуми, природно, во склад со конкретните склоности на детето и на неговиот интерес.
Така, во едно православно семејство, таткото и ќерката во неделните вечери ја отвораат програмата на телевизиските емисии за цела седмица и, приготвувајќи го фломастерот, ги избираат оние што ќе ги гледаат. Ако се воспостави дека ги има премногу, тогаш се прави уште построга селекција, со обѕир на утврдениот временски „лимит“. Можеби и на другите ќе им послужи ова искуство како пример?
Многу е важно телевизорот во домот да се вклучува само за да се погледа нешто конкретно, а не да се потроши времето покрај него. Да се изгледа нешто - и веднаш да се исклучи телевизорот, не дозволувајќи да ве повлече и следната емисија да ја гледате по инерција. Тоа всушност е најважно.
Мудрите родители умеат и телевизорот да го стават во служба на семејството. Кај нив тој не е „неговото величество телевизорот“, туку тој е покорен помошник. Визуелното доживување е најинтензивно и како такво најдобро останува во сеќавање. Јазикот на сликите на филмската уметност е приемлив за детската душа. Заради тоа е значајно - што се изговара на тој „јазик“.
Можеме само да додадеме дека родителската забрана (ако детето многу сака нешто да гледа, а родителите знаат дека тоа никако не смее), мора да биде правилно образложена - барем со тоа што е речено за телевизорот во нашата книга. Забраните не смеат да бидат неми и беспричински. Во секој случај, задача на родителите е на пристапен начин да му објаснат на навреденото дете, дека ништо не поминува без трага за душата и со совет да му помогнат, детето да научи да го разликува лошото од доброто, убавото и грдото и вистинското од лажното.
Не треба страотно „да се бега“ од компјутерот и однапред да се анатемисува. Овде би можело да се препорача истото како во случајот на телевизорот: строго временско ограничување на работа со него и разумен пристап. Во време на сеопшта компјутеризација на сите дејности, кога компјутери постојат дури и во православните манастири, да се држи детето во вештачка изолација од нив - значи: да се компликува за него понатамошниот живот, образованието, и, можно е, и професионалната активност.
Дали тогаш треба детето да го отпишуваме од училиште само затоа што во него се отвора компјутерско одделение? Природно дека не треба, бидејќи тоа би бил неправославен, секташки фанатизам што страотно се плаши од се што е световно и современо.
Откако ќе добие пристап на компјутерот, да не се преокупира со хазардни игри, за тоа се родителите, кои треба авторитетно да го објаснат што е што. Дека компјутерот не е играчка, туку апарат за полезна дејност и дека треба да се ползува за добробит, а не за штета на човекот.

 

(Продолжува)

Korica.Detetovosvetotnatv.jpg

Прот. Александар Дубњин - ДЕТЕТО ВО СВЕТОТО НА ТЕЛЕВИЗИЈАТА И НА КОМПЈУТЕРИТЕ

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство
Господин Тимотеј
Православен Митрополит Дебарско - Кичевски и Плаошко – Струшки

Издавач: Издавачка установа „Канео“- Охрид, 2004

Друго:

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3126
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7599
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/11/2024 - сабота

Св. свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски ; +Св. великомаченик Георгиј – Ѓурѓиц; Преподобен Илија Египетски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Страдалници Господови, блажена  е земјата, која се напои од вашата крв,  и свети се населбите кои ги примија телата ваши. На боиштето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная